Биодизел гориво, што, според својот состав, претставува смеса од 8% волуменски (FAME) Биодизел Б100 гориво и 92% волуменски Еуродизел БС гориво.
Квалитетот на (FAME) Биодизел Б100 горивото, што влегува во состав на оваа смеса, е во согласност со најновиот европски стандард за квалитет на автомобилско биогориво (FAME) МКС ЕН 14214, додека Еуродизел БС горивото е во согласност со најновиот европски стандард за квалитет на дизел гориво МКС ЕН 590, а самата смеса ги задоволува максимално дозволените содржини штетни материи во издувните гасови при согорување т.н. EURO V емисиони норми.
Придобивките на потрошувачите од овој вид гориво се: подобрената мазивност на горивото и заштита на моторот и системите за довод на гориво од абење и механички оштетувања, полесно согорување, намалена емисија штетни гасови. Квалитетот на овој вид гориво во целост ги задоволува барањата на современите возила опремени со најсофистицирани мотори и уреди за прочистување на издувните гасови – каталитички конвертори. |