Што треба да знаат возачите?
За повеќето возачи, возењето со текот на времето станува рутина и секојдневна појава, но понекогаш е добро да се запамети како возењето да биде побезбедно, попријатно и поеколошки, особено ако условите не се идеални.
Подготвивме неколку корисни совети за нашите потрошувачи да возат безбедно и да заштедат гориво.
Грижа за моторот
Сервисирајте го вашиот мотор
Дали знаете дека нередовно одржуван мотор може да ја зголеми потрошувачката на гориво до 50%? Само со замена на неичистите свеќички, потрошувачката може да ја намлите за 5%.
![Group 5103](https://www.makpetrol.com.mk/wp-content/uploads/2022/04/Group-5103.png)
Проверете ги филтрите за воздух
Филтрите за воздух спречуваат нечистотиите да го оштетат Вашиот мотор. Замената на затнат филтер за воздух може да помогне да се подобри ефикасноста на горивото дури за 10% и може да помогне за заштита на Вашиот мотор.
![филтер за воздух](https://www.makpetrol.com.mk/wp-content/uploads/2022/04/филтер-за-воздух.png)
Користете соодветно масло
Користењето на препорачаниот квалитет на маслото за подмачкување од страна на производителот може да ја намали потрошувачката на горивото за 1-2%. Моторните масла со повисок квалитет, исто така, помагаат за ефикасна работа на Вашиот мотор.
![Group 5067](https://www.makpetrol.com.mk/wp-content/uploads/2022/04/Group-5067.png)
Проверете го затворањето на капачето за гориво
Горивото испарува секојпат кога ќе го отворите капачето за гориво.
После секое полнење гориво, проверете дали капачето е добро затворено.
![Group 5112](https://www.makpetrol.com.mk/wp-content/uploads/2022/04/Group-5112.png)
Користете повисоки степени на пренос
Кога возите во поголем степен на пренос, употребувате помалку гориво.
Затоа, секогаш кога можете уфрлете го менувачот во повисок степен на пренос.
![Group 5115](https://www.makpetrol.com.mk/wp-content/uploads/2022/04/Group-5115.png)
Избегнувајте прекумерен број вртежи на моторот
Навремено менувајте ги брзините кога ја намалувате брзината или кога забрзувате. Никогаш не доведувајте го бројачот на вртежи до црвената линија.
![Group -1](https://www.makpetrol.com.mk/wp-content/uploads/2022/04/Group-1.png)
Штеди и вози
Одржувајте ги пневматиците под соодветен притисок
![Group 5117](https://www.makpetrol.com.mk/wp-content/uploads/2022/04/Group-5117.png)
Избегнувајте да пренесувате прекумерен товар
За секои дополнителни 45 kg што ги пренесувате, потрошувачката на горивото може да се зголеми за 1-2%. Затоа, секогаш кога имате можност исчистете го Вашиот автомобил од непотребните предмети што само додаваат тежина на Вашиот автомобил.
![Group 5134](https://www.makpetrol.com.mk/wp-content/uploads/2022/04/Group-5134.png)
Извадете ги шините на покривот
Доколку не ги користите шините на покривот или кутијата на покривот, отстранете ги. Шините на покривот може да влијаат врз аеродинамичната ефикасност на Вашето возило, создавајќи отпор, што може да доведе до тоа Вашиот автомобил да користи до 5% повеќе гориво.
![Group 5129](https://www.makpetrol.com.mk/wp-content/uploads/2022/04/Group-5129.png)
Избегнувајте прекумерно стоење во лер
Заглавени сте во сообраќајот? Стоењето во лер нема да Ве одведе никаде, а сепак Вашиот автомобил троши гориво. Исклучете го моторот на возилото до дека чекате во колона се до потребното вклучување. Како правило, до колку треба да стоите подолго од десет секунди, а Вашето возило нема инсталирано Stop&Go систем, исклучете го моторот.
![Group 5120](https://www.makpetrol.com.mk/wp-content/uploads/2022/04/Group-5120.png)
Избегнувајте голема брзина
Што побрзо се движите, толку поголем ќе биде отпорот на ветерот и Вашето возило ќе троши повеќе гориво за да ја одржи брзината. При брзина од 110 km/час потрошувачката на гориво може да се зголеми дури за 30% повеќе гориво отколку кога би возеле со 80 km/час. Затоа, возете побавно.
![Group 6040](https://www.makpetrol.com.mk/wp-content/uploads/2022/04/Group-6040.png)
Одржувајте константна брзина
Наместо да возите во лер кога ќе дојдете до надолнина, одржувајте константни вртежи на моторот со уфрлување на менувачот во соодветен степен на пренос. Ова ќе Ви помогне да одржувате константна брзина, наместо да ја зголемувате, што ќе резултира со намалување на потрошувачката на горивото.
![Group 5104](https://www.makpetrol.com.mk/wp-content/uploads/2022/04/Group-5104.png)
Планирајте ги Вашите патувања
Намалувањето на времето поминато во автомобилот е најлесниот начин за заштеда на гориво. За да го намалите времето на возење, искомбинирајте ги кусите патувања и задачи во едно патување.
![Group 5105](https://www.makpetrol.com.mk/wp-content/uploads/2022/04/Group-5105.png)
Возете смирено
Доколку возите агресивно, може да потрошите до третина повеќе гориво отколку кога би возеле смирено. Избегнувајте нагло забрзување или кочење и обидувајте се да го одржувате управувањето што е можно порамномерно.
![Group 5124](https://www.makpetrol.com.mk/wp-content/uploads/2022/04/Group-5124.png)
Држете ги прозорците затворени
Ветрот што дува низ отворен прозорец го забавува движењето на Вашиот автомобил. А, за да надоместите, веројатно е дека ќе притиснете појако на педалата за гас. Затоа, наместо да ги отворате прозорците користите го внатрешниот систем за вентилација во автомобилот, само, доколку истиот не Ви дејствува приспивно.
![Group 6039](https://www.makpetrol.com.mk/wp-content/uploads/2022/04/Group-6039.png)
Употребувајте ја контролата на возење (Cruise Control)
Употребата на контролата на возење, во услови кога е тоа возможно и безбедно, Ви овозможува оптимално одржување на константна брзина и со тоа заштеда на гориво.
![Group 5108](https://www.makpetrol.com.mk/wp-content/uploads/2022/04/Group-5108.png)
Штедливо користете ја климата
Некогаш е тешко да се избегне употребата на климата, меѓутоа, запомнете дека таа додава дополнително оптоварување на Вашиот мотор во топли или во ладни денови. А, исто така, и ја зголемува потрошувачката на гориво и до 8%. Во умерени денови, секогаш можете да ја користите внатрешната вентилација на автомобилот наместо климата.
![Group 5141](https://www.makpetrol.com.mk/wp-content/uploads/2022/04/Group-5141.png)
Избегнувајте ги сообраќајните шпицови
Доколку можете да ги избегнете сообраќајните шпицови, ќе потрошите помалку време заглавени во сообраќајот и, како резултат, ќе потрошите помалку гориво.
![Group 5157](https://www.makpetrol.com.mk/wp-content/uploads/2022/04/Group-5157.png)