Повторно пуштена во работа Бензинската станица 046 Гевгелија


Бензинската станица 046 Гевгелија, лоцирана веднаш до граничниот премин „Богородица“, е целосно обновена според барањата и потребите на потрошувачите и во согласност со современите технички стандарди. Сега, преку современите апарати за точење гориво, на оваа бензинска станица можат едновремено да бидат услужени до 10 моторни возила. Новиот архитектонски дизајн го покажува правецот во кој ќе се движат новите бензински станици на „Макпетрол“, па така оваа бензинска станица се простира на површина од 8.000 м2, со покриена платформа од 980 м2 и со продажен објект со површина од 900 м2. Обезбедено е место за одмор за сите, започнувајќи од фамилијарните патници на кои на располагање им стои специјализирана соба за преповивање бебиња, пристап и санитарен јазол за инвалидизирани лица, бесплатен Wi-Fi, како и паркинг за лесни и за товарни возила.

„Макпетрол“, преку инвестирање во овој проект, создаде репер преку кој бензинските станици стануваат многу повеќе од попатни станици за дополнување гориво. Тоа го направивме со единствена цел, преку брзата и ефикасна услуга оваа бензинска станица да стане редовно место за одмор и за релаксација на нашите потрошувачи, при секое патување по коридорот 10.