|
Оваа година се навршуваат 30 години од појавата на првата генерација луксузни туристички мотоцикли, поточно речено од појавата на првиот Gold Wing мотоцикл.
Неспоредлив мотоцикл, конструиран во САД, кој долги години поставува нови стандарди во класата на туристичките мотоцикли.
Невозможно е да се пронајде мотоцикл со кој би можел да се спореди по удобноста, носивоста, просторот, економичноста, а сето тоа предвидено за долги патувања.
Со своите 6 цилиндри Gold Wing овозможува вистинско уживање во возењето а неговиот алуминумски оквир, амортизери со можност за подесување, електробрзина за возење назад со звучен сигнал, се надополнување на ова уживање.
Gold Wing е опремен со RDS радио систем и интерна комуникација со возачот и сувозачот со многу додатни можности.Вклучувајќи го сето ова Gold Wing овозможува висока брзина со потполна сигурност и секако потполно чуство на уживање.
Се разбира ова е мотоцикл за двајца .......
• Download на брошура (.pdf на англиски јазик)
|