ULTRA Diesel Power Jet

За чист мотор и уживање во возењето


Висококвалитетното, кристално чисто дизел гориво ULTRA Diesel Power Jet сведочи најдобро за нашата заложба да ги применуваме најсовремените достигнувања во развојот на адитиви со високи перформанси. Со ULTRA Diesel Power Jet горивото излегуваме во пресрет на сложените барања на новите генерации возила со дизел мотори, како и на високите очекувања на сопствениците на возилата. За добивање на кристално чистиот ULTRA Diesel Power Jet се користи сложен технолошки процес на филтрација, исто како за филтрирање на авионските горива. Бараните својства на ова премиум дизел гориво ги постигнуваме со примена на најсовремен пакет на адитиви што дејствуваат врз повеќе подрачја. Целосното и контролирано согорување на ULTRA Diesel Power Jet горивото, придонесува моторот целосно да ја искористи расположивата енергија на горивото.

Ова својство се должи на високиот цетански број, што е во согласност со строгите барања на производителите на возила. Дизел моторот во Вашето возило ќе трае подолго и ќе работи потивко и посмирено, затоа што ULTRA Diesel Power Jet горивото поседува специјални адитиви за подмачкување како замена за сулфурот кој беше присутен во повисоки концентрации во старите дизел горива. Овие адитиви овозможуваат засилена заштита на моторот од корозија и поефикасно подмачкување на критичните делови во моторот. ULTRA Diesel Power Jet горивото воедно го штити моторот од штетни талози и ги отстранува евентуалните веќе создадени талози, што дополнително овозможува намалување на потрошувачката на гориво при работата на моторот и значително допринесува во зачувувањето на неговата техничка исправност.

Користењето на ULTRA Diesel Power Jet горивото во Вашето возило обезбедува:

Feature
Подобрено забрзување на возилото, благодарение на ефикасното согорување што се постигнува со високиот цетански број на горивото.
Feature
Намалена потрошувачка на гориво и пониска количина на штетни материи во продуктите на согорување, што повторно се должи на високиот цетански број.
Feature
Подобрено подмачкување и поефикасна заштита на моторот од абење, а со тоа и продолжен век на траење на моторот.
Feature
Потивка и помирна работа на моторот, особено при стартување на незагреан мотор, благодарение на примената на адитиви за подобрувње на мазивноста на горивото.
Feature
Одржување на чистотата во моторот, поради подобро распрскување на горивото и негово поцелосно согорување, што исто така придонесува за намалување на потрошувачката на гориво. Намалена емисија на штетни гасови и честички, за подобра заштита на животната средина.
Feature
Заштита од корозија на моторот поради отсуството на сулфур и сулфурни соединенија. Скратување на времето на полнење на резервоарот, што се должи на примената на адитиви против пенење.

Квалитетот на ULTRA Diesel Power Jet горивото е во целосна согласност со европскиот и македонски стандард за квалитет на дизел горивата МКС ЕН 590, како и со важечкиот Правилник за квалитет на течните горива во Р.М.



Заштита од корозија

Отстранување на наслагите на инјекторите

Подобри распрскувачки својства