Планинска трка - По стапките на Крали Марко 2011
Прилеп, Р.Македонија, 1-2 октомври 2011
  
 

Планинска трка - По стапките на Крали Марко - 2011


<< Резултати (вкупно) >>
     << Резултати (мажи) >>      << Резултати (жени) >>


Туристичката агенција БРАЦО од Прилеп и ПСД МАКПЕТРОЛ Скопје имаат задоволство да објават дека заеднички организираат планинска трка - "По стапките на Крали Марко - 2011" , која ќе се одржи во претпладневните часови на 2-ри октомври 2011 година (недела). Трката се одржува во непосредна близина на познатиот православен манастир од 13 век - Трескавец (Успение на Пресвета Богородица) - во близина прекрасниот карпест врв - Златоврв. Целата оваа област поради својето природно и културно богатство е под заштита на UNESCO

Карактеристики на патеката

Должина : 16 km - патеката е убаво маркирана со мали црвени / бели линии и со знаменца каде е широк пат (каде нема камен за маркирање)
Висинска разлика : +770 m
/ -770 m
Старт во 9 часот пред ман. Трескавец (1250 m)
Цел : пред ман. Трескавец (1250 m)
Просечен успон / спуст: +9 % / -9 %
Максимален успон / спуст: +45 % / -27 %

Заб : Поради неодамнешните пожари, како и за подобра организација на трката, првобитната патека ја заменивме со нова, која почнува и завршува кај манастирот. Трасата во првите 4 км е спуштање од манастирот по широкиот пат - со дозволено кратење по потесните патчиња каде тоа теренот го дозволува (ќе бидат обележани со знаменца). Потао следи еден релативно рамен дел по широк селски (земјен) пат. Од местото Варош - кај познатата карпа Слон - почнува последната делница од патеката - искачување по земја, карпа, трева терен до манастирот. Еден сегмент е кос камен стрмен блок на кој има поставено сајла за придржување. Тоа е и најстрмниот дел од патеката.


трасата на трката


висински профил на патеката

Натпреварувачи

На трката може да се пријави секој кој има желба да учествува и се чувствува подготвен да го издржи предизвикот на трката. Старосната граница е 16 години - значи секој кој има наполнети 16 години може да учествува. Горна старосна граница - нема.

Има лимит во бројот на натпреварувачите - 50 натпреварувачи за оваа прва година на организирање на трката. По пополнување на лимитот од 50 натпреварувачи нема да се примаат нови пријави, односно ќе бидат одбивани. Се надеваме дека идната година ќе го зголемиме бројот на натпреварувачи, а најверојатно и должината на патеката, претворајќи ја во традиционална и квалитетна меѓународна планинска трка.

Списокот на пријавените натпреварувачи ќе биде објавен и постојано на web страницата на трката :

Пријавите се примаат најдоцна до 26 септември 2011 година , односно до пополнување на лимитот од 50 натпреварувачи.

Пријавување на mail : planinari@makpetrol.com.mk со Subject : Krali Marko Trail 2011

Во пријавата вклучете:
1. Име и Презиме
2. Датум на раѓање
3. Држава
4. Град
5. Клуб (планинарски, атлетски)
6. Учество и освоени места на разни планински и други трки

 

Програма

Сабота (01.10.2011) : Поаѓање од Скопје со автобус во во 7:00 часот - пред Пошта кај Железничката Станица. Пристигнување во Прилеп. Пешачење од Варош до ман. Трескавец (6 km). Пријавување за стартни броеви, вечера. Спиење во манастирскиот комплекс.

Постои варијанта за оние кои сакаат да бидат активни и во сабота - ќе организираме планинарска тура - искачување на врвот Козјак над Плетвар - интересно врвче со прекрасен поглед на пошироката област.

Поради специфичноста на сместувањето, ги молиме учесниците да се грижат и да го почитуваат достоинството на манастирот, движење внатре да не биде со шорцеви и кратки фустанчиња, да не бидеме прегласни и да им пречиме на монасите. Ќе има време и простор за веселба, но вон ѕидовите на манастирот.

Недела (02.10.2011) : Станување во 7 часот за натпреварувачите. Доручек до 8 часот. Загревање и подготовки за трката.
Старт на трката во 9:00. На трката ќе има три освежителни станици - со вода, сецкани банани, лимони, шеќерчиња. Прогласување на победниците во 13 часот. Потоа ручек. Во меѓувреме може кој сака да се искачи и на врвот Златоврв во близина на манастирот - атрактивен карпест врв.

Спуштање кон Прилеп во 17 часот и враќање за Скопје.


Цена за учество на настанот

Цената е симболична - поголемиот дел од трошоците ги покрива организаторот на трката - цената повеќе служи како израз на вашата сериозна желба и решеност да учествувате на овој настан. Во цената е вклучено : организиран превоз со автобус од Скопје до Прилеп (и враќање назад), ноќевање во манастирските конаци, вечера во сабота, појадок и ручек во недела, како и храна и вода на освежителните станици.

Цена за натпреварувачи : 1000 ден

Цена за елитни тркачи : 500 ден : под елитни тркачи подразбираме докажани натпреварувачи - за мажи - од 1 до 6-то место на квалификациони трки за европско и светско првенство во планинско трчање, за жени - од 1 до 3-то место на истите квалификациони трки, или истрчан маратон под 3:20 за мажи и 3:45 за жени.


Дипломи и награди

Награди - за првите три во машка и во женска конкуренција - Ќе бидат доделени медали и пехари. Ако има можност, ќе има и додатни парични награди за првопласираните, но во овој момент тоа не е сигурно - секако сметаме дека трките во планина треба да се трчаат од љубов - а не од материјални побуди.

Диплома за учество - секој натпреварувач ќе добие диплома за учество на трката.

Ве чекаме да се пријавите...

 

ПСД МАКПЕТРОЛ Скопје
(одговорен за натпреварувачкиот дел од настанот)

Трајче Панковски


прекрасниот манастирски комплекс

 

Патеката по етапи во 13 дела - со обележани километри и освежителни станици


дел 1: Старт (ман.Трескавец) - спуст до седлото


дел 2 : од седлото (раскрсницата) по полето


дел 3 : по полето - Освежителна станица бр. 1


дел 4 : по полето


дел 5 : по полето - раскрсница ком ман. Св. Архангел Михаил


дел 6 : по асфалтот на крајот на Варош


дел 7 : скршнување од асфалтот позади куќите


дел 8 : кај карпата - "Слонот" - Освежителна станица бр. 2


дел 9 : по широкиот макадам нагоре по брдото - околу Маркови Кули


дел 10 : по тесно планинско патче - земја, трева, карпи


дел 11 : помеѓу карпи и грмушки - има мала чешмичка, потоа следи косиот карпест блок по кој има сајла за придржување


дел 12 : Чешма со вода (Црквиште) и Освежителна станица бр. 3 - крајот е блиску


дел 13 : завршница - покрај патоказите за цел свет - на широкиот пат - до ман. Трескавец