СТАНДАРДИ

Квалитет
 
Основната цел на „Макпетрол” А.Д. е да обезбеди квалитетно, сигурно и економично снабдување на пазарот со нафтени деривати, гас и еко горива.
 
 
Стандарди
 
Во „Макпетрол” А.Д. Скопје е имплементиран интегриран систем за управување со квалитетот и животната средина (IMS), согласно со барањата на стандардите ISO 9001: 2000 и ISO 14001:2004.
 
 
Лабораторија
 
Одлуката да се влезе во формирање на сопствена лабораторија беше клучна во позиционирањето на „Макпетрол” А.Д. на пазарот на нафтени деривати.
 
 

Стандарди

„Макпетрол” А.Д. има добиено цертификати за следниве стандарди:

ИСО 9001:2000,
ИСО 14001:2004,
ИСО/ИЕК 17025:2005

Цертификатот ИСО 9001:2000 е добиен во 2004 година од страна на цертификационата куќа Qualityaustria за воспоставен систем за управување со квалитет согласно со барањата на стандардот во Дирекцијата за сурова нафта, нафтени деривати и гас. Системот е документиран, се спроведува, се одржува и постојано ја подобрува својата ефикасност. Поради тоа, на рецертификационата проверка во 2007 година цертификатот е потврден.

Цертификатот ИСО 14001:2004 е добиен во 2007 година од страна на Qualityaustria за воспоставен систем за управување со животна средина согласно барањата на стандардот во Дирекцијата за сурова нафта, нафтени деривати и гас.

Според стандардот ИСО/ИЕК 17025:2005, во декември 2005 година е акредитирана Лабораторијата на „Макпетрол” А.Д. – Скопје, од страна на UKAS (британско цертификационо тело), каде што се вршат испитувања на квалитетот на горивата и акредитацијата се потврдува секоја година.

Во јуни 2006 година Лабораторијата е акредитирана од UKAS и ИАРМ за испитување на квалитетот на биодизелот – ФАМЕ.

Во тек се подготовките за цертифицирање на хотелите Струга и Маврово според барањата на стандардот ИСО 22000:2005 и очекување за добивање на А-интегрирана еколошка дозвола.

 

a a
   
a a
a a
   
a a
a a
   
a a
Политика за квалитет
и животна средина
ИСО 9001:2000 ИСО 14001:2004
зголеми зголеми зголеми
 

 

За нас Дејности Производи Картички Партнери Околина Контакт
© Copyright 2007 Makpetrol A.D. All rights reserved.