Почетна  Контакт  English
почетна Дејности Трговија
 
 

Тежиштето на деловните активности на „Макпетрол" АД е обезбедување квалитетен енергетски микс на горива од доверливи извори, нивно складирање и дистрибуција во согласност со барањата за заштита на животната средина. Притоа, со сопствена технологија и и капацитети се врши подобрување на карактеристиките на горивата и се одржува нивниот квалитетот во сите фази на снабдување. Придружните дејности имаат за цел обезбедување поширок спектар производи и услуги комплементарни на основната дејност.

Главната деловна активност на „Макпетрол“ АД Скопје е продажбата на нафта, нафтени деривати и биогорива преку Големопродажната мрежа на складови и Малопродажната мрежа на бензински станици.

Таа активност се реализира врз база на лиценци добиени од Регулаторната комисија за енергетика на РМ за вршење енергетска дејност складирање и трговија со нафта, нафтени деривати и биогорива.

„Макпетрол“ АД поседува и лиценца за производство и намешување на биогорива со фосилно гориво што се однесува на сопствената биорафинеријата за производство на биодизел од растително потекло (ФАМЕ).

Големопродажбените дејности на „Макпетрол“ АД се насочени кон големите компании и владини институции, општини, како и малите и средните претпријатија. Секоја група потрошувачи поседува специфични потреби за гориво и дополнителни услуги.

Малопродажната мрежа се состои од мрежа на современо опремени бензински станици со стратегија на потрошувачите да им е се понуди поширок асортиман на производи и услуги.

Природниот гас зазема посебно место во енергетскиот микс. „Макпетрол“ АД располага со лиценца за вршење енергетска дејност трговија со природен гас издадена од Регулаторната комисија за енергетика на РМ, а странски партнер со долгорочен договор му е Газпромекспорт.

Во делот на комплементарните активности за одбележување е сопствената трговска марка на масла за подмачкување.

Другите трговски активности се поврзани со реномирани трговски марки од областа на автоиндустријата и ИТ технологијата и се одвиваат на ниво на дистрибутерства.

Пронајдете услуга

  • Искористете ја можноста и преку нашата страна пронајдете каде може да наточите УЛТРА горива.

Совети за возачи

  • Дали возите економично? Прочитајте ги нашите совети и добијте уште повеќе од вашиот резервоар.
 
 
 
каталог на горива / PDF формат