Honda постојано го следи трендовскиот развој на мотоцикли во светски размери, со цел да ги задоволи различните вкусови и потреби. Една од категориите на мотоцикли кои што во наредните неколку години ќе се развива со неверојатно темпо на развој, посебно во Европа е така наречената класа на мотоцикли: "Super Motard". Водени од идејата да конструираат мотоцикли кои ќе бидат лесни(со мала тежина), со добра контрола при возење, економични и кои ќе отстапуваат од вообичаениот дизајн во тимот на Honda ја конструираа новата генерација на мотоцикли наречени FMX.
Новиот модел на мотоцикл FMX650 за 2005 ги задржува основните принципи на развој за овој тип на мотоцикли и тоа: груб на изглед, лесен за возење и економичен е сигрниот билет за добра забава со овој тип на мотоцикли. Под поимот "Fun Moto" со кој што се изразува чувствотото за мотоцикли кои ќе импресираат со својата големина, моќ и секогаш ќе бидат лесни за управување лесно комбинирајќи ги уличните перформанси со основните квалитети на Honda го имаме новиот модел на FMX650 za 2005 година.