Одржан меморијалниот турнир „Гаврило Гаврилски“


Кугларскиот клуб „Макпетрол“ на најубав начин го прослави својот 40-годишен јубилеј. Под покровителство на МАКПЕТРОЛ АД, а во организација на Kугларскиот клуб „Макпетрол“, на 16 декември беше одржан традиционалниот меморијален турнир во куглање „Гаврило Гаврилски“. На турнирот, 23-ти по ред, зедоа учество екипите на КК „Макпетрол“ - Скопје, „ЗП Спорт“ - Подбрезова од Република Словачка, „Борац“ - Бања Лука од Република Српска и екипата на „Црвена Звезда“ од Белград.

Во екипното натпреварување, првото место го освои екипата на „ЗП спорт“ - Подбрезова од Словачка, второто место припадна на екипата на „Борац“, третото место го освои „Црвена Звезда“ и на крај. на четвртото место се пласира екипата на КК „Макпетрол “. Во поединечниот натпреварувачки дел, првото место го освои Милан Јоветиќ од екипата на „Борац“, втор беше Вилмош Заварко, додека третото место му припадна на Петер Немечек двајцата од екипата на „ЗП спорт“ - Подбрезова.