„Макпетрол“ АД- добитник на три признанија


На регионалниот самит на претприемачи од Централна и Југоисточна Европа одржан во Дубровник, „Макпетрол“ АД доби награди и признанија во три категории. Меѓународниот комитет за доделување награди и признанија, анализирајќи ги досегашните успеси на Компанијата, ја додели престижната Голема награда и признание за развој на идеи, иновации и инвестиции во претприемништвото во Средна и Југоисточна Европа на „Макпетрол“ АД и на претседателот на Управниот одбор, господинот Андреја Јосифовски.

Како дел од Самитот, посебната оценувачка комисија, на чело со проф. д-р. спец. Ненад Бркиќ, експерт за маркетинг и односи со јавност, направи избор и за најдобар комуникатор во проектот „Креатори за векови – 2018“. Токму ова признание, исто така, го доби претставникот на „Макпетрол“ АД, Мишко Тасевски, раководител на секторот за Маркетинг.

Како и досега, Регионалниот самит на претприемачи од Централна и Југоисточна Европа „300 НАЈДОБРИ“ се одржа со цел јавно признавање и привлекување на вниманието на јавноста кон успехот на претприемачите и лидерите кои со својот особен придонес за развој на претприемништвото во регионот, значително го поттикнуваат економскиот и општествениот развој.