Почетна  Контакт  English
почетна Дејности Трговија Големопродажба Биодизел Б100
 
 
 
Фабрика за биодизел - Макпетрол

Биогоривата, како обновливи горива од растително потекло, се единствена алтернатива на фосилните горива и значително ги намалуваат несаканите емисии при нивна примена во сообраќајот.

„Макпетрол“ го воведе биодизел горивото на македонскиот пазар на течни горива за транспорт, со визија да воспостави нова, биоенергетска платформа со усвоени стандарди што се однесуваат на производството, дистрибуцијата и квалитетот на биогоривата.

Производството на биодизел Б100, односно чист биодизел, „Макпетрол“ го остварува во сопствена фабрика, преку стандардна технологија, односно добивање биодизел - метил естри (FAME) преку процес на трансестерификација на маслото добиено со цедење на семето од маслодајната репка. Производствениот капацитет на фабриката е 20.000 тони биодизел гориво годишно. Произведениот биодизел го исполнува техничкиот европски стандард МКС ЕН 14214 што овозможува негово мешање со фосилниот дизел според стандардот МКС ЕН 590. За постигнувањето и одржувањето на квалитетот на биодизелот се грижи независна акредитираната лабораторија на „Макпетрол“.

„Макпетрол” АД е единствен производител на чист биодизел Б100 што е баран во соседните земји заради неговиот квалитет. Истовремено, врз основа на добиената лиценца од Регулаторната комисија за енергетика, мешавината од биодизел и фосилен е присутна под името биодизел Б6, што значи мешавина од 6% чист биодизел со 94% фосилен дизел.

Пронајдете услуга

  • Искористете ја можноста и преку нашата страна пронајдете каде може да наточите УЛТРА горива.

Совети за возачи

  • Дали возите економично? Прочитајте ги нашите совети и добијте уште повеќе од вашиот резервоар.
 
 
 
каталог на горива / PDF формат