Известување до имателите на обични акции на Макпетрол АД Скопје


Се известуваат сите иматели на обични акции дека Друштвото, согласно Одлуката број 0201-28/2-3 од 8.6.2019 година донесена на XXIII-тото Собрание на акционери, ќе врши исплата на дивиденда за обични акции во пари, во бруто-износ од 1.300 денари по акција, со датум на пресек на акционерската книга 2.7.2019 година.

Исплатата на дивидендата ќе започне на 8.7.2019  година.

Се известуваат акционерите кои немаат доставено податоци за трансакциската сметка, а заради исплата на дивиденда, да ги достават податоците до „Макпетрол“ АД Скопје на адресата: ул. „Свети Кирил и Методиј“ бр.4 Скопје, со назнака „за Сектор за финансии - за Акционерска книга“, или на следниов и-мејл: mihaјlo.borozanov@makpetrol.com.mk.

Физичките лица, треба да приложат и фотокопија од личната карта заедно со податокот за трансакциската сметка, со цел да се достават податоците до УЈП за пресметка на данокот од доход од капитал при исплата на дивиденди.

За сите дополнителни информации може да се обратите на телефон: 02 3146-139