Заедно создаваме зелена иднина
Oбновливи извори
на енергија
Придонесот за одржлив развој претставува значаен составен дел од начинот на делување на нашата Компанија. За да се задоволи постојаниот раст на потребни енергенси за населението и стопанството, а во исто време да се ограничи влијанието на искористувањето на енергијата врз животната средина, неопходна е примената на обновливи извори на енергија.

Управување со отпад
Во 2010 година, со цел исполнување на законското барање на Р. С. Македонија, „Макпетрол“ АД се стекна со овластено лице
Управител за отпад.
Управување со отпад
Во 2010 година, со цел исполнување на законското барање на Р. Македонија, „Макпетрол“ АД се стекна со овластено лице
Управител за отпад.
Емисии во вода и почва
Преку системите за собирање на технолошките, фекалните и на
атмосферските води, објектите на „Макпетрол“ АД не ги загадуваат водата, почвата и подземните води. На бензинските станици еднаш годишно, а по потреба и неколку пати се врши чистење на сепараторите за масла, од страна на овластена компанија.

Емисии во воздух
Со примена на новите горива на „Макпетрол“ АД, значително се намалува емисијата на штетни гасови и честички во воздухот.Согласно Законот и Правилниците за квалитет на амбиентиот воздух за стационарните извори (котларници) на „Макпетрол“ АД, редовно се врши чистење на оџаците и се прават мерења на граничните вредности на емисии на воздухот од испустот на котлите.

Во делот за намалувањето на потрошувачката на вода на одредени б.с. покрај приклучокот на водоводна мрежа се користи и бунарска вода за одржување на зелените површини и за останатите потреби. На овој начин значително се намалува потрошувачката на вода. Се користат и други алтернативни решенија за намалување на трошоците за вода, каде има поставено резервоар за техничка вода, кој по потреба се надополнува и се користи за наводување на зелените површини.

Годишен извештај за управување со животната средина за 2022 год.
Годишен извештај за управување со животната средина за 2023 год.
Покрај тоа што со постојаното усовршување на нашите погонски горива и средства за подмачкување придонесуваме за намалување на потрошувачката на гориво и на емисијата на СО2, во нашата фабрика за биодизел произведуваме висококвалитетно биогориво од обновливи извори. Чистиот биодизел Б100 се произведува врз база на семе од маслодајна репка и го исполнува европскиот стандард МКС ЕН 14214.
Чистиот биодизел претставува составен дел на погонското гориво ULTRA Diesel Bio Jet, каде што учествува со 6 проценти во составот на горивото и нуди дополнителни еколошки и експлоатациски предности. Исполнувањето на најновиот европски и македонски стандард за квалитет на дизел гориво МКС ЕН 590 овозможува горивото ULTRA Diesel Bio Jet да се користи неограничено во сите возила чиишто производители пропишуваат најстроги стандарди во поглед на квалитетот на горивото.
Макпетрол веќе започна со поставување на фотоволтаични системи за производство на електрична енергија на своите продажни објекти. На тој начин, преку создавањето на чиста енергија, придонесуваме кон зачувување на животната средина и намалување на загадувањето.
Управување со отпадот во „Макпетрол“ АД:
Комерцијален отпад
Постапувањето со комерцијалниот отпад на објектите на „Макпетрол“ АД се врши на тој начин што се врши селектирање на отпадот според вид во посебни садови што се со соодветна боја, согласно со законската регулатива на Р.С. Македонија.
Количеството создаден/предаден отпад соодветно се евиденитира во дневници за постапување со отпад, пропишани од законската регулатива на Р. С. Македонија и се предава на овластена компанија за понатамошно постапување.
Отпад од пакување
За отпадот од пакување на производите што „Макпетрол“ АД ги пушта на пазарот на Р. С. Македонија, плаќа надоместок кон овластена компанија за управување со отпад од пакување, т.е. Макпетрол АД е вклучен во колективен систем за постапување со отпад.
Отпадни масла
Со отпадните масла кои се јавуваат при тековното работење и од Центарот Хонда на „Макпетрол“ АД се постапува согласно со законската регулатива на Р.С. Македонија, истите се евидентираат и се предаваат на овластена компанија за понатамошно постапување.
Опасен отпад
Опасниот отпад кој произлегува од тековното работење на „Макпетрол“ АД соодветно се собира и привремено се чува се до негово преземање од страна на овластена компанија со која „Макпетрол“ АД има склучено договор.
Електрoнски отпад
Со електронскиот отпад на „Макпетрол“ АД се постапува согласно со законската регулатива на Р. С. Македонија, истиот се евидентира и се предава на овластена компанија за понатамошно постапување.
Батерии и акумулатори пуштени на пазар во Р. С. Македонија
Со батериите и акумулторите пуштени на пазар во Р.С. Македонија од Центарот DELL и Центарот HONDA на „Макпетрол“ АД, плаќа надоместок кон овластена компанија за управување, т.е. Макпетрол АД е вклучен во колективен систем за постапување со отпад.
Согласно со законската регуалтива на Р.С. Македонија на бензинските станици на „Макпетрол“ АД: 001 Индустриска, 002 Партизанска, 004 Козле, 053 Лисиче, 153 Ново лисиче, 046 Гевгелија и во Деловната зграда во Скопје, поставени се посебни туби за собирање отпадни батерии. Отпадните батериите се предаваат на овластена компанија за понатамошно управување.
Електрична и електронска опрема пуштена на пазар во Р. С. Македонија
За електричната и електронската опрема кои „Макпетрол“ АД ги пушта на пазарот на Р. С. Македонија, плаќа надоместок кон овластена компанија за управување, т.е. Макпетрол АД е вклучен во колективен систем за постапување со отпад.
Отпадни тонер касети
Отпадните тонери кои произлегуваат од тековното работење во „Макпетрол“ АД се преземаат од страна на овластена компанија со која „Макпетрол“ АД има склучено договор.
Отпадно железо, месинг и алуминиум
Отпадното железо, месинг и алуминиум кои произлегуваат од тековното работење на „Макпетрол“ АД соодветно се собираат и привремено се чуваат, се до нивно преземање од страна на овластена компанија со која „Макпетрол“ АД има склучено договор.
Во согласност со законската регулатива на Р. С. Македонија, преку правно лице кое ги исполнува условите за вршење мониторинг, се врши снимање, анализа и следење на квалитетот на отпадната вода и почвата. Земените анализи и мостри се во рамките на максималните дозволени количества (МДК).
Согласно Законот и Правилниците за квалитет на амбиентиот воздух за стационарните извори (котларници) на „Макпетрол“ АД, редовно се врши чистење на оџаците и се прават мерења на граничните вредности на емисии на воздухот од испустот на котлите.
Согласно со барањата кои произлегуваат од А-интегрираната еколошка дозвола за Инсталацијата за производство на Биодизел, доколку Инсталцијата работи ce вршат мерења на граничните вредности на емисии на воздухот од испустот на котлите.
Согласно Законот и Правилниците за контрола на емисии од испраливи огрански сооединeнија при користење бензини, „Макпетрол“ АД е усогласен со Директивата VOC -volatile organic compounds.