Во понеделник, 30 јуни беше отворен е 19-от по ред Светски конгрес за нафта во Мадрид. Овој водечки настан во глобалната индустрија на нафта и гас е под покровителство на Светскиот совет за нафта, а се одржува еднаш на три години.
Работата на Конгресот се одвиваше на тема - испорака на енергија за одржлив развој во услови кога светот е во транзиција бидејќи порастот на населението, енергетскиот интензитет и глобализацијата водат кон силен раст на користење на енергијата. Беа презентирани 600 стручни трудови низ повеќе форми , а овојпат посебен форум беше посветен на обновливите извори на енергија, меѓу кои и биогоривта.
Во рамките на Конгресот се одржа и Светската изложба, каде што повеќе од 250 компании за нафта и гас, меѓу кои и „Макпетрол” ги претставија своите достигнувања во оваа област. Во работата на Конгресот активно учетвуваа и 500 врвни менаџери на меѓународните корпорации, како што се Шел, БП, Роснефт, Тотал, Репсол, Статоил Хидро, како и раководни функционери од Меѓународната агенција за енергија и енергетските структури на Европската комисија.
Сите овие настани беа посетени од страна на 4000 регистрирани делегати од 100 земји од целиот свет.
Во организационата работа на Светскиот совет за нафта зеде учество и Македонскиот комитет како нејзин член.
„Олимпијадата на индустријата на нафта и гас”, како што популарно се нарекува, овој настан, траеше четири дена, од 30 јуни до 3 јули, во IFEMA Мадрид, еден од најмодерните европски конгресни центри.
|