Планинарско Спортско Друштво МАКПЕТРОЛ Скопје > Макпетрол Home 
         Почетна страна
         Годишна програма
         Акции
         Историја
         Архива
         Галерија
         Записи од акции
         Високогорство
         Topo Maps
         Контакт
         Линкови



Krali Marko Ultra Trail

Sportway

Lavaredo Ultra Trail

Ultra Trail du Mont Blanc

Ultra Marathon Running

www.summitpost.org

mkd-mount Yahoo group
www.pdtransverzalec.org.mk

 

Планинарско Спортско Друштво МАКПЕТРОЛ Скопје



Најава на акции

• Државно Првенство во Планинско Трчање - МАВРОВО (27-Мај-2012)


• Традиционална акција на нашиот клуб "ПО ТРАСАТА НА ГАСОВОДОТ" - МАВРОВО (27-Мај-2012)


• Голема годишна акција ДОЛОМИТИ и АЛПИ 2012 (27.јули - 8.август)



::> Погледнете го новото видео со кое се промовира Планинското Трчање
     како и нашата трка Krali Marko Ultra Trail - на овој линк :
http://kmut.mk/?page_id=86

• Искачен е највисокиот врв во Африка - Килиманџаро (Uhuru peak - 5895 m) на 04.мај 2012 - од страна на нашите членови Вања Милев и Јани Беака.

• Успешен настап на нашите членови на Скопски Маратон - некои трчаа полумаратон, некои маратон - само една недела по истрчаниот Фрушкогорски Ултрамаратон.


Реализирани акции


Пелистер : Меморијален марш Димитар Илиевски - Мурато - 12 мај 2012
Мирна и топла вечер. Додека голем број млади луѓе се враќаат на спиење од добра петочна журка, ние го започнуваме новиот ден. Во организација на Петар Герасимов во 04:00 часот од бензинската пумпа на Макпетрол - Индустриска тргнавме во нова планинарска авантура. Нашето одлично друштво: Петар и Тања Герасимови, Данчо Марковски, Тања Манчева, Светлана Стојаноска, Радосав Тасевски, Бранка и Зорица Илијевски, Билјана Костовска, Филип Филиповски, Панче Попоски го збогатија две кучина Барон и Ања. Се сe одвиваше според планот. Кога имаш одлични шофери патувањето е вистинско уживање. На стартот стигнавме на време доволно да може да појадуваме и да се припремиме за пешачење. Пред нас е предизвик од околу 26 км пешачење и висинска разлика од 1700 м... >> Детален извештај <<


Фрушка Гора : Планински Ултрамаратон Плус 111 km - 28-29 април 2012
Екипата на тркачи која последните месеци упорно тренираше по македонските планини и по скопските кејови, конечно појде на првата официјална трка за оваа година. Фрушка Гора навидум ниска планина во средината на Панонската низина во Војводина, веднаш до Нови Сад е целта на нашето патување. Од Скопје поаѓаме група од девет натпреварувачи - 2 девојки и 7 момци - некои помлади а некои постари момци. Во петок околу 9:30 поаѓаме на пат - за да имаме време да стигнеме во Нови Сад, па на стартната локација - Поповица на Фрушка Гора, каде треба да ставиме шатори за да преспиеме. Уште имаше информации дека земјоделците штрајкувале и правеле блокади на патиштата - но се покажа дека автопатите биле поштедени од тие блокади... >> Детален извештај <<


Низ Средна Европа - 12-22 април 2012
„Прекорачили сте брзину“ - гласот од патниот навигатор, постојано не предупредуваше дека возиме побрзо отколку што треба. Тоа беше една од ретките работи кои не нервираа на ова интересно патување. А, поминавме околу 3300 км, тргнувајќи од Македонија, преку Србија, Унгарија, Словачка, Полска, Чешката Република, Австрија и назад, преку Унгарија. Планинарење, истражување на таинствени клисури, лавиринтски карпи и рудник, и попатна посета на убави градови. Патување во организација на ПСД Макпетрол – Скопје и ПК Балкан од Белград... >> Детален извештај <<




Планинарската Мариовска приказна - 1 април 2012
Не е срамота да признаеме дека до сега не сме го посетиле Мариово, ама ќе биде срамота ако тоа не го повториме. Мариово тоа го заслужува, затоа што во себе има толку многу убави, нескриени и скриени, природни, оригинални и вредни нешта кои навистина треба да се посетат. Нашата 9 члена (Лиле, Олга, Маја, Тања, Софија, Тања, Горан, Буце и Марин), расположена и компактна планинарска група на своја кожа, тоа во целост го потврди (ако не ни верувате на зборот, бидејќи акцијата се случи на Први Април), тука се фотографиите тоа да го доловат... >> Детален извештај <<




Мариово - Trail Run - 1 април 2012
Почеток на април - се ближи периодот кога ќе почнат посериозните ултра-планински трки - пред се Фрушкогорскиот ултрамаратон од 111 km кон крајот на месец април. Затоа планиравме да направиме една од последните групни подготвителни акции (Get Ready For...) Се определив за Мариово од повеќе причини - прво дека многу ми се допаѓа - љубов од младоста, потоа дека многу ретко се оди таму и скоро никој не го познава и - има прекрасни терени каде што можеш да трчаш или да возиш mount bike со денови. Се пријавија 10 тркачи - убава бројка со оглед на тоа што и временската прогноза беше малку сомнителна. Се пријави и една друга група на луѓе кои сакаа да го видат овој терен и да го запознаат преку пешачење. И за нив испланиравме една патека и така на крај испадна група од 19 луѓе... >> Детален извештај <<


Плачковица : Вртешка - Туртел - 24-25 март 2012
Првиот пролетен викенд во 2012 година 30-тина планинари во организација на ПСД МАКПЕТРОЛ – Скопје и Планинарски клуб од Македонска Пошта го поминаа планинарејќи низ Еко-паркот Вртешка во Источна Македонија. Еко-паркот е на планината Пљачковица, меѓу градовите Штип, Кочани, Радовиш и Струмица. Планинарскиот дом Вртешка, поранешен „Участок“, денес е обновен дом со повеќекреветни соби за 40-тина посетители, голема трпезарија со камин, кујна, црква во уредениот двор и Facebook профил. Со домот управува Планинарското друштво Лисец од Штип. Од асфалтниот пат, до домот води 2 км долг, надолен, земјен пат. На картата вдлабена во дрво врвот Туртел (1.689 м.) е на 5 сантиметри од планинарскиот дом Вртешка, но во реалноста, врвот е оддалечен 8 км од домот, односно скоро 3 часа пешки, по влажен и на некои места до колена длабок, снег... >> Детален извештај <<



Матка - качување по карпи - 24 март 2012
За овој викенд се одлучивме да правиме акција нешто поразлична од вообичаените. Убавиот саботен ден решивме да го поминеме во кањонот Матка близу до Скопје, на алпинистичкиот локалитет во близината на манастирот Св. Никола Шишевски. Идејата беше новите членови на нашето друштво да имаат можност да ги направат своите први обиди за искачување на карпа. За таа цел акцијата ја договоривме и координиравме со неколку членови од нашиот пријателски алпинистички клуб "Матка". Не беше планирано како некој почетен алпинистички курс, туку најосновно запознавање и пробно искачување на некој од поедноставните - почетни вежбалишта на овој локалитет. Затоа ги понесовме и нашите дечиња, и тие да пробаат и да им ја поттикнеме љубовта кон овој убав спорт. Кога на враќање малиот 7-годишен Дарон рече дека сака секоја недела тука да доаѓаме - јасно беше дека целта ја постигнавме...
>> Детален извештај <<


Шар Планина : Изгрејсонцето пред Бакардан - Шарска трилогија - 18 март 2012
..замислете со отворени или затворени очи, сеедно резултатот ќе биде сличен. Се наоѓате на 2600 м.н.в. на рамното плато пред да почне благо спуштање па следува завршниот успон на врвот Бакардан, зад него малку подлабоко во позадина ги гледате контурите на врвот Мал Турчин, десно од него кулата на Титов врв, апсолутна тишина насекаде околу вас, на небото нема ниту едно единствено облаче, светла и сјајна полумесечина некаде во правец на југ се издигнала високо на небото, западната страна делува некако најтемно, додека источната страна е најживописно, спектукуларно обоена, осветлена и сјајна затоа што за некоја секунда од нејзиното средиште треба да се појави сонцето и да се роди нов ден 18.03.2012...
>> Детален извештај <<



Клепа Trail Run - 17 март 2012
Убаво сончево мартовско утро. Снеговите по планините почнуваат да се топат, но поради дебелиот слој снег тој процес бавно се одвива. На пониските планини веќе речиси ја нема снежната покривка, а по тревата почнуваат да се појавуваат пролетните цвеќенца. Нашата - веќе не толку мала група на луѓе што трчаат по планина trail runners - според договорениот план, се собира во Велес. Екипата од Скопје има 6 членови, а од правец на Штип ни доаѓа 4-члена екипа. Заедно се упатуваме до местото каде реката Бабуна се влива во Вардар - околу 5 km после Велес. Со такси мини-ван се возиме на стартната точка на акцијата - близу селото Камен Дол - на неколку километри по Росоман на патот кон Прилеп. Убав ден, весели лица - се е спремно и акцијата може да почне... >> Детален извештај <<


Јакупица : врв Убава - зимско искачување - 11 март 2012
Во недела - 11 март 2012 година се одржа една од помасовните зимски акции на нашето планинарско спортско друштво. Имавме гости од ПД Балкан од Белград, Србија, и тројца членови на АК Матка Скопје - вкупно 28 учесници. Поаѓање од Скопје во 6 часот од кај железничка станица. Превоз организиран со две комбиња кои не возат по тмурното облачно утро во правец на селото Патишка Река. Како што се приближуваме до селото, на коловозот почнува да се појавува снег и мраз - но сепак, со неколку пролизгувања, стигнуваме на паркингот пред селото и се подготвуваме за отпочнување на пешачкиот дел од акцијата... >> Детален извештај <<



Шар Планина : Љуботен по идеални услови - 4 март 2012
Никој не смее да се пожали дека оваа зима беше мека и наивна, напротив иако календарски сме многу близу до пролетта, зимата е сеуште горе на нашите највисоки планини. Тоа најдобро на (Кораб и Шара) го почуствуваа новите наши пријатели, Чешките планинари кои во низа имаа седум интерсни ноќевања по нашите гореспоменати планински масиви.Најважно е што се сите здрави, живи, насмеани и побогати за уште една голема зимска авантура од најекстремен вид што за жал ние како домаќини на овие простори се уште такво нешто не сме се обиделе да реализираме, а секое лето маса наши планинари се впуштаат во искачување на највисоките Алпски и Кавказки врвови... >> Детален извештај <<




Шар Планина : Караниколица - зимски камп - 25-26 февруари 2012
На 25 и 26 февруари 2012 година се одржа редовниот годишен зимски камп на нашето планинарско-спортско друштво. За оваа година се определивме локацијата да биде Караниколица - дел од Шар Планина каде се наоѓаат две планински езера - Големо и Мало Караниколичко езеро. Дел од Шара кој поретко се посетува, а навистина е прекрасен и треба многу почесто да се шетаат овие преубави предели - како во зима така и во другите годишни времиња. Оваа акција имаше и меѓународен карактер. Уште пред неколку месеци ме контактираше еден планинар од Чешка кој ме пронашол преку www.Summitpost.org и ми кажа дека сакаат да направат зимска повеќедневна акција на Шара и Кораб - со снегохотки. Бевме во постојан контакт и координација и конечно во петокот пристигнаа во Скопје со своето комбе од Чешка. Во сабота рано наутро - акцијата можеше да почне... >> Детален извештај <<


Скопска Црна Гора : Црн Камен - 19 февруари 2012
Еднодневна планинарска акција во близината на Град Скопје. Во периодот по обилните снежни врнежи и тешко поодни патишта - се определивме за една полежерна варијанта во нашата непосредна близина - на Скопска Црна Гора. Голема, широка планина која многу ретко ја посетуваме - почесто одиме на повисоките планини во Западна Македонија. Но ете оваа акција покажа дека може да се има прекрасно навистина зимско планинско искуство. За цел на оваа акција го зацртавме врвот Црн Камен - врвче кое со своите карпи и погледот кој го нуди го зголемува уживањето - до врвот Рамно - највисокиот врв на Скопска Црна Гора не појдовме поради неговата оддалеченост и длабокиот снег на некои места од патеката на движење... >> Детален извештај <<


Репортажа : Моја Африка - јануари 2012
“Out of Africa” беше преубав филм од деведесетите. Мерил Стрип и Роберт Редфорд во љубовна приказна некаде во Кенија. Имаше толку многу убави пејсажи, што ми се чини дека првата желба да ја видам Африка се јави токму тогаш – гледајќи го филмот. Кај нас беше преведен “Моја Африка” …. Никогаш не сфатив зошто “Надвор од Африка” би значело “Moja Африка” ... како и да е - сега сум надвор од Африка, назад во Скопје, како раскажувам за Африка која барем за 20-тина дена ја почуствував како моја! 20 дена прекрасна авантура на најјужниот југ на Црниот континент. 8-9000 км лет до Зимбабве и Јужно Африканска Република (ЈАР). Одлуката со моето семејство да летаме кон оваа дестинација беше брзо донесена после поканата на нашите драги роднини кои веќе три години живеат и работат во Хараре... >> Детален извештај <<


Шар Планина : Плат - зимско искачување - 29 јануари 2012
Во Македонија фати вистинска зима. Неколку денови по ред врнежи на големи количини снег на планините, студено... Зима - какво што оддамна не сме имале. Во вакви услови треба многу внимателно да се избере дали да се оди на планина или да се седи дома. А ако се определиме за во планина, треба да се избере тура која може да се изведе во дадените услови - дека на некои места снежната покривка е дебела повеќе метри и тоа во неколку слоеви. Ние се одлучивме дека е ова вистинско време за проба на снегохотките - испланиравме тура од Попова Шапка до врвот Плат. Минатиот пат - пред три недели Плат ни остана неискачен поради многу малата видливост, па решивме да се обидеме пак, сега од друга страна. Временската прогноза и за денес не беше баш идеална, ама решивме да појдеме и да си ја пробаме среќата... >> Детален извештај <<



Скијање во Австрија - јануари 2012
Во организација на Планинарско-спортското друштво МАКПЕТРОЛ од Скопје, 15-тина заљубеници во скијањето од Гостивар, Охрид, Скопје и Белград, од 8 до 14 јануари 2012 година, бевме во ски центарот Саалбах – Хинтерглем (Saalbach – Hinterglemm) во Австрија. Бевме сместени во комотни апартмани во селото Фиехофен (Viehhofen), на 9 км од гратчето Саалбах, на 80-тина км од Салцбург, на 500 км од Загреб и на 1.250 км од Скопје. Патиштата од Скопје до таму беа чисти освен последните 100-тина км кога почна да врне силен снег. Кога вечерта ги вклучивме телевизорите видовме дека сме дел од, како што австријците го нарекуваа, „Schneechaos im Alpen – снежен хаос во Алпите“. Снег во огромни количини, завеани ски центри, затворени жичарници, четврти степен на опасност од лавини (на скала од 5 степени)... Во долината имаше наврнато 1,5 м, а на планината 2,6 метри снег... >> Детален извештај <<


Штип Trail - планинско трчање - 14 јануари 2012
Оваа календарска година (слично како и претходната) еден - поголем дел од акциите и тренинзите што ќе ги правам ќе бидат планинско трчање - или попознато на запад како trail running. Тоа е разбирливо, бидејќи амбициите на еден дел од нашата екипа е да се појави и натпреварува на одреден број ултра-планински трки во странство. А бидејќи мојот партнер по овие трки од минатата година - г-дин Жико е од Штип, веќе поодамна се договараме да направиме тренинг - "на негов терен". Испланиравме ден за одржување на оваа акција да биде сабота. Од Скопје немаше особено голем интерес - само уште Перо реши да трча со нас. Сосема разбирливо, дека времето не е баш (по некои стандардни мерила) за да трчаш по брда. Вечерта пред акцијата во Скопје почна да вее нов снег и тоа баш онака убаво... >> Детален извештај <<


Шар Планина : Кај мечките на коледе - 08 јануари 2012
Група од 9 планинари поаѓа од Скопје во недела наутро - во правец на Попова Шапка. Претходниот ден дуваше многу силен ветар дури и тука - во Скопје, а за планинските врвови на Шара беа предвидени ветрови посилни од 100 km/h. По пат накај Тетово половина од сообраќајните знаци беа турнати од силниот ветар. Но утрото беше релативно мирно, речиси без ветар во долниот дел. Малку бевме загрижени поради информацијата дека на Шапка паднале 50-тина cm нов снег - како ќе биде приодниот пат до Шапка, но немавме никаков проблем - на коловозот немаше или имаше многу малку снег, но не беше лизгаво. На Попова Шапка сме околу 6:30. Се спремаме за поаѓање и за десет минути поаѓаме. Тука веќе се чувствува ветрот и затоа уште од сега се облекуваме во потопла облека... >> Детален извештај <<


Шар Планина : Љуботен, зимско искачување - 25 декември 2011
Во недела - 25-ти декември 2011 година - последен викенд во оваа календарска година, мала - петчлена екипа на ПСД Макпетрол го искачи врвот Љуботен во зимски услови. За разлика од претходниот сончев ден - временската прогноза за во недела не ветуваше баш добро време : облачност, слаб снег, ветар. Но нам ова ни се виде како одлична можност за тестирање како на нашата опрема, така и на нашата психо-физичка подготвеност, воља... Поради сериозните временски услови бевме прилично строги во изборот на екипата - ги молиме оние што ги одбивме да ни простат, но без одлична зимска опрема и без неопходни основни познавања на движење во зимски услови - не сакавме да ризикуваме да земеме некој планинар кој подоцна може да си има проблеми, а со тоа и целата група да се доведе во опасност... >> Детален извештај <<



Шар Планина : Титов Врв, зимско искачување - 18 декември 2011
...и ете, конечно дојде време за долго очекуваната можеби најатрактнивна планинарска акција на овие простори “Зимското искачување на Титов Врв“ во организација на ПСД Макпетрол. На големо задоволство на сите заинтересирани за оваа акција, особено на големиот број пријавени кои за прв пат тргнуваат со намера да го искачат Титов Врв во зимски услови и покрај турбулентните временски услови во изминатата недела, за денот кога беше закажана нашата акција се створија потребните услови за нејзино одржување. На наше огромно задоволство акцијата наиде на голем одзив и имаше карактер на меѓународна акција. Покрај планинари од други градови на Македонија и други планинарски друштва, имавме група од 11 планинари од Р. Србија (Белград, Нови Сад и Сомбор) и БиХ (Сарајево) во организација на ПК Балкан од Белград. Според познатите сајтови на кои редовно ја следиме временската прогноза, за недела, денот предвиден за нашата акција, за претпладневните часови... >> Детален извештај <<


Даутица : Бел Камен (2074 m) - 11 декември 2011
Убавото врвче Бел Камен од поодамна беше ставено на листата на врвови кои треба да ги искачиме. Набиената агенда и комбинацијата на временските услови неколку пати не одвраќаа од намерата да го искачиме ова многу атрактивно врвче на југозападната страна на масивот на Јакупица - поточно на Даутица. Но, еве дојде и тој момент. Временската прогноза и за овој ден - недела - 11 декември - светскиот ден на планината - беше прилично променлива - можеше сешто да се случи. Но ние во саботата донесовме конечна одлука - да појдеме - па ќе видиме како ќе биде - сепак прогнозата даваше и доза на надеж. Сосем мала група - шест души - какошто обично правиме кога одиме на некој дотогаш неиспитан терен - поаѓаме од Скопје во 3:35 - имаме 160 km возење од Скопје преку Тетово, Гостивар, Кичево, Македонски Брод до с. Локвица... >> Детален извештај <<

Корабски масив : Плоча, Бабин Камен, Шупла Стена - 27 ноември 2011
Изгледа прекраснот ден, сонцето, температурата, конфигурацијата на теренот, чистиот воздух кој многу ни недостасуваше на сите (знаеме сите како се дишеше во Скопје), направија групата која тргна кон врвот Плоча да биде поголемата, како да секој од нас сакаше да провери што има ново на запад, да се направи нешто за прв пат, да се искачи нов врв, да се издува, да се видат нови хоризонти, едноставно да се ужива во се она што беше околу нас... >> Детален извештај <<




Голешница планина : Бреза (1410 m) - планинско трчање - 19 ноември 2011
Во саботата - 19 ноември - околу 6 часот наутро - од Скопје поаѓа 9-члена група планинари и маратонци со две возила. По магликаво и ладно време патуваме по клисурата прво на реката Пчиња, а потоа на реката Вардар - кон Велес. Во Велес ни се приклучува и Жико од Штип - па сега сме 10 учесници на акцијата. Автомобилите ги оставаме во градот а со такси патуваме уште 10-ина километри до селото Бузалково - село со околу 1000 жители претежно албанско население. Пред 8 часот сме во Бузалково. Селото е на надморска висина од околу 500 метри. Тука сонцето веќе почнува попријатно да грее. Малите ранчиња ни се веќе спремни - само ги ставаме на нас и сме спремни за старт. Поголемата група има план да трча до врвот Бреза, додека помала група со брзо одење ќе се обиде да дојде до домот Бреза - на висина од околу 1200 m... >> Детален извештај <<


Шар Планина : Љуботен (2499 m) и Пирибег (2524 m) - 12-13 ноември 2011
Традиционалната акција - искачување на врвот Љуботен оваа година беше организирана како помасовна акција со учество на планинари од повеќе планинарски друштва - со тоа што носители на акцијата беа ПСД Макпетрол и ПД Трансверзалец. Искачувањето на овој врв се поврза симболички и со денот на ослободување на град Скопје - 13 ноември - бидејќи врвот Љуботен се наоѓа во грбот на градот Скопје. Во неделата во акцијата на искачување на Љуботен учествуваа вкупно околу 70 планинари. Веќе една недела пред традиционалната акција - искачување на Љуботен, помеѓу дел од членовите во нашето друштво падна договор за спиење во шатори... >> Детален извештај <<




Бистра планина : Карбула (2148 m) и Меденица (2163 m) - 06 ноември 2011
Навистина е прекрасна нашата природа. На толку мал географски простор има толку многу планини, долини, клисури... што можеме со години да шетаме и пак да има многу места каде што не сме биле, а кои се исто така убави и вредни за запознавање и истражување. Ете така се случи и со овие два највисоки врва на Бистра планина - Карбула и Меденица. Иако со години по планиниве - некако досега не ми дојде ред да појдам таму - барем на Меденица. Од оваа акција која подолу накратко ќе ја опишам - од вкупно 11 учесници, само двајца досега се имаа искачено на Меденица, а за сите Карбула беше непосетен врв. А и двата се прекрасни - особено Карбула е атрактивен со неговата западна страна која стрмоглаво се спушта надолу - околу 1400 висински метри - до текот реката Радика... >> Детален извештај <<


Галчин и Орле : Take a Walk on the Wild Side - 23 октомври 2011
Некои планини се големи, високи. Некои планини се помали, но она што тие го нудат е чувство на сурова дивина - исконски диви предели каде се чувствуваме така нераскинливо споени со природата и толку мали и ранливи. Чувството кога тоа ќе се помине - на крајот на денот - е навистина катарзично. Мошне мала група - Петар и Трајче од Скопје и од Боби, Жико и Трајче од Штип се упатија во раните утрински часови во правец на Кавадарци. Во далечината уште додека одиме по патот Росоман - Прилеп - ѕирка шилестиот гребен на Галчин - врвче познато меѓу македонските планинари како "Македонски Матерхорн". Времето облачно, но не премногу... >> Детален извештај <<


Планинска трка - "По стапките на Крали Марко 2011" - 02 октомври 2011
Многу светски познати планински трки почнале сосема случајно, незабележано, ненаметливо. Со години убавината на теренот, предизвикот на тежината на патеката, добрата организација - придонесуваат трката да се здобие со светска слава. Минатата година - речиси без знаење на сите натпреварувачи по планинските патеки од Македонија - беше организирана трка на Трескавец - со учество на само неколку натпреварувачи. Оваа година ТА "Брацо" од Прилеп и ПСД Макпетрол од Скопје ги здружија силите за да организираат помасовна трка - резултатот беше 34 учесници. Убава бројка која се надеваме дека од година во година ќе ја зголемуваме, особено со учество на натпреварувачи и од други земји... >> Детален извештај <<


Бабуна планина : врв Козјак - 01 октомври 2011
Во сабота - 1-ви октомври 2011, група од 14 планинарки и планинари од Македонија и од Србија појдоа од селото Плетвар - во близина на градот Прилеп - на пат кон врвот Козјак (1747 m) - највисокиот врв на планината Бабуна. Акцијата беше во склоп на посетата на Прилеп и организирањето на трката во планинско трчање - "По стапките на Крали Марко 2011". Во 9:30 поаѓаме од селото кое се наоѓа на надморска височина од околу 980 m. Минуваме низ селото. Кај една чешма на патот има маркација - стрелка која укажува каде треба да се скршне за да се фати патеката за врвот. Патот го одминува селото, ја минува селската црква и гробишта и продолжува по долот нагоре - малку пострмно - се до висина од 1200 m кога излегуваме на едно пошироко плато кое се протега, со мали долчиња и ритчиња - до подножјето на врвот Козјак... >> Детален извештај <<


Олимп : Грција - 23-25 септември 2011
"Видете што добив" - прошепоти возбудено Мимоза, покажувајќи и го на Миланка домалиот прст на кого светкаше прстен. Миланка се насмеа и ја прегрна, честитајќи и од се срце. А, Андреј, широк како грамада отцепена од планината, стоеше настрана и се смееше. Е, тоа е планинар со цел. Си ја запроси девојката горе под облаците. А, сето тоа се случуваше на Митикас, на 2.917 м., највисокиот врв на планината Олимп, во Грција. На планината на која, според грчките легенди, живееле боговите надгледувајќи ги смртниците долу. Но, сега „смртниците-планинари“ во организација на планинарските друштва „МАКПЕТРОЛ“ и „18 Август“ од Скопје, беа качени на врвот и се радуваа на успехот, заборавајќи на големиот напор при искачувањето. А, Митикас е навистина напорен врв за искачување, посебно ако во ист ден се искачува и симнува од врвот. 1.820 метри надморска височина само на искачување. И уште толку надолу... >> Детален извештај <<


Корчула во септември (7-11 септември 2011)
Завалатица е мало место на островот Корчула во Хрватска кое тешко се наоѓа на мапата. Таму живее Бранка Т., која ја запознавме во текот на нашата мајска авантура низ Чешка. Таа не покани да ја посетиме Корчула и нам толку ни требаше. Во близина најдовме врв за искачување, и ја објавивме понудата. Очекувавме дека ќе се пријават 15-тина луѓе, преку сила 20. Пријатно изненадување беше пријавувањето на 60-тина луѓе, но беше вистински кошмар за Бранка да најде сместување во Завалатица. На акцијата „Корчула 2011“ во организација на планинарско спортското друштво МАКПЕТРОЛ од Скопје се пријавија 54-ца, а уште 13 беа на листата на чекање. Искрено жалиме што и тие не можеа да дојдат, но и покрај нашиот труд не можевме да обезбедиме повеќе од места за сместување... >> Детален извештај <<



Кораб : Рибница - Длабока Река - Мал и Голем Кораб - Стрезимир - 3-4 септември 2011
Група планинари од ПСД Макпетрол заедно со група од ПД Трансверзалец и специјалната гостинка Ања од ПК Балкан (Србија) изведе дводневна планинарска акција во масивот на планината Кораб на 3-ти и 4-ти септември 2011 година. Акцијата гледавме да ја усогласиме со традиционалното искачување на Голем Кораб во организација на ПД Кораб од Скопје. Вкупно членови на нашата акција - 13 - 4 женски и 9 машки учесници. Акцијата се обидовме да ја направиме интересна - по патека која поретко се минува, а за мене претставуваше мошне логично решение за дводневна акција. Поаѓањето од селото Рибница го усогласивме со Зоки (Москито) бидејќи тој со својата екипа од ПД Трансверзалец се одлучија да ја маркираат целата патека од Рибница до Големиот Корапски водопад... >> Детален извештај <<


Баба планина : Големо Езеро - Пелистер - Брајчино (20 - 21 август 2011)
Овој викенд пред нас е откривање на тајната на Големо Езеро, врвот Пелистер и патот кон преубавото село Брајчино...
20 Август 2011, 9 часот, Ниже Поле – село во подножјето на источната страна на планината Баба, на 1.100 м надморска височина Повеќе од 25 искусни и помалку искусни планинари, во организација на ПСД Макпетрол Скопје, се подготвуваме за искачување. Во акцијата земаат учество и четири планинари од планинарскиот клуб Балкан од Белград. Пред нас се 7,7 км узгорнина и 1100 надморска висина, до нашата прва станица – Големото Езеро. >> Детален извештај <<



Гуча - Србија : Етно фестивал - 13-14 август 2011
Оваа 2011 година беше 51 издание на оваа манифестација. За нашето планинарско друштво прва организирана посета на Гуча. И веднаш да се каже: голем пропуст досега. Гуча е грандиозна манифестација. Најголем српски бренд со милионска бројка на посетители од сите страни на Балканот, од Европа и посироко. Нашето патување започна навечер. На границата "само" 4-5 автобуси пред нас. По два и пол часа чекање ја минуваме границата и продолжуваме. Дремејки или спиејки поминуваат часовите. Утрото не осамнува после Крушевац. Околу 9 часот пристигаме во Овчар бања. Се наоѓаме со нашите пријатели планинари од Чачак и Белград кои ни помогнаа околу резервацијата за ноќевање. Прекрасно сместување... >> Детален извештај <<



Кожуф планина - патување во земјата на боровинките - 13-14 август 2011
Овој термин на летото - средина на август - обично ни е резервиран за повеќедневни излети во планина со шатори. За оваа година планот ни беше да поминеме на Кораб неколку дена, но поради обврски на членовите на екипата, таа идеја не можевме сега да ја реализираме. На барање на Деан сепак да направиме акција, барем само за викенд - произлезе идејата да поминеме два дена на Кожуф планина - прекрасна планина на југот на Македонија која исто така ретко се посетува од планинарите, а е навистина многу убава. Екипата брои 9 члена од два града - Скопје и Штип. Од Скопје поаѓаме 7 души со три коли во 3:20 часот наутро. Во Велес ги земаме Жико и Ангел кои до таму доаѓаат од Штип со нивно возило, па потоа продолжуваме заедно во правец на Гевгелија... >> Детален извештај <<


Ниџе : Кајмакчалан - 5 - 6 август 2011
Во воздухот се чувствува дождот и невремето кое штотуку заврши. Сега веќе не врне, само мирисот на косено сено го освојува сетилото за мирис... но не за долго. Иако сме на самиот почеток на нашата приказна, морам да ја споменам единствената црна точка на овој поход. Тоа е реката Црна. Се чувствува страшната реа на мртвата река, задушена од страна на грст несреќни луѓе чие средно име е "Профит" и "Негрижа". Се чини сета нечовечност е потопена во оваа, некогаш преубава вода. Се молиме вечерва за нејзиното повторно оживување... Го правиме планот за утрешниот ден. Скочивир се наоѓа на 576 м надморска височина. Нe делат околу 35 км или речиси 2000 м искачување до Кајмачалан и неговите 2521 м надморска височина... >> Детален извештај <<


Алпи 2011 : Летување на 4563 m (24 јули - 01 август 2011)
Монте Роса е највисока планина во Швајцарија и втора по височина на Алпите. Се наоѓа на крајниот северозапад од Италија, на границата меѓу Швајцарија и Италија. На Монте Роса има многу врвови над 4.000 метри, меѓу кои се третиот (Dufourspitze 4.634 м.), петтиот (Zumsteinspitze – 4.563 м.), шестиот (Signalkuppe – 4.554 м.) врв по височина на Алпите, и многу други врвови. На Монте Роса се наоѓа и највисокиот планинарски дом на Алпите, домот Маргарита (на Signalkuppe 4.554 м.). Преку зима, масивот Монте Роса е популарно скијалиште, вклучувајќи ги скијачките места Alagna Valsesia (каде што бевме), Gressonay, Champoluc, и други. Монте Роса е италијанското име на масивот, но Rosa значи „глечер“ на француско-провансалскиот дијалект... >> Детален извештај <<



Олимп : Митикас, Скала, Сколио - 23 јули 2011
Амбициозен план - од Скопје до Олимп и назад за 24 часа. Но, зошто да не пробаме - изгледа изводливо. Се собра екипата, седум момци и една девојка - некои не нарекоа "Снежана и седумте џуџиња". Обезбедивме превоз со комбе со господинот Боби. Во петок вечерта - во 22:30 сме пред Поштата кај Железничка станица. Спремни за нова авантура. Составот овој пат има меѓународна нота - со нас е и пријателот Џон од Норвешка. Поаѓаме со комбито кон Гевгелија. Брзо минува патот. Благодарение на неверојатните способности на Боби границата ја минуваме за 5 минути. Продолжуваме кон Солун, Катерини. Скршнуваме преку Дион близу Литохоро и нагоре - до паркингот Горциа. Стигнуваме околу 3 часот ноќе. Ги спремаме ранците, каснуваме малку... >> Детален извештај <<


Словенија : Триглав и Нанос (via ferrata) - 15-20 јули 2011
"Гдо има јајца?" – викна младата словенка во планинарскиот дом Кредарица на Триглав, барајќи ги тие што порачале јајца и колбаси за вечера. Сите за момент заќутевме, се погледнавме меѓусебе, и прснавме во смеа правејќи алузии на кажаното. И навистина требаат "јајца" за искачување на Триглав, врв на Јулиските Алпи во Словенија, висок 2.864 метри. Особено преку Северната триглавска страна. Катерина С. даде идеја да одиме на Триглав, а организацијата на патувањето одеше релативно брзо. Катерина го организираше превозот и членството во планинарското друштво МАТИЦА од Љубљана, а јас искачувањето на Триглав и сместувањето по градовите и планинарските домови... >> Детален извештај <<




Локалитет Плоча - Радовиш - сончоглед и гранит - 17 јули 2011
Во недела рано наутро - додека остатокот од градот спиеше или полека се прибираше од ноќните забави, мала осумчлена група со две возила го напушта Скопје и се упатува во правец Велес - Штип. Некаде на патот - во овчеполијата наидовме на огромно поле полно сончогледи. Нормално, застанавме со колите и фотографите почнаа да сликаат навистина прекрасни фотографии. Во меѓувреме ние се слушнавме со Жико од Штип, нашиот денешен домаќин кој ќе не води и запознае со локалитетот Плоча и со основните алпинистички техники. Членови од Скопје : Марин, Перо, Тања, Александра, Јоцо, Софија, Владимир и јас - Трајче. Некои од нас имаа качувано порано, но имаше неколкумина кои денес ги направија првите чекори во вертикалниот свет... >> Детален извештај <<



Полноќна прошетка до Матка - 15-16 јули 2011
Едноноќна планинарска акција во организација на нашето планинарско друштво, на кој беа поканети поголем број можни кандидати - планинари, атлетичари и други спортисти. Можност барем на кратко да побегнеме од тешките скопски горештини. Акцијата традиционално се одржуваше пред повеќе од десет години - секогаш во месец јули за време на полна месечина. Оваа година решивме да продолжиме со оваа убава традиција. Стартот на турата го закажавме за 21 часот - пред О.У. "Кочо Рацин". Патека : од "Кочо Рацин" до полицијата по асфалт, потоа по планинската патека до Средно Водно, па по "пензионерската" патека до врв Водно. Оттаму по гребенот до Матка... >> Детален извештај <<



Кабаш (2391m), масив на Кораб - прво искачување - 09 јули 2011
Ова беше моето најрано станување за на планина 02:35 мин. Авантурата започна во 03:10 мин. кога сите заедно се сместивме во Реното Кангу на Перо кој безбедно и вешто вози како и што планинари не извозе до с. Бибај. Останати членови на екипата Марин, Ѓоре и јас-Светлана. Патот води преку Маврово и Националниот Парк и после 113 km еве не на 1200 m во с.Бибај. Во 05:30 стигнавме во селото, на патот не пречека многу убав голем коњ, не сакаше да не пропушти да поминеме па решивме да излеземе од кола и да го замолиме да се тргне. Во 05:50 спремни тргнавме од селото накај планината. Со добра подготвеност: анализа на теренот, промислен и пресметан пристап кон врвот главни водачи на оваа акција беа Марин и Перо... >> Детален извештај <<



Доломити, Италија : Lavaredo Ultra Trail - 1-2 јули 2011
Конечно се случи и тоа - трката која ја сметав за најважна во оваа година и која желно ја очекував уште од јануари месец оваа година. The North Face Lavaredo Ultra Trail 2011 - петто издание на оваа веќе позната и почитувана како една од потешките планински ултра трки во Европа. Пријавувањето за трката моравме да го направиме уште во февруари - лимитот беше 600 натпреварувачи за главната трка и тој број се пополни за само два дена. Остатокот од времето од јануари до крајот на јули практично беше низа на планинарски акции и трчања по планина - се со цел да се постигне потребното ниво за успешно завршување на оваа трка... >> Детален извештај <<




Старо Село - Љуботен - Рогачево - 19 јуни 2011
Еднодневна акција на позната локација - Шар Планина - врв Љуботен (2498m). Екипата составена од членови на ПСД МАКПЕТРОЛ и ПД КОРАБ - вкупно 11 души. Поаѓаме од Скопје рано наутро, во 4:30. Во овој период денот е голем, но ние сепак поаѓаме рано за да искористиме барем еден дел од патот да биде по пријатна температура - најавите за максимална температура во Скопје беа до 35 степени. Инаку, за разлика од вообичаеното искачување на Љуботен, за денес имаме предвидено две "освежувања" - прво - да се искачи врвот од страната на Козја Стена и - второ - да се спуштиме во село Рогачево - село на 2 km северо-источно од Старо Село. Тоа би била и добра патека за зимски услови, ако сакаме на брзина, без да минуваме до планинарскиот дом, да направиме искачување на Љуботен... >> Детален извештај <<



Risnjak Mountain Trek - 11 јуни 2011
На 9-ти јуни (четвртокот) околу 23 часот нашата трочлена експедиција го напушта Скопје со моето возило и се упатува кон Хрватска. Следува долга ноќна вожња низ Србија за да некаде во раните утрински часови навлеземе во Хрватска. По пат на едно одмаралиште во Србија дремнувам 45 минути, бидејќи полека ме совладува напорот акумулиран од многуте активности во претходните денови. Потоа одиме до Загреб, поточно во близината на аеродромот - во посета на мојот драг пријател планинар Жељко Пивалица од ПД "Croatia Airlines". Во пријатна атмосфера, во придружба на уште еден планинар од неговата екипа која на двапати беше во посета на македонските планини - си поприкажавме за тоа кој каде бил на планина, какви ни се плановите, се потсетивме на некои изминати случки... >> Детален извештај <<

Кораб : Големиот водопад, Рибничка Скала, Кабаш - 04 јуни 2011
Поголема група од планинарки и планинари, организирани од страна на ПД Трансверзалец - во саботата на 4 јуни 2011 се упати со две комбиња од Скопје во правец на масивот на планината Кораб. Целта беше да се посети прочуениот голем водопад на Кораб кој во овој период на годината има најголема силина. Групата брои околу 35 учесници. Патот не води преку Маврово, потоа скршнуваме кај Волковија десно во правец на селата Рибница, Нистрово... По макадамскиот пат поголемото комбе може да не вози само првите 2 километри, а потоа, поради тесниот и малку незгоден (на некои места) пат, поголемиот дел од групата се упатува пешки кон селото Бибај... >> Детален извештај <<



Титов Врв, Мал Турчин, Бакардан - 29 мај 2011
Традиционалното искачување на Титов Врв - највисокиот врв на Шар Планина, на кое оваа година земаа учество повеќе од 1000 планинарки и планинари од Македонија, но и од повеќе други, главно соседни земји, се одржа во недела, 29-ти мај 2011 година. Од нашиот клуб - ПСД Макпетрол, учествуваа неколку претставници кои во друштво на нашите блиски пријатели од ПК Балкан од Србија, како и на другите наши добри пријатели - планинари - поминаа убава и не баш вообичаена тура - тие одеа по гребенот од кај Церипашина, Антени, Бакардан. Се симнаа на седлото помеѓу Бакардан и Титов Врв и таму се споија со главниот тек на маршот...    >> погледај фото албум <<.



Тара - рафтинг : Батаљон на авантуристи (20 - 24 мај 2011)
Во организација на планинарско-спортското друштво МАКПЕТРОЛ и планинарското друштво „18 Август“ од Скопје, еден цел баталјон луѓе, дури 85-на, од кои 60 жени, тргнавме на 4-дневна авантура (20-24 мај) низ централен Балкан, во разгледување Сараево во Босна, на рафтинг на реката Тара во Црна Гора и на планината Златибор во Србија. Од една страна, бројот на пријавени беше пријатно изненадување за организаторите, но, од друга страна, тоа беше организациски кошмар (превоз, резервации за сместување, распоредот за сместување во хотелот и кампот, паузи и тргнувања,...    >> погледај повеќе <<.



По Трасата на Гасоводот : Осоговски планини - 15 мај 2011
Четврта година по ред нашето планинарско друштво ја негува воспоставената традиција - во средината на месец мај - месецот кога се се раззеленува и расцутува. Планинарите - а оваа година и планинските ултрамаратонци - земаат учество во оваа секоја година се помасовна акција која симболички ја прати трасата на Гасоводот во Македонија. Оваа година на оваа акција учествуваа околу 220 планинарки и планинари од Македонија и од Р.Србија. Имаше три патеки, прилагодени според можностите на учесниците: Прва патека - 8 km - за децата, постарите планинари и рекреативците, Втора патека - 28 km за планинарите со добра кондиција и Трета патека - 39 km за нашите трчачи по планина. Временските прилики ни беа навистина наклонети - имавме идеално време - сончево со повремени облачни периоди, слаб до умерен јужен ветар и максимална температура околу 20 степени...    >> погледај повеќе <<.

Пелистер (2601 m), Баба планина - 7 мај 2011
Фото извештај изразен со 22 фотографии а реализиран на 22-то традиционално искачување на врвот Пелистер (2601 m) на Баба Планина, посветено во чест на Димитар Илиевски - Мурато - првиот македонец кој се искачи на највисокиот врв на светот - Mount Everest...   
>> погледај фото албум <<.





Фрушка Гора : Планински Ултрамаратон Плус 111 km - 7 мај 2011
На Фрушка Гора во близината на Нови Сад, Војводина, Р. Србија секоја година во почетокот на месец мај се одржува една прекрасна планинарска и тркачка манифестација - веќе 34 години по ред - Фрушкогорскиот Планинински Маратон. Оваа година на 17 различни патeки, од 10 па до 111 km секој кој сакаше да се натпреварува, или пак само да шета и ужива во убавините на оваа ниска но прекрасна планина - можеше да си избере своја патека и да ја помине. Дури и за време на бомбардирањата на НАТО силите врз Србија овој планински маратон се одржал. Традиција навистина достојна за почит. Од Македонија секоја година земаат учество помал или поголем број на планинари и атлетичари кои сакаат да си ги испоробаат силите. Нормално, ние - како и во се друго - одиме до крај - така да и немаше многу двоумење - патеката од 111 km беше резервирана за нас...   
>> Детален извештај <<.


Планинарско-излетничка авантура низ Словачка, Чешка, Германија и Австрија (21 април - 1 мај 2011
Во организација на Планинарско-спортското друштво „МАКПЕТРОЛ“ од Скопје , Република Македонија, Планинарскиот клуб „БАЛКАН“ од Белград, Република Србија и Туристичкото друштво „РИЛСКИ ТУРИСТ“ од Самоков, Република Бугарија, 28-мина тргнавме кон Средна Европа во планинарско-излетничка акција во Словачка, Чешка, Германија и Австрија. На 21 април, четврток, после работно време, автобус со 19 луѓе од Македонија тргнавме кон Белград. Близу Ниш ни се придружи и Маријана Илиева од Бугарија. Во Белград стигнавме после полноќ, во петок рано наутро, 22 април. Кога водичката Миланка Арсиќ ги потсетила учесничките дека Македонците набрзо ќе стигаат во Белград, три од нив ја прочитале нејзината СМС порака облечени во пижами, спремни да си легнат, тотално несвесни дека за 30-тина минути треба да тргнат на 9-дневно патување...    >> Детален извештај <<.


Шар Планина : Црни Врв (2585m) - 30 април 2011
Црни Врв на Шар Планина е врв на кој не можете случајно да поминете. Човек мора да има сериозна намера за да се упати кон овој оддалечен но интересен врв. Со својата висина од 2585 m е еден од повисоките врвови на Шар Планина, а според позицијата се наоѓа во средината на првиот - горен ред на врвови - почнувајќи од Љуботен, преку Пирибег и Бистрички врв, па доаѓа Црни Врв, потоа Кобилица, Вртоп, Караниколица... Пристап до овој врв е можен од неколку правци : од Вејце или од Бродец, па преку Кобилица, или од другата страна - од долината на Бистрица. Од која страна да појдете, ве чека многу пат. Ние за нашата акција за појдовна точка го избравме селото Сетоле, кое се наоѓа на висина од речиси 1000 m. Причините за избор на ова селце беа разни, а една од поважните беше што еден од членовита на нашата група - Деан - има потекло и сега има викендичка - во Сетоле, село опеано во народните песни...    >> Детален извештај <<.


Плоча, CD, DVD ?! - 17 април 2011
Плоча, CD, DVD, USB - свирки !!! Појдовме на Плоча ама се вративме и без плоча и без DVD. Но се вративме со една нова научена лекција - постепено почнуваме да го усвојуваме материјалот... Во секој случај среќни и весели, како и секогаш кога одиме на планина. Дека љубовта кон планините е таа што не станува во 3 часот наутро и не тера да се акаме по стрмни места покриени со снегови, мразови, со ветришта... и пак сакаме да одиме и не ни е криво туку напротив - едвај чекаме пак да појдеме...    >> Детален извештај <<.





Искачување на Солунска Глава - 9-10 април 2011
"Еј, баш супер викенд имав", рече Мила. "Бев во Солун по продавници, на кафе. А ти? Каде беше ти?" – ме праша.
"Па, зар не ме виде како ти мафтав од Солунска Глава?" и реков.
"Да? И навистина се гледа Солун од врвот?" – заинтересирано праша Мила.
Од толку убавина што видовме овој викенд, не ми текна да го барам Солун на хоризонтот.
Во саботата наутро, 9 април 2011, по убаво сончево време, во организација на Планинарското спортско друштво МАКПЕТРОЛ од Скопје, 24-ца и кученцето Геа, прво по автопат до Велес, потоа по локален пат преку село Теово, Богомила, стигнавме во село Нежилово, во подножјето на планината Јакупица...    >> Детален извештај <<.


Osogovo Ultra Trail Running - 10 април 2011
Уште кога ја добивме идејата за организирање на акција по трасата Гасоводот - имавме идеја да се организира трчање по таа патека. Знаевме дека има момци и девојки расположени за трчање на долги дистанци по планина и сакавме да направиме и таква манифестација. Но се некако други работи имаа приоритет, па еве по три години организирање на маршот - успеавме да се организираме нешто и да истрчаме. Јас секако требаше да ја поминам замислената патека и за едната и за другата група од маршот за да извршам некое минимално маркирање, па си помислив дека би било добро да издвоиме помала група тркачи и промотивно да ја поминеме патеката - а јас попатно да ја маркирам. На 10 април 2011 група од пет што планинари, што тркачи, што обете - се собравме на појдовната точка на оваа акција - ГМС Жидилово...    >> Детален извештај <<.



Шар Планина: Беловишки водопади - 03 април 2011
Во недела - на 3 април 2011 година поголема група на планинари - во најголемиот дел членови на ПД Макпетрол и ПД Трансверзалец изведоа еднодневна планинарска акција на падините на Шар Планина - ги посетија Беловишките водопади. Појдовна точка за оваа акција е селото Беловиште, убаво село сместено во пазувите на Шар Планина, оддалечено дваесетина километри северно од Тетово - на патот Тетово - Јажинце. Од селското плоштатче води асфалтирана патека прво до црквата "св. Богородица", а потоа и до месноста наречена Петачко водиче - каде што има две помали цркви, ресторан и тука се наоѓаат првите - најмалите слапови на Беловишка река. Ова место е убаво за помали прошетки и правење убави излети...    >> Детален извештај <<.



Стогово : Дводневна зимска убавина – 26-27 март 2011
Во деновите сабота и недела - 26 и 27 март 2011 година група планинари од Македонија и од Србија бевме на падините на планината Стогово - снежната убавица во западниот дел на Македонија. Организацијата беше од нашиот планинарски клуб - МАКПЕТРОЛ заедно со нашите пријатели од ПК БАЛКАН од Белград. Во Гари не пречекува чичко Васе - нашиот добро познат домаќин. Присутни се повеќе други луѓе од селото - тој ден го определиле да биде "денот на дрвото" и се спремаа да заминат на садење млади садници по околните ридови. Ние на брзина се сместивме по собите, ги оставивме работите што не ни се потребни и - нестрпливи што поскоро да почнеме со запознавање со планината - во девет часот - појдовме - група од девет...    >> Детален извештај <<.



Сончев викенд на Копаоник - 18-20 март 2011
Вториот скијачко-планинарско-излетнички викенд на Копаоник, организиран од ПСД МАКПЕТРОЛ – Скопје, беше полн погодок. Првиот викенд на Копаоник (18-20 февруари 2011) беше маглив, снежен и студен, но, затоа овој викенд (11-13 март, 2011) беше сончев и убав. Скијачите уживаа во добро подготвените скијачки стази, планинарите се искачија на 1.976 метри, излетниците шетаа во подножјето на планината, а се одмаравме во планинарскиот дом "Ртањ", во малото бачило "Скитуљко" и во бачилото "Вучија стаза" со поглед на највисокиот врв на Копаоник, Панчиќев врв (2.017 м.). Во саботата навечер сите од македонската група (20-тина луѓе) заедно со пријателите од Белград и од рамната Војводина добро се забавувавме во еден локален ресторан со добра храна и уште подобра жива музика. >> Детален извештај <<.



Зимски Сон : Шар Планина - 5-6 март 2011
Се е убаво кога убаво ќе се заврши - вели старата поговорка. Но за да се заврши убаво, треба понекогаш и ние сериозно да се заложиме за да дојде до успех. Од залагањето на сите, од придонесот на секој поединечен член на екипата - зависи успехот. И ако имаш хармоничен тим на јаки поединци - секој спремен да помогне и повлече во даден момент - но исто така и да не биде обземен од успехот по секоја цена - туку да знае да застане и да размисли за ситуацијата, за опциите, за безбедноста своја и на групата - тогаш тоа е тим што може да се зафати со сериозни предизвици. Овој предизвик - ЗИМСКИ СОН - сами си го зацртавме, посакавме, испланиравме. Сакавме да поминеме барем една ноќ во шатори во зимски услови, далеку од цивилизација. Да провериме до каде ни се силите, можностите, знаењето, опремата. Сето ова како подготовка за уште појаки акции - како дел од градењето на тимот... >> Детален извештај <<.


Осоговски планини : Руен (2252m) - 20 февруари 2011
(акцијата е посветена на нашиот починат пријател и спортист Горан Стојанов)
Во неделата изведовме еднодневна планинарска акција на Осоговските планини, поточно го искачивме врвот Руен (2252m) од јужната страна, од рудникот Саса. Од поодамна разговаравме за тоа дека е добро да посетиме некој врв во источниот дел од Македонија и притоа да се дружиме со планинарите од тој крај, меѓу кои има луѓе со кои порано убаво се дружевме, но во последниве години контактите некако ослабнаа. Решивме да дадеме поттик овие планинарски дружби пак да заживеат. Акцијата одржана во неделата е навистина убав пример за тоа....
>> Детален извештај <<.



Банско, Пирин Планина, Бугарија 11-13 февруари 2011
На 11 февруари, петок, околу 18 часот, 46 луѓе, во организација на планинарските друштва „Макпетрол“ и „18 Август“ од Скопје, со автобус, тргнаа кон скијачкиот центар Банско на Пирин планина, Бугарија. Автобусот се наполни со ранци, куфери, скии и планинарски чизми. Како и секогаш во автобусот некому е многу топло, некому ладно, гласна е музиката, силно е светлото... И така, во постојана дискусија со возачот, околу полноќ стигнавме во Банско, по чии улици, иако доцна, беше доста раздвижено. Бевме сместени во неколку удобни хотели „Вихрен“, „Панорама“ , „Иван Рилски“ и „Надежда“...
>> Детален извештај <<.


Јакупица: Прерок - 30 јануари 2011
Новиот снег што падна изминатите денови и тоа во поприлични количини по нашите планини беше причина која ме наведе да размислувам за некоја тура на помала надморска височина - за да не наидеме на премногу снег. По кратко размислување погледот се насочи кон источниот дел од Јакупица - на граница со Голешница. Веќе порано го разгледував овој терен кој ми изгледаше доста интересен а никогаш не сме се упатиле натаму. Потребата од средба со господинот ултрамаратонец Зоран Димов од Велес беше факторот кој одлучи да одиме во овој регион. Селото Лисиче со браната и вештачкото езеро веднаш до него се чинеше убава појдовна точка за новата авантура. Претпоставував дека поради снегот нема да можеме премногу да изминеме, но доволно ќе биде - како за прв пат, да се искачиме на еден врв и да се запознаеме со околината - и да фрлиме поглед накај Солунска Глава од еден нов агол...
>> Детален извештај <<.

Скијање во Саалбах-Хинтерглем, Австрија (8-15 јануари 2011)
Додека во автобусот се подготвувавме за долго возење кон Македонија, задоволни од прошетката низ Салцбург, Никола го зеде микрофонот и почна: „Со Миланка и со Горан се потрудивме да подготвиме убав зимски одмор во Саалбах. Скијавме на одлични стази, видовме многу места, Цел ам Зее, Саалфелден, Капрун, имавме убаво време, пешачевме,...“. Патешествието кон Македонија е посебна приказна, но престојот во ски центарот Саалбах беше многу интересен. Ски центарот Саалбах-Хинтерглем е прогласен за „Најдобро поврзан ски центар во Австрија“. Тоа е ски центар со 200 км скијачки стази (сини, црвени и црни) со 55 жичарници и ски-лифтови, со 42 „бачила“ за одмор во текот на скијањето, и со многу Appre ski барови (за забава после скијањето)...
>> Детален извештај <<.


Шар Планина: Горна Лешница - Лешнички водопад - 16 јануари 2011
Горна Лешница е посебна убавица на Шар Планина, свет кој постои сам за себе и само понекогаш ние обичните смртници се решаваме да појдеме натаму, да примиме малку од таа вечна убавина - во себе. А движење на овој терен во зимски услови многу ретко се случува, поради вообичаено големите количини на снег што се собираат во тој дел на планината и опасноста од лавини. Јас морам повторно да истакнам дека она што - според мене - ја прави акцијата успешна е добриот план, секогаш со неколку алтернативни решенија и - 80% од успешноста - прецизна временска прогноза и прилагодување на акцијата, на составот на групата, на потребната опрема, храна и облека - на тие конкретни услови...
>> Детален извештај <<.


Шар Планина: Антени - 08 јануари 2011
Прва акција на планина во новата 2011 година. Временска прогноза - одлична - сонце, слаб ветар. Дестинација - Попова Шапка. Учесници (со две коли): Перо, Александра, Јоцо, Марин, Вања и јас - Трајче. Поаѓаме од Скопје во 5:30. Околу 7 сме на Шапка. Кратко пресоблекување - сонцето се уште не е излезено, но околу е веќе светло. Времето мирно, убаво - Шапка - скијачкиот дел - уште спие - снег - малку - едвај да може да се скија, на места голо, трева, камења. Но нашиот план е нагоре. Поаѓаме кон Церипашина, следејќи ги горе-долу столбовите. Изгрева сонцето - долу под нас - Македонија потопена во морето од магла, само неколку островчиња ѕиркаат...
>> Детален извештај <<.


Јакупица : Салаковски езера од село Цветово - 25 декември 2010
Променливите временски прилики во изминатиот период и прецизната временска прогноза од нашиот верен пријател - норвешкиот сајт за временска прогноза - не натераа да испланираме акција на овој терен. На Шара видовме дека ќе биде врнежливо и со силен ветар, па не сакавме пак да имаме неуспешен обид како минатиот викенд со екипата од Белград. Во меѓувреме се слушнавме со Жика (Жикица Ивановски) од Штип - наш пријател, алпинист, велосипедист на долги стази и маратонец, кој најави дека сака да се придружи на некоја наша акција. Прашањето беше дали да трчаме - на пример Скопје - Водно - Матка, но таа варијанта ја отфрлив бидејќи претпоставив дека ќе има многу кал на патеката и нема баш многу да се изнатрчаме. Затоа, во договор со Васко и Перо, се одлучивме за пат до Салаковски езера од село Цветово. Однапред знаевме дека е ова долга тура и дека ќе бара максимално залагање за да успешно се реализира...
>> Детален извештај <<.

Беловиште - Пирибег - СНЕГ И СОНЦЕ - 05 декември 2010
Еднодневна акција на Шар Планина изведена во вистински зимски услови. Учесници : Петар Герасимов, Горан Николоски, Трајче Панковски. Искачувањето го направивме во друштво на планинарите од Тетово Звонко и Мики, со кои се сретнавме на почетокот на искачувањето, како да бевме договорени. Недела наутро - 5:30 поаѓаме од Скопје кон Тетово. Од Тетово се движиме во десно во правец на северниот дел од Шара. Пристигнуваме во Беловиште, прекрасно село во подножјето на Шар Планина - убаво средено со убави куќи и прекрасен плоштад. Тука ја оставаме колата. Во селото сме околу 6:45 часот. Температурата е околу нулата, почнува ситно да провејува снег...
>> Детален извештај <<.


Сува Гора : с.Ларце - Табахон - Матка - 27 ноември 2010
Во сабота - рано наутро - мала група авантуристи појде со возило од Скопје во правец на Тетово - поточно во близина на с.Групчин. Мојата сопруга не вози нас тројца : Васко Саздовски, Александар Кираџиев и мене - Трајче Панковски. Претходните денови беше врнежливо, па малку бевме во прашалници за квалитетот на патот што не чека. А она што го замисливме беше нешто што би го нарекле авантуристичка тура - движење од едно до друго место - терен досега непоминат, со барање на патот во тек на движењето, а на места каде што може да се трча - да трчаме...
>> Детален извештај <<.


Љуботен и Пирибег - 20-21 ноември 2010
Во деновите 20 и 21 ноември ПД "Макпетрол" имаше заедничка акција со нашите пријатели од Србија од ПК "Балкан" од Белград. Главна цел на акцијата беше искачување на два врва на Шар Планина - Љуботен (2499m) и Пирибег (2524m). Првиот ден - саботата - имавме пријатна можност да земеме учество во акцијата "Ден на дрвото". Имено, во утринските часови ние со нашите пријатели од Белград се собравме во близината на Меѓународната Автобуска станица во Скопје и тука, во присуство на г-дин Борис Трајанов, г-ѓа Атина Бојаџи и други активисти од оваа навистина хумана акција - беа посадени неколку млади садници...
>> Детален извештај <<.



Со веселиот автобус на Мусала - 12-14 ноември 2010
„Мотори, мотори, моторииииииии“ пееше Зорица на микрофон, додека патниците од автобусот на „Галеб“ од Охрид, кој возеше покрај нас, зачудено гледаа што се случува во нашиот автобус. Во веселиот автобус сите пееја, ракоплескаа и се смееја на музичките изведби на Зорица, докторката Мира, Коле. Се пееше и играше и на “Let's twist again“, „Несаница“, „Чакам те да дојдеш“, „Реката Марица ракија да стане“, се играа чочеци, ...
>> Детален извештај <<.




Караџица планина - кружна тура - 13 ноември 2010
Некои работи во животот едноставно се случуваат - без многу да ги планираш. Тогаш и самите себе си се изненадуваме, особено кога работите ќе излезат на добро. Така беше и со оваа акција. Во понеделникот видов дека прогнозата за викендот е повеќе од одлична, и иако не планирав никаде да одам, сепак некако ми беше жал така да ми поминат два дена викенд - особено што испадна дека дома немам премногу обврски. Па добро, каде да се оди - ајде до Патишка Река - еднодневна. Ама кога веќе сме таму, зошто да не пробаме нешто ново - дамнешна желба ми е да се искачам на врвовите на Караџица планина. Ја испланирав рутата, гледав да биде стрмна и интересна...
>> Детален извештај <<.


Два дена на планината Стогово – 30-31 октомври 2010
Убавините на планината Стогово ни се познати од порано, од поранешни патувања и планинарења во овој крај. Но убавините на карпестите и стрмните предели, кои како магнет не влечат во последниот период направија да ја замислиме и изведеме оваа акција. Бевме во дилема, дали да фатиме од лево од Гари и да се качиме на карпите на Кршисер, па натаму да одиме кон Бабин Срт, или пак да фатиме од десната страна и да го минеме речиси целиот гребен, а особено Кокошкина Краста, Бик Дорук и Канеш, кои беа нај-карпести и најстрмни. Се определивме за вторава варијанта - убавините на овој дел - особено на Бик Дорук - беа пресудни...
>> Детален извештај <<.


Шарпланинска есенска прикаска - 24 октомври 2010
Имаше повеќе заинтересирани планинари за неделното искачување до врвот Бакардан но на пат тргнаа сите двајца (Перо и Марин). Временската прогноза беше идеална, терминот за поаѓање од Скопје 05:30h, а целта ни беше да го видиме изгрејсонцето, згазнеме и допреме за прв пат оваа есен ново снекче, појдеме до Бакардан, се надишиме воздух, фотографираме, уживаме во се наоколу и така освежени се вратиме назад до 18h, па малку одмор по дома, и потоа вечерта на Jazz, но не испадна така, ама ниту Перо ниту јас не се лутиме, туку би посакале на сите Вас што ќе го читате текстов да Ви се случи нешто слично. Многу пати сум бил по оваа маршута, ама за прв пат во еден ист ден да доживеам да се поклопат толку убави, и ретки нешта кои остануваат и долго се паметат, а се започна со претрчувањето на средно голем волк на 7 - 8 метра пред нас ...
>> Детален извештај <<.


Русе, Велико Трново, Ботев врв (2.376 м.), Р.Бугарија - 8-11 октомври 2010
Во организација на три планинарски друштва од Скопје (ПД „Макпетрол“, ПД „18 Август“, ПД „Кораб“) и со учество на членови од Планинарскиот клуб „Балкан“ од Белград, Република Србија, меѓу 8 и 11 (па и 12) октомври, беше изведена планинарско-излетничката акција „Русе – Велико Трново - Ботев Врв“, во Република Бугарија. На акцијата учествуваа 60-тина планинари и излетници, кои по убаво време посетија интересни населени места, манастири, ... а 33 од нив го искачија највисокиот врв на Стара Планина, Ботев врв, висок 2.376 м...


>> Детален извештај <<.


Кораб планина : Бабин Камен и Шупља Стена - 10 октомври 2010
Масивот на планината Кораб е прекрасен, но за жал, за нас планинарите, сметам се уште недоволно истражен дел од македонските планини. Со своите гребени, остри врвови, длабоки долини, многу реки и езерца претставува остров на недопрена убавина. Се надевам дека барем ние планинарите ќе се погрижиме и во иднина тоа да остане така, да уживаме во природата без да ја загадуваме и уништуваме. Приказната почнува горе-долу стандардно. Идејата за турата кружи низ глава одреден период, се прави план, се трасира патека, се бара друштво. Овој пат со нас (Марин и Трајче) дојде уште Петар Герасимов (Перо) - и тој член на П.Д. "Макпетрол" и Андреја Јакимовски - член на "Македон". Рано наутро во недела - 10.10.2010 поаѓаме од Скопје со возилото на г-н Перо..
>> Детален извештај <<.


Шар Планина : Езерски Врв - Бистра - Три Воде - 19 септември 2010
На 19 септември 2010 година изведовме еднодневна планинарска акција на Шар Планина - поточно во северниот дел на планината.
Ги искачивме Доброшки Врв (2354m), Езерски врв (2586m) и неколку врвчиња од гребенот на Бистра, со висина од околу 2600m. Учесници во акцијата: Марин и Трајче од ПД "Макпетрол" и Ана и Ненад Радевски од СКК "Екстрем". Планот беше претходно разработен, а целта на оваа акција беше да се запознаеме со овој поретко посетуван, а многу убав дел од Шар Планина, како и испитување на силите - да се искачиме на Шар Планина од подножјето и да се вратиме назад во еден ден. Искачената висинска разлика од 2365 метри и изминатите 31 km за 12 часа доволно зборува за сериозноста на акцијата...
>> Детален извештај <<.


Рибничка Скала (2305m) - Кораб - 12 септември 2010
Секој планинар кој барем еднаш бил на Голем Кораб по релативно добри временски услови, не можел а да не ја забележи низата од врвови кои се протегаат паралелно со патеката, во правец исток - запад. Тоа е еден прекрасен низ од карпести остри врвови кои ви го пленат погледот и објективите на фотоапаратите. А помеѓу тие врвови и патеката за Голем Кораб се наоѓа долината на Длабока Река, притока на Рибничка река, позната по тесниот кањон и најголемиот водопад кој се формира во горниот тек на реката. Oвој гребен во горниот дел се спојува со р'бетот на Кораб кој се движи во правец север - југ и на север веднаш се наоѓа Мал, па Голем Кораб...
>> Детален извештај <<.




4 дена Шар Планина - полн пансион - август 2010
Од 15 до 18 август група од четири планинари - сите членови на ПД "Макпетрол" од Скопје изведовме 4 дневна планинарска тура по Шар Планина. Учесници беа: Марин Стојановски, Вања Милев, Деан Тодоров и Трајче Панковски. Облека, храна, шатори и останата опрема за ПОЛН ПАНСИОН - 4 дена и 3 ноќи - сето тоа на почетокот го ставивме во едно возило во мугрите тоа рано саботно утро и појдовме кон Попова Шапка, оптимистички настроени и среќни дека конечно замислената тура ќе почне да се реализира...
>> Детален извештај <<.




"Во центарот на светот" Маљовица (2730m) - Р.Бугарија - 21 и 22 август 2010.
На 21/22 август 2010 година (сабота/недела) Планинарското друштво „Макпетрол“ од Скопје организираше интересна планинарска
акција во Република Бугарија. Искачување на врвот Маљовица (2.730 м.) на планината Рила, посета на седумте Рилски езера и на Рилскиот манастир. Во саботата наутро веќе бевме во гратчето Сепарева Бања полно со посетители кои бараа лек за своите болки во топлата, лековита вода. Денот беше сончев и убав и баш ни годеше излетот во планина. До планинарскиот дом „Рилски езера“ каде што требаше да спиеме вечерта, се стига или со жичарница, или со џипови, или пешки за околу 2 часа пешачење. Се чудевме зошто утрото стотици коли и уште повеќе луѓе одеа кон жичарницата и кон Рилските езера...
>> Детален извештај <<.



ГОЛЕМА АКЦИЈА: Монте Чинто (Корзика), Гран Парадизо (Италија), Мангарт (Словенија) - јули / август 2010.
Детален извештај од големата годишна акција на нашето планинарско друштво, заедно со ПД "Балкан" од Белград,
Србија и "Рилски Турист" од Самоков, Бугарија Од 17 јули до 2 август 2010 година Посета на многу интересни локации и искачени три големи врва : Монте Чинто (2706m) на Корзика, Гран Парадизо (4061m) кој е највисок врв во Италија кој целосно се наоѓа на италијанска територија, Мангарт (2678m) Словенија кој е четврт по висина врв во Словенија, но многу атрактивен....
>> Детален извештај <<.




Љуботен и Пирибег - 1, 2 август 2010.
Дводневна акција од Старо Село до домот Љуботен, потоа под Козја стена до седлото под Љуботен, искачување на Љуботен и назад до седлото, потоа преку Куле до Ливадица. Спиење во шатор под врвот Ливадица. Следниот ден Кучиногледски врв (Пирибег), па назад, но од другата страна на Љуботен преку ридот Занога, премин преку Љуботенска река - до Старо село. Ова е краткиот рапорт за акцијата на која учестувуваме Марин, Васко и јас (Трајче). Појдовме од Скопје околу 7 часот. Во 8 и 20 поаѓаме пешки од Старо село. Околу 10 сме во домот "Љуботен". Срдечна средба со домарот Митко, го прашуваме за здравјето, го информираме каде планираме да одиме. Ни кажува дека за Илинден традиционално се собираат многу луѓе на Ливадичко езеро, особено доаѓаат од с. Штрбце - српско село од Косовска страна...
>> Детален извештај <<.


Рудина и Голем Крчин - 10 јули 2010.
Искачувањето на Голем Крчин како акција си беше зацртано во програмата на нашето планинарско друштво уште од крајот на минатата година. Кога се приближи терминот за реализација, видовме дека се пријави мал број на заинтересирани, главно како подготвителна акција за големата годишна акција на Монте Чинто - Корзика, Гран Парадисо - Италија и Мангарт - Словенија. Јас и Марин го имавме еднаш искачено Голем Крчин, но желбата за повторно искачување си постоеше уште од првиот пат. Уште тогаш особено вниманието ни го привлече вториот по големина врв на тој масив - Рудина, кој е за околу 100 метри понизок од Голем Крчин но е многу поатрактивен (читај : покарпест) и претставува убав предизвик за секој планинар...
>> Детален извештај <<.


По трасата на Гасоводот - 16 мај 2010.
На 16 мај 2010 година (недела) се одржа по трет пат традиционалната годишна акција на нашето планинарско друштво "По трасата на Гасоводот". Оваа година се определивме да понудиме можност за избор на патеката - па имавме две патеки : полесна и пократка - за рекреативци, постари планинари и подмладок и втора - подолга и потешка - за активни планинари. Одзивот на заитересираните планинари оваа година беше навистина голем и се пријавија повеќе од 200 планинари за двете патеки. Но, силниот дожд и невремето кое се случи во саботата - ден пред акцијата, најверојатно поколеба еден дел од пријавените така да на акцијата земаа учество околу 130 учесници...
>> Детален извештај <<.


Два врва во два дена – Пелистер (2.601m) и Магаро (2.254m) - мај 2010.
Во организација на планинарските друштва „Макпетрол“ и „18 август“ десетина планинари од Скопје, Куманово и Гостивар учествуваа на традиционалното мајско искачување на Пелистер. На 7 мај 2010, петок, со комбето со најубави завеси, расположени бидејќи штотуку ни заврши работната недела, тргнавме кон Битола и кон Баба планина. Пред да се сместиме во Детското одмаралиште на Баба планина, свративме во Битола. А, Битола, весела, весела. Излегле битолчани по Широк сокак, се распеале, засвиреле. Луѓето уживаа во музиката на групата „Паркети“, во хитовите на народна музика, уживаа во кафе во полните летни тераси, и во пица и пиво во пицеријата „Буре“. Ноќта беше ведра и расположени легнавме во исчекување на искачувањето...
>> Детален извештај <<.


Галчин и Орле - 24-25 април 2010.
Во близината на Кавадарци има неколку планински врвои кои се навистина интересни и кои привлекуваат внимание уште од далеку, кога се движиме по асфалтниот пат кон Кавадарци и Прилеп. Со својата убавина особено се истакнува врвот Орле - т.е. она што луѓето од овој крај го нарекуваат Орле, а всушност е врвот Галчин. Галчин и Орле се два врва еден до друг, карпести и привлечни за качување, а со својата висина и позиција доминираат над целиот тој предел. Не се со голема висина - 1472 и 1480 метри, но сметам дека апсолутната висина на еден врв не смее да биде мерило за тоа дали треба да се оди на тој врв, дали е доволно убав, интересен, претставува ли предизвик. Галчин и Орле се навистина голем предизвик и големо залче за секое планинарче и јас заедно со моите пријатели Марин и Васко топло ви го препорачуваме неговото искачување...
>> Детален извештај <<.


Сува Планина - 18 април 2010.
Сува Планина е планина во комплексот Караџица, Јакупица, Даутица. Географски таа го претставува најистурениот северо-западен крак на овој комплекс. Се протега во правец север-југ, почнувајќи некаде од селото Нова Брезница, односно од местото каде сега се наоѓа браната Козјак, од запад е заградена со текот на реката Треска, односно сега со водите на езерото, а од исток со долината на Патишка Река. На југ оди до Мирска Вода, каде што продолжува во планината Караџица. Планината е варовничка и има изразит карстен рељеф, со многу дупки, вртачи, јами, пештери. Блиску е до Скопје, но ретко посетена, бидејќи обично се оди на повисоките врвови во близината: Убава, Остри Врв, Миленков Камен и тоа од селото Патишка Река...
>> Детален извештај <<.


Костадиница - Осоговски планини - 02 април 2010.
Денешната акција имаше истражувачко-маркирачки карактер. Имено, на 16 мај оваа година треба да се одржи (по трети пат) нашата акција -
"По трасата на Гасоводот". Оваа година решивме да воведеме мало освежување во однос на патеката, односно да направиме една варијанта до
врвот Костадиница кој всушност со својата висина од 1645 m доминира над Крива Паланка. Со Марин појдовме од Скопје во 6 часот и веќе
околу 7 бевме во Крива Паланка. Паркиравме кај мотелот "Македонија" и потоа се вративме малку назад кон градот, од каде требаше да стартува
патеката. На бензинската пумпа добивме коментар "Кај сте тргнале вака у ниедно време". Оваа акција ни беше предизвик бидејќи овој терен
досега не сме го оделе, туку исклучиво од карти и од Google Earth ја исцртавме патеката во GPS. Не само што требаше да ја поминеме,
туку требаше и да ја маркираме (со мали црвени кругчиња) патеката, што значи дека не смеевме да си дозволиме грешка...
>> Детален извештај <<.

Миџор (2.168 m), - Стара планина - 26-28 март 2010.
Извештај од акцијата одржана на Стара Планина во Р.Србија на врвот Миџор од Горан Николоски.
"Клинтон је крив" рече како за себе Дејан, возачот на комбето газејќи во длабокиот снег. Кисело се насмеавме гледајќи со неверица во снежната виулица. Таа изрека е вообичаена кај Србите кога се шегуваат за некој неочекуван проблем. „Кога падна олкав снег?“ се чудевме сите на 30-те сантиметри нов снег и на силниот ветер кој правеше навеви во неделата наутро. “Ноќеска во 3 почна да врне“ рече Славица од Белград. „Како ли ќе се симнеме долу, во Ниш? Дали стана некој од возачите на камионите за чистење снег?“ - викна некој од групата. А, саботата беше сончев и ветровит ден. 10-тина планинари од Македонија и Србија во организација на планинарските друштва "Макпетрол" од Скопје и "Балкан" од Белград тргнаа полека кон Миџор, 2.168 метри високиот врв на Стара планина, највисок врв во Србија...
>> Детален извештај <<.

Шарпланинска трилогија - 21 март 2010.
"What a perfect day". Утрово се разбудив во 5 часот - не можев да спијам - се уште бев под импресии од вчерашната акција.
И додека им подготвував појадок на децата една мисла постојано ми беше во главата. "Не може да имаш перфектен ден во планина ако не ти е перфектна екипата со која одиш". Вчера ја имавме таа среќа - сите коцкици се сложија и имавме навистина перфектен ден. Но, да почнеме од почеток. Поаѓање од Скопје договоривме за 4:30. Немав во главата конкретен план, но сакав да имаве доволно време
за разни комбинации. Во Тетово кај жичарницата го земаме Валдет Османи, со кој преку Facebook се договоривме дека ќе ни се придружи.
Останати членови: Марин Стојановски, Васко Саздовски и јас - Трајче Панковски. На Попова Шапка сме пред 6 часот. Се подготвуваме и во 6:05 поаѓаме кон Церипашина пратени од првите зраци сонце...
>> Детален извештај <<.



Маглиќ, Трновачки Дурмитор - 25-28 февруари 2010.
Од 25 до 28 февруари јас и Марин Стојановски земавме учество во акцијата која се одржа во пограничната зона помеѓу Босна и Црна Гора, во близина на Фоча и Тјентиште. Станува збор за група од неколку планини кои конвергираат во една точка во која се има сместено прекрасното Трновачко езеро. Тука поминавме три незаборавни дена заедно со екипата организирана од П:Д. "Раднички" од Белград, односно од Драган Павловиќ, а во која учествуваа 20-тина планинари од Србија и уште 5-6 од Босна и ние двајца од Македонија...
>> Детален извештај <<.






Титов Врв - 17 јануари 2010.
Нова година - нови почетоци - планови за понатаму. Битен елемент за да се реализира било каква поголема ација
(да се искачи некој "голем" врв - е постојано да се одржува формата, да се тренира, особено во зимскиот период - во зимски услови. Она што сега ќе го направиме ја создава основата за идните посериозни искачувања. Затоа желно чекаме да се отвори временски "прозор" - барем еден дел кога времето ќе биде доволно добро за да може да реализираме добар тренинг...
>> Детален извештај и фото-галеријa <<.




Нови дерези - Шар Планина - 26 декември 2009.
Последна акција во оваа 2009 година. Прилика да го заокружиме искуството за оваа година што изминува, навистина богата со бројни успешни, интересни акции. Договорот падна да одиме во сабота - 26 декември - главниот фактор за оваа одлука беше временската прогноза. Марин, Васко, Ненад и јас (Трајче) поаѓаме од Скопје околу 6 и нешто. Не брзавме многу дека и планот не ни беше премногу амбициозен - знаевме дека горе ќе има силен ветар..
>> Детален извештај и фото-галеријa <<.




Држилово - Убава - 6 декември 2009.
Запис од еднодневната тура на Јакупица - од село Држилово до врвот Убава (2352m). Интересна патека, истражување на досега непоминат правец во тој регион: кал, магла, облаци, снег, сонце...
>> Детален извештај и фото-галеријa <<.






Титов Врв - 29 ноември 2009.
Запис од еднодневната посета на Шар Планина по нов снег - Попова Шапка - Церипашина - Антени - Бакардан - Титов врв и назад по истата патека. Мала екипа ама одбрана. Колку да не се седи во скопските и тетовските магли по цел ден, туку да се ужива во убавините на природата...
>> Детален извештај и фото-галеријa <<.






Љуботен - 14-15 ноември 2009.
Во деновите сабота и недела 14 и 15 ноември 2009 година се одржа акција на најсеверниот врв на Шар Планина - Љуботен (2948m) - прекрасен врв со алпски карактеристики - убав за гледање и убав за искачување, особено во зимски услови. Учесници на оваа акција освен планинари на ПД "Макпетрол" беа и нашите пријатели од ПД "Балкан" од Белград, а ни се приклучија и други планинари кои имаа желба да се дружат со нас...
>> Детален извештај и фото-галеријa <<.




Трем, Србија - 6-8 ноември 2009.
Во периодот од 06 до 08 ноември 2009 година членови на П.Д. "Макпетрол" учествуваа во акцијата на искачување на врвот Трем (1809m) во близината на Ниш, Р. Србија. Оваа акција беше во организација на ПД "Балкан" од Белград, со кои имаме постојан контакт и соработка. Прочитајте го извештајот на нашиот планинар Горан Николоски ...
>> Детален извештај и фото-галеријa <<.




Рила (Р.Бугарија) - октомври 2009.
Во периодот од 10 до 12 октомври 2009 година П.Д. "Макпетрол" изведе акција на планината Рила во соседна Р. Бугарија. Акцијата беше изведена заедно со П.Д. "Трансверзалец" од Скопје и П.К. "Балкан" од Белград. Беше тоа еден меѓународен состав на околу 100 планинари од Македонија, Србија и Бугарија. Појдовме од Скопје на полноќ помеѓу петок и сабота. Во Софија пристигнавме во раните утрински часови и бедејќи беше многу рано за продавниците во градот...
>> Детален извештај и фото-галеријa <<.




Олимп - септември 2009.
Извештај од патувањето во Грција - Олимп.Грција, во сабота наутро, 19 септември, не пречека со облачно, но топло време. 40-тина планинари се сместивме во Паралиа, град на море, додека зад нас скриен зад облаци, се издигнуваше планината Олимп, која беше цел на нашиот престој во Грција...
>> Детален извештај и фото-галеријa <<.





Дешат - Веливар - септември 2009.
Извештај од еднодневната тура на планината Дешат - врвот Веливар (2373 m) со поаѓање од с. Жировница, изведено на 20.09.2009. Од сите планинарски тури на кои одам, најголема возбуда ми предизвикуваат оние каде одам за прв пат, а особено ако се тоа патеки по кои и други не оделе баш често. Тоа ме тера едно две недели пред поаѓањето да читам за тој терен, долго да ги проучувам картите и GoogleEarth, да се распрашувам кај другите планинари. И пак, кога ќе дојдам на теренот - не знам ништо - тогаш се отвораат картите и гледаш на што си...
>> Детален извештај и фото-галеријa <<.




Белград, Авала - септември 2009.
Формирање на ново планинарско друштво, каде и да е, е повод за убаво дружење. Штотуку формираното Планинарско друштво „Балкан“ од Белград, организираше интересна акција „Со пешачење до здравје“ по околните белградски ридови. Тоа не можеше да помине без малата, одбрана група планинари од Македонија...
>> Детален извештај и фото-галеријa <<.





Крушево, Охрид, Галичица, Вевчани - август 2009.
Планинарските друштва „Макпетрол“ од Скопје и „Балкан“ од Белград, Србија, организираа интересно планинарско-разгледувачко-пливачко патешествие низ југозападна Македонија; Прилеп, Крушево, Охрид, Галичица, Калиште, Вевчани.
Со два минибуса, околу 30-тина луѓе од Македонија и од Србија утрото на 28 август, петок, тргнаа по убаво време кон Крушево.
Србите беа зачудени кога од далечина го видоа високо издигнатото Крушево, како гнездо на дрво, на надморска височина од 1250 метри (највисокиот град на Балканот)...
>> Детален извештај и фото-галеријa <<.




Елбрус (5642m) - јули 2009 .
Детален извештај за експедицијата на највисокиот врв на Европа - Елбрус на Кавказ во Русија. Опис на патот, аклиматизацијата, подгоговките за искачување на врвот, самото искачување и враќањето до Москва и потоа до Скопје...


>> Детален извештај и фото-галеријa <<.


Алпи Словенија, Швајцарија, Франција - лето 2008 .
Детален извештај за големата акција организирана заедно со П.Д. "Победа" - од Белград - искачување на Гринтовец (2550m) во Словенија, Брајтхорн (4175m) во Швајцарија и Мон Блан (4808m) во Франција...


>> Детален извештај и фото-галеријa <<.


3 Највисоки врвови во 3 земји - јули 2008.
Планинарот Горан Николоски од ПСК Макпетрол заедно Борко и Селена од Србија направија подвиг искачувајќи се на трите највисоки врвови во три земји - Миџор (Србија), Триглав (Словенија) и Гросглокнер (Австрија). Прочитајте го извештајот и уживајте.
>> Детален извештај и фото-галеријa <<.




Галичица - септември 2007 .
Марин и Трајче од ПСК "Макпетрол" учествуваа во акцијата на ЦСО (Центар за Стручно Оспособување) при ФПСМ на Галичица. Ние поминавме два прекрасни дена во планинарење и дружење. Дел од програмата (поради која и бевме повикани) беше практично вежбање на користење на GPS уред за ориентација во планина и снимање на планинарски патеки ...
>> Детален извештај и фото-галеријa <<.




Алпи Австрија, Словенија, Италија Доломити - лето 2007 .
Планинарите од ПСК Макпетрол заедно со уште неколку луѓе од Македонија и дваесетина луѓе од Србија - во организација на ПД Победа од Белград поминаа десетина незаборавни дена искачувајќи три големи врва и уште многу други работи...
>> Детален извештај и фото-галеријa <<.





Банско - Пирин планина (Бугарија) - февруари - 2007.
Доживувања на планинарите од патувањето во Банско, во организација на П.Д. "Макпетрол" и "18-ти август", поточно на помалата група од 6 планинари и една планинарка кои се упатија кон врвовите на Пирин планина.
>> Детален извештај и фото-галеријa <<.





Кобилица - јануари - 2007.
Еднодневна тура на Кобилица.
>> Детален извештај и фото-галеријa <<.




Голем Крчин - декември - 2006.
Еднодневна тура на Голем Крчин.
>> Детален извештај и фото-галеријa <<.






Патишка Река - Убава - октомври - 2006.
Прекрасна еднодневна тура на преубавите наши планини.
>> Детален извештај и фото-галеријa <<.

 





Кобилица - септември - 2006.
Прекрасниот врв Кобилица на Шар Планина - наша дамнешна желба - конечно го искачивме.
Убава еднодневна тура која треба почесто да се практикува
>> Детален извештај и фото-галеријa <<.

 


Фрушка Гора - Ултрамаратон - април - 2006.
Марин го опишува своето несекојдневно искуство на 29-тиот Фрушкогорски маратон - на патека долга 102 км и 740 метри.
>> Детален извештај и фото-галеријa <<.





Љуботен - март - 2006.
Марин со своата екипа и со планинарите од П.Д. Победа од Белград беа на Љуботен. Нашите планинари го искачија Љуботен два пати.
>> Детален извештај и фото-галеријa <<.
>> Izvestaj na latinica za nasite prijateli koi ne znaat dobro kirilica ili makedonski <<.

 



Миџор - март - 2006.
Во организација на П.Д. Победа од Белград нашиот планинар Марин Стојановски беше на врвот Миџор (2169m) и оттаму ни донесе прекрасна репортажа.
>> Детален извештај и фото-галеријa <<.

 



Шар Планина - февруари - 2006.
Во организација на П.С.К. Трансверзалец се организираше искачување на Титов врв во зимски услови. Поради временските услови групата се искачи до антените на Церипашина. Заедно со нас беше и група од Х.П.Д. Мосор од Хрватска.
>> Детален извештај и фото-галеријa <<.

 



Кораб 2005.
Планинарите од П.Д. "Макпетрол" заедно со уште околу 1000 планинари од вкупно 17 земји учествуваа на 14-то традиционално искачување на највисокиот врв во Македонија Голем Кораб (2754m).
>> Детален извештај и фото-галеријa <<.

 



Мусала 2004.
Планинарите од П.Д. "Макпетрол", "Трансферзалец" и "18 август" беа во Бугарија - искачување на Боровец - Мусала (2925,40m).
>> Детален извештај и фото-галеријa <<.

 




Стара Планина 2004.
Планинарите од П.Д. "Макпетрол", "Трансферзалец" и "18 август" беа во Бугарија - искачување на Стара Планина - Ботев врв (2376m).
>> Детален извештај и фото-галеријa <<.





Олимп 2004.
Неодамна планинарите од Макпетрол, заедно со своите колешки и колеги од планинарските друштва "Трансферзалец" и "18 август" беа во Грција - посета на манастирите - Метеора и се искачија на Олимп - врвовите Scala (2866) и Mitikas (2918).
>> Детален извештај и фото-галеријa <<.

 


 

 

 


© Copyright 2004 - 2012 Makpetrol A.D. Skopje