 Биогоривата, како горива од обновливи извори, се единствена алтернатива во сообраќајот на глобално ниво, што во големи размери може да ги заменат фосилните горива и значително да ги ублажат негативните последиците од нив. За биогоривата постои докажана и засега единствена технологија, што овозможува директна примена во возилата без модификација на моторот.
Биогоривата се произведуваат од биомаса, пред сe, од растително потекло. Моментално, во светот најактуелни се три вида биогорива: биодизел, биоетанол и биогас.
Биогоривата остваруваат:
Намалена емисија на издувните гасови: јаглерод моноксид (CO), јаглерод диоксид (CO2), јаглеводороди (HC), азотни оксиди (NOx), сулфур диоксид (SО2), честички (PM);
Емисијата на СО2 е значително пониска (од 30 - 100%), во зависност од суровината и технологијата на производство.
Употребата на биогорива во транспортот дополнително значи:
Намалена зависност од увоз на сурова нафта;
Поголема разнообразност во снабдувањето со транспортни горива;
Можност за локално производство на суровини за биогорива, а со тоа и можност за ревитализација на руралните средини и ангажирање домашна работна сила.
Првиот чекор Компанијата го направи со позиционирањето на биодизелот на пазарот на течни горива за транспорт, со визија да воспостави нова, биоенергетска платформа со стандарди што се однесуваат на производството, дистрибуцијата и квалитетот на биогоривата. |