УЛТРА 95+ е гориво наменето за сопствениците на поголемиот дел од старите и новите возила што бараат поекономично возење, без загуба на перформансите на возилото. Посебните адитиви обезбедуваат подобро согорување и искористување на горивото. Специјално дизајнираните адитиви во УЛТРА 95+ горивото го овозможуваат следново:
Намалена потрошувачка поради детергентските својства што вршат отстранување на наслојките во системот за вбризгување. Овозможува подобро распрскување на горивото што доведува до зголеменување на моќноста и ефикасноста на моторот.
Продолжен век на траење на моторот поради антикорозивните карактеристики што обезбедуваат заштита на компонентите на моторот.
Заштита на животната средина поради намалената емисија штетни гасови и честички.
Квалитетот на Ултра 95+ горивото е целосно во согласност со европскиот стандард за квалитет на безоловните бензини МКС ЕН 228, како и важечкиот Правилник за квалитет на течните горива во Р.М.