Метанско гориво достапно и на бензинската станица Гевгелија


Продолжува инвестицискиот циклус во сопствените капацитети на најголемата компанија за нафта и нафтени деривати во државата, Макпетрол АД. Од денеска, на бензинската станица Гевгелија, непосредно по граничниот премин со Грција, потрошувачите ќе можат да наполнат метанско гориво во своите возила.

Компанијата веќе располага со четири постројки за полнење метан, лоцирани на бензинските станици Влае, Партизанска, Чојлија и Куманово, а оваа, во Гевгелија е петта во мрежата на бензински станици која на потрошувачите им овозможува да го користат метанското гориво.  

Исто така, од 1ви август оваа година, метанското гориво ќе биде достапно и на бензинската станица во Битола лоцирана на магистралниот патот кон Грција.

Една од примарните цели на работењето на Макпетрол АД е континуирано и сигурно снабдување на потрошувачите со нафтени деривати, биогорива и гас со врвен квалитет според највисоките европски и меѓународни стандарди.

Со ова инвестицискиот циклус на Макпетрол не запира, туку напротив продолжува понатаму. Плановите на компанијата од година во година се сè поголеми, со цел унапредување на сопствените производи и услуги со единствена цел - поголема достапност и задоволство на потрошувачите.