Почетна  Контакт  English
почетна Дејности Трговија Малопродажба Горива ТНГ ТНГ за автомобили
 
 
Автоплин

ТНГ или течен нафтен гас за автомобили е машавина од пропан и бутан и е наменет за автомобилите што имаат вграден плински уред. На бензинските станици на „Макпетрол“ се продава под комерцијалното име автоплин. Како гориво за моторни возила е застапено на 47 бензински станици и истите можете да ги пронајдете на пребарувачот на содржините на нашите бензински станици. Автоплинот е економично гориво кое најмалку ја загадува животната средина, па затоа станува сe позастапено како погон на моторните возила. Неговите најважни предности се:

Еколошко гориво

Во издувните гасови на возилата што како погонско гориво користат ТНГ, присуството на штетни гасови е значително помало отколку во издувните гасови кај возилата што користат бензин или дизел. ТНГ не содржи бензен или олово, најштетните супстанции во другите горива, така што, при неговото согорување не се создаваат ситни честички, што се еден од главните извори на загадување во градовите.

Продолжен век на траење на моторот

Автогасот овозможува подолг век на експлоатација на возилото. Виталните делови на моторот се ослободени од наслојките што на нив ги создава бензинот. Употребата на ТНГ го продолжува векот на моторот од 30-50% во однос на мотор што користи само бензин, а на некои делови, како што е катализаторот, двојно им го продолжува векот на траење.

Еднакви перформанси

Современите ТНГ уреди гарантираат одлични перформанси на моторот и практично нема промена во однесувањето на возилото. Кај последната генерација ТНГ системи, нема разлика во силата и брзината на возилото во однос на возење на погон на бензин.

Економичност

Финансиските предности на користење на автогас се преголеми за да можете да ги игнорирате, без оглед дали сте сопственик на приватно возило, поседувате мал бизнис или поголема флота службени возила. Цената на автогасот е скоро двојно пониска од цената на бензинот, така што, со вградување автогасен систем значително ќе ги намалите трошоците за гориво.

Пронајдете услуга

  • Искористете ја можноста и преку нашата страна пронајдете каде може да наточите УЛТРА 100С гориво.

Совети за возачи

  • Дали возите економично? Прочитајте ги нашите совети и добијте уште повеќе од вашиот резервоар.
 
 
 
каталог на горива / PDF формат