Високооктанско гориво наменето за сопствениците на современи, високоперформансни и ефикасни автомобили и мотори што бараат зголемена моќност и максимални перформанси на своите возила. Специјалните, мултифункционални адитиви го гарантираат предвидениот квалитет на УЛТРА 100 С горивото. Најважните предности на новото гориво УЛТРА 100 С се:
Намалена потрошувачка поради детергентските својства што вршат отстранување на наслојките во системот за вбризгување. Овозможува подобро распрскување на горивото што доведува до зголемување на моќноста и ефикасноста на моторот.
Горивото содржи антикорозивни и антифрикциони супстанции што вршат подмачкување на компонентите на моторот и овозможуваат нивно полесно движење. Тоа резултира со зголемена моќност на моторот и, наедно, негова потивка и помирна работа.
Заштита на животната средина поради намалената емисија штетни гасови и честички.
Позитивните ефекти од УЛТРА 100 С горивото веднаш ќе ги почувствувате откако ќе го ставите во резервоарот за гориво на Вашето возило, и тоа без никаква доплата во однос на вообичаеното 98 октанско гориво на нашиот пазар.
Квалитетот на Ултра 100 С горивото е целосно во согласност со европскиот стандард за квалитет на безоловните бензини МКС ЕН 228, како и важечкиот Правилник за квалитет на течните горива во Р.М. |