Почетна  Контакт  English
почетна Дејности Услуги Хотели
 
 

Хотел Макпетрол - Струга„Макпетрол“ А.Д.- Скопје е компанија што, покрај основната дејност, промет со нафта и нафтени деривати, вклучува и комерцијални туристички услуги со тоа што поседува два хотела лоцирани на многу атрактивни места и коишто се на располагање во кое било време во текот на целата година. Хотелите се погодни за фамилијални одмори, а, исто така, и за организирање конгреси, семинари, конференции, конвенции и други активности од овој тип.

Хотел Макпетрол - МавровоХотелот Макпетрол во Маврово со својата местоположба на падините на Бистра  нуди исклучителна можност за вистинско уживање во зимските спортови, додека Хотелот Макпетрол во Струга, со својата местоположба на Охридското Езеро нуди исклучителни можности за комерцијален и деловен туризам во текот на целата година.