Почетна  Контакт  English
почетна Дејности Трговија Малопродажба Горива Метан
 
 
МетанМетанот е природен гас што се применува како моторно гориво кај возилата на бензин и на дизел гориво. Како поекономична и почиста замена за постојните горива за транспорт, погоден е како за лесните така и за тешките комерцијални возила.

Со неговата примена, по­трошувачите ги користат економските предности, а придобивките од аспект на намалување на емисијата на штетните издувни гасови ги користи и пошироката заедница.

Примената на ова гориво на глобално ниво е во постојан пораст. Во моментов, во светот околу 13 милиони возила се на погон на метан, од кои над еден милион се во Европа. Просечната годишна стапка на пораст на возилата на погон на метан во Европа во изминативе години изнесува 14%.

Се очекува во 2015 година бројот на возила на погон на метан во светот да порасне над 25 милиони.

ПРЕДНОСТИ НА МЕТАНОТ

Двата силни фактори што ја наложуваат широката и перспективна примена на метанот се економичноста и заштитата на животната средина.

ЕКОНОМИЧНОСТ

  • Метанот е поекономично гориво во споредба со другите горива. За исти средства вложени во горивото, со метанот се изминуваат повеќе километри. Изминатата километража варира, во зависност од типот и моделот на возилото, условите за возење и сл., додека трошоците за одржување на моторот на возилото се пониски.
  • Метанот како погонско гориво го продолжува векот на траење на моторот, притоа задржувајќи ги фабрички декларираните перформанси на моторот.
  • Работата на моторот е значително потивка, што ги прави возилата на метан особено погодни за урбаниот сообраќај.
  • ЖИВОТНА СРЕДИНА

  • Метанот е важен енергетски извор што го редуцира загадувањето. Примената на метанот придонесува кон намалувањето на ефектот на стаклена градина и подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух. При работа на моторот на метан се ослободува помала емисја штетни издувни гасови. Емисијата на СО2 е од 25% до 30% помала од онаа кај бензинот и практично нема сулфур и пепел при неговото согорување.
  • ВОЗИЛА

  • Автомобилската индустрија забрзано произведува возила со фабрички вградени системи за метан како погонско гориво, додека за постојните возила со мотори на бензин развиени се системи за погон на метан што дополнително се вградуваат во истите. Исто така, системите за погон на метан, наменети за мотори за погон на дизел, наскоро ќе бидат комерцијално достапни.
  • Стратешка определба на „Макпетрол” е развивање мрежа на станици за полнење метан низ целата територија на републикава. Засега се изградени и пуштени во употреба две станици каде што може да наполните метан во своите возила:

  • Бензинска станица 086 Влае во Скопје и
  • Бензинска станица 013 Куманово.
  • Притоа „Макпетрол” обезбеди напредни, висококвалитетни системи за погон на метан, нивна инсталација и редовен сервис. Сите потребни информации околу системите за погон на метан можете да ги добиете на следниве телефони:

  • 02 2581 655 - Сервис Хонда, Маџари
  • 02 3083 789 - Сервис Хонда, Илинденска
  • Пронајдете услуга

    • Искористете ја можноста и преку нашата страна пронајдете каде може да наточите Метан.

    Совети за возачи

    • Дали возите економично? Прочитајте ги нашите совети и добијте уште повеќе од вашиот резервоар.
     
     
     
     
    каталог на горива / PDF формат