„Макпетрол“ одржа презентација на новите горива


„Макпетрол“ одржа презентација на новите горива Ultra Diesel Green Power и Ultra Diesel Bio Power, во хотелот „Белви“, во Скопје.

„Макпетрол“ како компанија, е секогаш ориентирана кон општеството и потрошувачите и веќе подолг период континуирано инвестира во развој на нови технологии и производи. Со тоа обезбедува повисок квалитет на своите горива, но истовремено, во најголема можна мерка, придонесува за заштита на природата. Новите премиум дизел горива на „Макпетрол“ се специјално дизајнирани горива со примена на најнови светски и европски искуства, како и најсовремена технологија за примена на адитиви и на други технолошки постапки. Со нивна употреба се постигнува зголемена ефикасност и моќност, заштита на моторот, намалена потрошувачка, и пред сè, намалена емисија на штетни издувни гасови и честички што е значителен придонес за заштитата на животната средина.

Исто така, во рамките на оваа презентација, „Макпетрол“овозможи организирана посета на својата лабораторија, каде претставници на Компанијата го објаснија процесот на создавање и контролата врз квалитетот на новите горива Ultra Diesel Green Power и Ultra Diesel Bio Power.