Промовирана „Верна GO“, нова мобилна апликација на Макпетрол


Макпетрол, како и досега, преку вакви и слични проекти, се труди да го подигне нивото на услугата за уште еден степен погоре. „Верна GO“ е одличен спој меѓу модерната технологија и транспарентниот систем на бензински станици на Макпетрол, наменета за домашните и странските корисници на нашите производи и услуги. Оваа современа и корисна мобилна апликација е наменета за потрошувачите со цел полесно да ги планираат и реализираат патувањата.

Апликацијата овозможува лесно пронаоѓање на најблиската бензинска станица, а во неа се содржани новости, промоции, како и информации за цените на горивата.

„Верна GO“ апликацијата е бесплатна и достапна за сите корисници на платформите Android и iOS. Истата официјално се download-ира преку сервисите GooglePlay и AppStore.