Основната цел на „Макпетрол” А.Д. е да обезбеди квалитетно, сигурно и економично снабдување на пазарот со нафтени деривати, гас и еко горива. За реализирање на своите цели, „Макпетрол” А.Д. во своето работење првенствено се фокусира на задоволување на купувачот и на заштитата и унапредувањето на животната средина. Професионалното работење е изразено со реализирање на стратешките планови што се однесуваат на изградба на нови капацитети, осовременување на постојните капацитети, воведување нови технологии со тенденција за одржлив еколошки развој.
„Макпетрол” А.Д. тежнее кон континуирано подобрување на работните процеси, намалување на трошоците на работење, зголемување на квалитетот на услугите, остварување на еколошките цели со активно и одговорно вклучување на сите вработени.
Со квалитетот на своето работење, заштитата на животната средина и применувањето на законските прописи, Друштвото се грижи да обезбеди најдобри услуги за своите купувачи, добар стандард на своите вработени, доверба кај своите добавувачи.
„Макпетрол” А.Д. со своето работење се труди да придонесе за развојот на економијата на опшеството, во кое егзистира, и да ја заштити животната средина во која работи.
|