Известување до имателите на обични акции на Макпетрол АД Скопје, кои немаат доставено податoци заради исплата на дивиденда


Се известуваат сите иматели на обични акции дека Друштвото, согласно Одлуката број 0201-29/2-3 од 20.6.2020 година, донесена на XXIV-тото годишно Собрание на акционери, ќе врши исплата на дивиденда во пари, во бруто-износ од 2.000 денари по акција, со датум на пресек на акционерската книга 21.7.2020 година.

Се известуваат акционерите кои немаат доставено податоци за трансакциската сметка, а заради исплата на дивиденда, да ги достават податоците до „Макпетрол“ АД Скопје на адресата: ул. „Свети Кирил и Методиј“ бр.4 Скопје, со назнака „за Сектор за финансии - за Акционерска книга“, или на следниов e-mail: mihaјlo.borozanov@makpetrol.com.mk

Физичките лица, треба да приложат и фотокопија од личната карта заедно со податокот за трансакциската сметка, со цел да се достават податоците до УЈП за пресметка на данокот од доход од капитал при исплата на дивиденди.

Сите дополнителни информации може да ги добиете на телефон: 02 3146-419