Планинарско друштво "Макпетрол" > Макпетрол Home 
         Почетна страна
         Акции
         Историја
         Архива
         Галерија
         Записи од акции
         Контакт
 

Кораб - септември 2005

На 04 септември.2005 година планинарите од ПСК Макпетрол учествуваа на 14-то традиционално искачување на највисокиот врв во Македонија - Голем Кораб (2754m). На овој меѓународен настан учествуваа околу 100 планинари од 17 држави од светот.

Од нашето планинарско друштво учествуваа следните планинари: Марин Стојановски, Трајче Панковски, Никола Доновски Влатко Ивановски и Влатко Трајчевски. Сите успешно се искачија на врвот.

Времето беше најчесто облачно иако повремено имаше кратки сончеви периоди. На врвот по малку подолго задржување стануваше ладно, па голем број планинари ставија ракавици, капи, јакни.

Времиња на минување (Трајче Панковски)
- 08:35 - 09:00 - од автобусите до караула Стрезимир
- 09:10 - старт од караулата
- 09:40 - бачило
- 10:17 - сртот со црвени камења
- 10:47 - изворче пред искачување кон Мал Кораб
- 11:18 - почеток на спуштање кон котлината под врвот (Кобилино поле)
- 11:38 - подножје под врвот (околу 2300m)
- 12:00 - врв Голем Кораб (2754m)

Вкупно време на искачување од караула до врв - 2 часа и 50 минути - со 5 минути одмор кај бачилото.


Поголема слика.

Колоната се искачува

Поголема слика.

На пат кон врвот - Делчо, Драги, Николче, Буран, Трајче, Сашко

Поголема слика.

На врвот - Николчо, Трајче, Буран

Поголема слика.

На врвот групата од Кочани: Боки Мацано, Кире, Анче, Коле, малиот Боки, Ванчо Прошев, Благојчо Дикси, Методи, Сашко

Поголема слика.

На врвот - Сашко, Ана, Николчо.

Поголема слика.

На врвот - поголема група планинари.


Поголема слика.

На пострмните делови од патеката.

Поголема слика.

Карта на патеката

Поголема слика.

Профил на патеката


© Copyright 2004 - 2007 Makpetrol A.D. Skopje