ЗА НАС

Порака од претседателот

а а
  Андреја Јосифовски  
а а
„Макпетрол” А.Д. е најголемата компанија за дистрибуција и промет со нафтени деривати во Република Македонија со над 60-годишно искуство. Како значаен дел од македонскиот енергетски сектор, „Макпетрол” А.Д. поседува моќна инфраструктура за дистрибуцијаи продажба на нафтени производи. Исто така инвестирано е во развојот на гасовод преку кој на македонскиот пазат се дистрибуира природниот гас како алтернативно и еколошко гориво. Проширени се и трговските и деловни можности со различни производи.

Потрошувачите се на прво место во деловната филозофија на „Макпетрол” А.Д.. Сите во „Макпетрол” А.Д. сме посветени на задоволување на барањата на потрошувачите секогаш нудејќи квалитетни производи и услуги и поставувајќи високи стандарди на македонскиот пазар.

Тимската работа е дел од деловниот успех на „Макпетрол” А.Д.. Жолтата и сината боја на компанијата се препознатливи на пазарот како симбол за квалитет и за сигурни и професионални услуги.

„Макпетрол” А.Д. е компанија целосно посветена на постигнување најдобри финансиски резултати на пазарот. Но, нашата Компанија сериозно ја сваќа и корпоративната одговорност кон општеството во кое живееме, поттикнувајќи и помагајќи многубројни хуманитарни проекти, како и проекти во спортот и културата.

Нашите бизнис принципи се засноваат на интегритет, чесност и фер однос. Убедени сме дека со нашата бизнис филозофија и принципи „Макпетрол” А.Д. ќе стане водечка енергетска компанија на македонскиот пазар.

горе Горе

 

 

За нас Дејности Производи Картички Партнери Околина Контакт
© Copyright 2007 Makpetrol A.D. All rights reserved.