За нас

Инвеститори

Одржлив развој

Кариера

Медиа

Следете нè

Макпетрол АД – Скопје (Управна зграда)
Св. Кирил и Методиј 4, 1000 Скопје
+389 2 311 2144
contact@makpetrol.com.mk

За редуцирање на штетни издувни гасови

Водечката идеја на сите производи од нашата палета е максималната грижа за животната средина и редуцирање на штетните издувни гасови.
Соодветно на тоа, течноста АДБЛУ е наменета за конверзија на издувните гасови од тешките моторни возила во безопасни соединенија (азот и вода) кои не влијаат негативно на средината, ниту на луѓето.

Зошто Адблу?

Адблу претставува течност која се користи во тешките моторни возила опремени со дизел мотор чии систем за третман на издувните гасови работи на принципот на Селективна каталитичка редукција (SCR – Selective Catalytic Reduction).

Во зависност од видот на возилото, условите на неговото користење како и од условите на патот потрошувачката на Адблу течноста, можно е да варира и се движи во распон од 2-6 vol% во однос на потрошувачката на дизел гориво т.е. 2-6 литри Адблу течност на 100 литри потрошено дизел гориво.

Адблу течноста која се дистрибуира на малопродажните објекти на Макпетрол е производ на реномираниот европски производител BRENNTAG. Течноста е пакувана и складирана во строго контролиран систем за контрола на квалитетот на секој од овие процеси поединечно, со што се овозможува гаранција за висок квалитет на Адблу течноста, согласно меѓународниот стандард ISO 22241-1:2006.