Алпи 2008 : Словенија, Швајцарија и Франција - лето 2008
Хронологија на настаните
08.08.2008 На 07.08.2008 година 35 планинари се искачија на врвот Брајтхорн (4175m) во Швајцарија. Од Цермат (1600m) - познат ски центар со жичарница до Мал Матерхорн (3800m), потоа 90 минути пешачење кон врвот без дерези. Сите таму ставаат дерези и формираат навези. Пред самиот врв на најтешкиот дел од успонот наеднаш се менува времето, се спушта магла, дува јак ветар и врне снег. Но планинарите се упорни и го искачуваат врвот. Врачањето се одвиваше по истата патека надолу. Денес - 08.08.2008 се во Шамони каде што ги вршат последните подготовки за искачување на третот и најзначаен врв - Мон Блан, што се надеваме дека ќе се случи на 10.08.2008 во раните утрински часови.
06.08.2008 На 05.08.2008 година планианрите тргнаа кон Камишко седло (1903m), потоа преку Турска Гора (2250m), па преку гребенот кон Скута (2533m) и оттаму преку Млинарско седло на Гринтaвец (2558m). Патеката е многу захтевна, со безброј клинови и сајли, по стрм и карпест терен. До Скута стигнуваат сите 32 планинари, а на Гринтавец се качуваат 11. Потоа преку Кокрско седло се враќаат кон Камнишка Бистрица. Временските услови се многу променливи: сонце, магла, и многу дожд. Почетокот на искачувањето било во 07:00, а во автобусот се прибираат околу 23:00 часот.
04.08.2008 Синоќа во 21:00 часот меѓународна планинарска екипа составена од 54 планинари и планинарки од Белград тргнаа во нов поход на искачување на нови врвови во Словенија, Швајцарија и Франција.
Организатор на експедицијата "Алпи 2008"
е П.Д: "Победа" од Белград со водач Миланка Арсиќ.
Нашата држава ја застапуваат 13 планинари, членови на П.Д. "Макпетрол". Останатиот состав се 34 планинари од Србија, 3 од БиХ, 1 од Словенија, 2 од Црна Гора и 1 од Бугарија.
Првата дестинација им е врвот Гринтовец ( 2550m) на Камнишки Алпи во Словенија.
Следен врв за искачување е Брајтхорн (4175m) во Швајцарија.
Шлаг на тортата ќе биде искачување на највисокиот врв во Западна Европа - Мон Блан (4807m).
Во идните денови ќе ги објавуваме сите информациии за експедицијата веднаш штом ги добиеме од водичот или од нашите членови.
|