Нова бензинска станица на „Макпетрол“


Започна со работа новоизградената бензинска станица на МАКПЕТРОЛ лоцирана на магистралниот пат Струга - Дебар. Новата бензинска станица се наоѓа на три километри оддалеченост од село Вевчани и зафаќа површина од околу 8.000 квадратни метри. Бензинската станица Ви нуди ултра квалитетни бензини, дизел и течен нафтен гас од УЛТРА фамилијата, како и висококвалитетно биодизел Б6 гориво. Притоа, преку современите апарати за гориво, истовремено може да бидат опслужени четири моторни возила. Исто така, тука можете да ги набавите супериорните Lubex и Repsol моторни масла, како и сите потребни течности за Вашите возила. На располагање Ви стои и простран паркинг, каде што може да се одморите и да се освежите со некој од освежителните пијалаци што ги нуди нашата бензинска станица.