Модели   Продажен салон   Услови за плаќање   Контакт 
Мотоцикли   Honda Europe 
  FR-V
  Jazz
  Civic 5 врати - Ново
  Civic 4 врати
  HR-V
  CR-V
  Stream
  Accord
  S2000
  
  Видео клипови
  Игри

Honda Jazz 1.4i LS - 5 врати

 Инфо.   Тех. карактеристики    Опрема   Цена   Галерија 


Во овој пренаселен свет потребно ви е место во кое можете да ги остварите своите сништа.

Повеќе место за убавите нешта во животот. Кој не би го посакал тоа?

Просторот е нешто навистина вредно. Во HONDA JAZZ има повеќе простор отколку што можете да си претпоставите. Има толку место за опуштање што може да се чувствувате слободни.

На прв поглед Honda Jazz е сосема мал автомобил, но неговата внатрешност нуди доволно простор за вас и за вашите големи сништа.

Дизајнерите на Honda постигнале динамичен изглед на Jazz со краткиот преден дел и мноштвото стаклени површини. Неговата форма ги задоволува највисоките критериуми на аеродинамичност: дизајнот на бочните прозори не само што дава елегантен изглед, туку ја зголемува и прегледноста.

Рамното подвозје овозможува длабок под, а истовремено и поголема пространост. Надворешниот изглед крие просторна, удобна и прегледна внатрешност.

Конструкторите во Honda ги проектирале механичките делови така да е остварена најголема можна искористеност на внатрешниот простор. Се отишло толку далеку што резервоарот за гориво е поставен на средина од шасијата.

Како резултат добиен е автомобил кој лесно се управува и паркира, а притоа нуди пространост и удобност на автомобилите од повисока класа.

HONDA JAZZ е вистинско освежување во животот на неговиот сопственик.


 


© Copyright 2005 Makpetrol A.D. Skopje