Своите заложби за поквалитетно општествено живеење „Макпетрол” А.Д. ги искажува преку своите редовни активности, со кои интензивно е вклучен во подигнувањето на квалитетот на целокупната околина на живеење, како и здравјето и безбедноста на своите вработени и на граѓаните воопшто. Во тој правец, „Макпетрол” А.Д. организира и потпомага спортски друштва и спортисти, дава помош и поддршка на хуманитарни акции, активно партиципира во заштитата на човековата околина и учествува во проекти со меѓународно значење ( Global Compact - UNDP, American Chamber).
Како членка ние ги поддржуваме 10-те принципи на Global Compact, што се однесуваат на човековите права, правото на вработените, заштитата на околината и антикорупцијата. Со овој проект и комуникација, „Макпетрол” А.Д. ја изразува својата намера за поддршка и напредување на овие принципи во сферата на своето работење и влијание.
Овие проекти ги применуваме како важен дел од својата стратегија, култура и секојдневно работење. Доказ за искрената и сесрдна заложба за поддршка и напредување на овие принципи во сферата на своето работење и влијание се и повеќето домашни и светски признанија.
Веќе 60 години „Макпетрол” А.Д. инвестира во Компанијата и инвестира во заедницата. Веќе 60 години ја шириме нашата мрежа, за да станеме достапни насекаде и да одговориме на вашите потреби. 60 години континуирано ги развиваме и се потпираме врз новите технологии посветени секогаш на врвниот квалитет и на зачувувањето на чистата околина. 60 години сме извор на енергија движејќи го животот, движејќи ја Македонија. Но она што не движи нас сите овие 60 години, она што не тера постојано напред кон нови достигнувања, СЕКОГАШ ВИЕ.
60 години „Макпетрол” и енергија за наредните шеесет.
горе 
|