ТНГ за бизнис

ТНГ за бизнис


„Макпетрол” обезбедува квалитетно, редовно и навремено снабдување на пазарот на големо, негувајќи го, притоа, еколошкиот аспект преку целосна посветеност кон заштитата на животната средина. Компанијата веќе неколку децении располага со полнилница за плински боци од 2,3,5,10 и 35 килограми. Исто така, „Макпетрол” ги поседува и складовите за пропан бутан гас во Миладиновци со капацтет од 2 х 150 м3 и 2 х 100 м3 и Гостивар со капацитет 2 х 1000 м3. Притоа професионалните и стручно оспособени тимови се гаранција за безбедно ракување со ваков тип енергенс.

Како логистичка поддршка „Макпетрол” поседува најсовремен возен парк што овозможува редовно и брзо снабдување на индустриските капацитети што како енергенс користат пропан бутан гас. Притоа, компјутерскиот систем за евидентирање при утоварот и растоварот, како составен дел на автоцистерните, е гаранција за точноста на испорачаното количество.

За подобрување на квалитетот, што е наше основно мото, пропан бутан гасот, наменет за користење како погон за моторите со внатрешно согорување, се збогатува со специјални адитиви. Благодарение на нив, пропан бутан гасот ги заштитува и ги чисти автомобилските мотори и ја чува животната средина.

Пропан бутан гасот што го продава “Макпетрол” е секогаш со карактеристичен мирис, со цел за негово навремено препознавање при евентуално неконтролирано истекување, како на отворен така и во затворен простор.

„Макпетрол“ АД е единствен на пазарот во Р. Македонија што поседува цертифициран сервис за контрола и сервисирање плински боци и противпожарни апарати што претставува гаранција за сигурноста и безбедноста при ракувањето со пропан бутан гасот.