Поголема моќност за повеќе километри.
Нашите горива од фамилијата ULTRA се истакнуваат со врвни својства и развиени се со цел да обезбедат полна моќност, и истовремено, намалена потрошувачка гориво на Вашето возило. Ова е овозможено преку примена на најсовремени технологии и употреба на најсовремени адитиви при развојот на горивата.
Високооктанскиот моторен бензин ULTRA 100 Race Pro го развивме специјално за автомобили и мотоцикли со мотори со високи перформанси и современи погонски технологии што имаат потреба од соодветно гориво со повисока октанска вредност и најсовремени адитиви. На тој начин се овозможува целосно искористување на моќноста на моторот и неговите технолошки предности. Обемните тестирања при развојот на бензинот ULTRA 100 Race Pro докажаа дека со неговото користење се отстрануваат постоечките талози и се спречува создавањето нови талози во системот за впрскување на горивото и во коморите за согорување.
Високата октанска вредност на ULTRA 100 Race Pro обезбедува контролирано согорување на работната смеша во сите услови на користење, без појава на несакано самозапалување во коморите за согорување, што може да го оштети моторот. Притоа, поради ефикасното согорување на горивото, се намалува и потрошувачката на гориво. Со примената на специјални адитиви во составот на моторниот бензин ULTRA 100 Race Pro се постигнува помирна и потивка работа на моторот, помало присуство на штетни материи во издувните гасови, полесно движење на деловите во моторот, а со тоа и зголемена трајност на моторот.
Помалку талог на вентилите
Заштита од корозија
Подобри распрскувачки својства
Помалку талог на вентилите
Заштита од корозија
Подобри распрскувачки својства
Моторниот бензин ULTRA 95+ Economy е погонско гориво со висок квалитет и грижливо компониран состав. Наменето е за широкиот возен парк од понови и постари генерации на возила со бензински мотор. Намалената потрошувачка на гориво при возењето со задржување на перформансите на моторот претставуваa едни од главните цели при развојот на нашиот моторен бензин ULTRA 95+ Economy. Со примена на специјалниот пакет на адитиви во составот на горивото се постигнува подобро согорување и искористување на горивото, што е предуслов за намалена потрошувачка на гориво при работата на моторот.
Присуството на специјалниот пакет адитиви во ULTRA 95+ Economy се грижи и за отстранување на талозите во системот за впрскување на гориво и го спречува создавањето нови талози. На тој начин, горивото се распрскува подобро и согорува поцелосно и обезбедува моторот да ја постигне полната моќност и ефикасност. Уште еден фактор придонесува за намалената потрошувачка на гориво при возењето со ULTRA 95+ Economy горивото, што ќе ја почувствувате уште од првото полнење. Имено, моторните горива од фамилијата ULTRA поседуваат својство на подмачкување на критичните и потешко достапните подрачја во моторот, во коишто моторните масла не можат да дејствуваат ефикасно. Тоа овозможува полесно движење на деловите во моторот, со што се обезбедува поголема кинетичка енергија за погонот на тркалата.
Помалку талог на вентилите
Заштита од корозија
Подобри распрскувачки својства
Помалку талог на вентилите
Заштита од корозија
Подобри распрскувачки својства
Висококвалитетното, кристално чисто дизел гориво ULTRA Diesel Green Power сведочи најдобро за нашата заложба да ги применуваме најсовремените достигнувања во развојот на адитиви со високи перформанси. Со ULTRA Diesel Green Power горивото излегуваме во пресрет на сложените барања на новите генерации возила со дизел мотори, како и на високите очекувања на сопствениците на возилата. За добивање на кристално чистиот ULTRA Diesel Green Power се користи сложен технолошки процес на филтрација, исто како за филтрирање на авионските горива. Бараните својства на ова премиум дизел гориво ги постигнуваме со примена на најсовремен пакет на адитиви што дејствуваат врз повеќе подрачја. Целосното и контролирано согорување на ULTRA Diesel Green Power горивото, придонесува моторот целосно да ја искористи расположивата енергија на горивото.
Ова својство се должи на високиот цетански број, што е во согласност со строгите барања на производителите на возила. Дизел моторот во Вашето возило ќе трае подолго и ќе работи потивко и посмирено, затоа што ULTRA Diesel Green Power горивото поседува специјални адитиви за подмачкување како замена за сулфурот кој беше присутен во повисоки концентрации во старите дизел горива. Овие адитиви овозможуваат засилена заштита на моторот од корозија и поефикасно подмачкување на критичните делови во моторот. ULTRA Diesel Green Power горивото воедно го штити моторот од штетни талози и ги отстранува евентуалните веќе создадени талози, што дополнително овозможува намалување на потрошувачката на гориво при работата на моторот и значително допринесува во зачувувањето на неговата техничка исправност.
Користењето на ULTRA Diesel Green Power горивото во Вашето возило обезбедува:
Отстранување на наслагите на инјекторите
Заштита од корозија
Подобри распрскувачки својства
Отстранување на наслагите на инјекторите
Заштита од корозија
Подобри распрскувачки својства
ULTRA Diesel Bio Power
Mеѓу нашите горива од фамилијата ULTRA, дизел горивото ULTRA Diesel Bio Power е предводник во поглед на заштитата на животната средина. Со развојот на ULTRA Diesel Bio Power горивото го направивме следниот чекор во примената на светските трендови и нудиме уште едно современо дизел гориво. При тоа, корист имаат подеднакво, животната средина и возачите. ULTRA Diesel Bio Power горивото содржи 6% дизел гориво произведено од висококвалитетно растително масло, додека останатите 94% ги сочинува нашето кристално чисто ULTRA Diesel Green Power гориво. На овој начин, на македонскиот пазар нудиме гориво со состав идентичен со дизел горивото што го пропишува ЕУ со цел да се зголеми уделот на енергија од обновливи извори.
Покрај тоа што со примената на ULTRA Diesel Bio Power горивото се постигнува уште поголема заштита на животната средина, корист има и самиот автомобилски мотор. Биодизел компонентата во составот на ULTRA Diesel Bio Power горивото поседува висока способност за подмачкување. Повисоката цетанска вредност од стандардниот дизел овозможува моторот да работи помирно и потивко, додека детергентските својства на горивото се грижат моторот да остане чист, без создавање талози.
Отстранување на наслагите на инјекторите
Заштита од корозија
Подобри распрскувачки својства
Отстранување на наслагите на инјекторите
Заштита од корозија
Подобри распрскувачки својства
Авто ТНГ горивото веќе со децении наназад претставува најпопуларно алтернативно гориво за возилата на македонскиот пазар. Основната предност на авто ТНГ горивото е пониската цена во споредба со останатите видови моторни горива, а тоа овозможува брзо враќање на вложените средства за вградување на уредот на плин. Автоплинот или течниот нафтен гас (ТНГ) е достапен во нашата продажна мрежа под името ULTRA LPG plus. ULTRA LPG plus горивото од програмата на ULTRA горивата на Макпетрол претставува идеална мешавина од пропан и бутан која за разлика од обичното ТНГ кое се нуди на македонскиот пазар како АвтоТНГ овозможува зголемен октански број и идеално подесен напон на пареи за овој вид на гориво. Ова овозможува задржување на проектираните перформанси на возилото во однос на моќноста, стартноста и потрошувачката на гориво.
На тоа се надоврзуваат уште цела низа предности, почнувајќи од зачувување на животната средина преку намалување на штетни емисии при согорувањето во моторот, одржување на чистотата и техничката беспрекорност на моторот, па сé до продолжување на векот на моторот и системот за третман на издувните гасови на возилото. Посебната формула што ја применуваме за нашето ULTRA LPG plus гориво овозможува едноставно и сигурно користење на возилото во секојдневието, во сите услови на работа. Покрај тоа, постојаниот развој на ТНГ системите за вградување во возилата овозможи задржување на перформансите на моторот, секако само под услов да се користи квалитетно авто ТНГ.
Макпетрол веќе располага со мрежа од осум станици за точење метан во возилата, со планирано натамошно проширување на мрежата. Секако дека се погриживме да обезбедиме и висококвалитетни уреди за погон на возила на метан, коишто ги вградуваме и сервисираме во нашите сервиси:
02 2581 655 – Сервис Хонда, Маџари
02 3083 789 – Сервис Хонда, Илинденска