Одлуката да се влезе во формирање на сопствена лабораторија беше клучна во позиционирањето на „Макпетрол” А.Д. на пазарот на нафтени деривати. Од свои сопствени средства „Макпетрол” А.Д. создаде лабораториска конфигурација со современи инструменти. Врз основа на тоа се обучи соодветен стручен кадар, а потоа заедно со практичната работа се извршија и определени промени во процедурите за работата со горивата.
Анализите се изведуваат на најсовремени компјутеризирани инструменти, од страна на квалитетно и стручно обучен кадар. Резултат на сето тоа е акредитацијата на Лабораторијата според ISO EN 17 025 од Меѓународната акредиторска куќа UKAS и од Бирото за акредитација на Република Македонија како прва од овој вид во државата.
Со тоа се поставени цврсти темели за усвојување нови методи, избор на дополнителна опрема и работен простор. Во подолг рок носител на овие активности е стручниот кадар со веќе стекнато искуство во поставувањето на Лабораторијата, која низ секојдневната работа стекнува практично искуство како незаменлив начин за самостоен приод кон горивата и работа со нив.
горе  |