ДЕЈНОСТИ

Нафтена дејност

Шеесет години постоење, шеесет години континуирано следење на европските норми и стандарди. „Макпетрол” А.Д. е препознатливо по воведувањето квалитетни горива на пазарот, при што ги набавува, складира и ги пласира во сопствените бензински станици и складови. Сите дејности што ги извршува „Макпетрол” А.Д. се поддржани со примена и постојано надоградување на современи технички системи што ја зголемуваат точноста на мерењето и безбедноста на ракувањето. Тоа овозможува на македонскиот пазар да се пласираат висококвалитетни бензини според европските ЕН 228 стандарди и дизел горивата ЕН 590, и на тој начин квалитетот на продадените суровини се одржува на највисоко ниво на нафтени производи потребни за транспортниот и индустрискиот пазар, покривајќи го целокупниот македонски пазар.

Следејќи ги светските стандарди и работејќи на заштита на животната средина, од асортиманот и понудата се исфрлени сите видови моторни бензини што користат олово, освен МБ 98 (Премиум). Чекор понатаму е и одлуката за воведување дизел гориво со концентрација на сулфур помала од 50 мг/литар.

СКЛАДОВИ

a a
  Складови  
a a
Со вкупен расположлив капацитет од 150.000 кубни метри во складови за нафта и нафтени деривати, распоредени во различни региони на територијата на Република Македонија, овозможуваме постојано и непречено снабдување со горива на македонскиот пазар. Со цел за зголемување на производите и услугите, во тек е процесот на модернизација на пофреквентните складови со вградување системи за контрола, складирање и дистрибуција, како и за сигурносно управување со горивата.

a a
  Складови  
a a
Резервоарите се опремени со системи за мерење и контрола на нивото и температурата, со што се обезбедува и превенција за заштита на околината.

Користејќи ја ваквата модернизирана опрема, се зголемува протокот на прием и издавање горива, бидејќи овозможувањето на најдоброто за нашите корисници отсекогаш било на врвот од листата на нашите приоритети.

БЕНЗИНСКИ СТАНИЦИ

a a
  Бензиски станици  
a a
Бензинските станици се клучниот елемент во целокупниот работен процес и дејности на Компанијата.

Стратешка цел е овие продажни објекти да прераснат во привлечно место за потенцијалните клиенти како за гориво така и за други услуги.

Мрежата на бензински станици се состои од 116 објекти распространети на целата територија на Република Македонија, а во тек е постојан процес на модернизирање и најсовремен визуелен изглед, се со цел за подобрување на квалитетот на производите и услугите за корисниците. Квалитетот на горивата и заштитата на околината од несакани влијанија ги овозможуваат специјалните подземни резервоари за нафта со двојни ѕидови, опремени со електронски системи на резервоарите.

Авионско горивоАвионско гориво

Исто така, „Макпетрол” А.Д. располага и со две наменски инсталации за керозин, што се лоцирани на двата републички аеродроми, снабдувајќи ги авионите со потребната секојдневна доза гориво. Тие работат според посебни технолошки системи што ги исполнуваат светските стандарди за оваа намена.

МАСЛА И МАЗИВА

a a
  Масла и мазива  
a a
На индивидуалните корисници и големите индустриски потрошувачи „Макпетрол” А.Д. им нуди цела палета од најразлични видови мазива со врвен квалитет за комерцијалните возила и индустријата, како и врвни услуги за постојните партнери од сервисите за автомобили. Нашите експерти се постојано достапни, нудејќи технички информации и совети, притоа секогаш имајќи ја предвид заштитата на човековата околина. Како дополнителни услуги, освоена е широка палета адитиви и најразлични производи од нафтената индустрија.

Во план е и подлабоко навлегување во областа на моторните масла.

ТНГ

ТНГ

Примената на ТНГ(течен нафтен гас) во боци за домаќинството и индустријата започнува во осумдесеттите години на минатиот век. Најголема примена и подем доживува како автоплин за горива.

Во складот за течни горива е вградена најсовремена опрема за масено мерење на гасот и радарско мерење на нивото.

Излегувајќи им во пресрет на сите свои потрошувачи, 33 станици се опремени со уреди за полнење, и на тој начин оваа услуга станува насекаде достапна за сите корисници.

За сигурноста на уредите, „Макпетрол” А.Д. има специјално техничко одделение за тестирање на боците, на тој начин секогаш гарантирајќи ја исправноста и безбедноста на уредите.

горе Горе

 

 

За нас Дејности Производи Картички Партнери Околина Контакт
© Copyright 2007 Makpetrol A.D. All rights reserved.