Моторот е срцето на вашиот автомобил.
Според највисоките стандарди ги создадовме моторните масла LUBEX. Со нивно редовно користење, не само што го штитите моторот и го продолжувате неговиот животен век, туку ја намалувате потрошувачката на гориво и ја заштитувате животната средина.
Покрај моторните масла, фамилијата Лубекс опфаќа и широка понуда од хипоидни масла за менувачи и диференцијали, течности за хидраулични системи, течности за сопирачки, масти за подмачкување, како и средства за чистење.
SuperSyn SAE
5W40 SM/CF
Unic Plus SAE
10W40 SL/CF
Univerzal SAE
15W40 SG/CE
Univerzal SAE
20W50 SG/CE
Motor Oil
30 CB/SC
TRUCK PLUS CI-4/SL
SAE 15W40
Superior CF-4/SG
SAE 15W40
Superior CF-4/SG
SAE 20W50
Duotakt
2T TB
Traktor Oil GL-4
SAE 80W
FARM STOU
SAE 10W40
Ultra C3
SAE 5W30
CARGO PLUS
SAE 10W40
HIDRA HLP
22, 32, 46, 68, 100
Температурен интервал на примена: од -30℃ до 110℃.
Super Syn SAE 5W40 SM/CF
Целосно синтетичко моторно масло со врвен квалитет, наменето за употреба за сите годишни времиња. За сите мотори на бензин, ТНГ и дизел на патничките возила и агрегати.
Карактеристики
• Сигурно палење на возилотo и на температура од – 35℃
• Брзо подмачкување на сите делови на моторот
• Заштеда на гориво
• Намалување на емисиите на издувни гасови, продолжување на временскиот рок на употреба на катализаторот
• Eфикасно спречување од заматување и од создавање талог и склучителна стабилност на високи температури
Спецификација
API: SM/CF; ACEA: A3/B3/B4; MB. 229.3; VW 502.00/505.00; BMW turbo
Пакување
1L | 4L | Буре
Карактеристики
- Обезбедува сигурен старт и на температура од -30℃
- Го заштитува моторот при екстремни работни услови
- Сречува создавање талог
- Обезбедува долги интервали на замена на маслото
- Штеди гориво и ја намалува потрошувачката на маслото
Спецификација
Пакување
1L | 4L | Буре
Univerzal SAE 15W40 SG/CE
Карактеристики
- Го заштитува моторот при тешки работни услови
- Обезбедува сигурно палење на возилото и на ниски температури
- Спречува создавање талог и е соодветен и за земјоделски машини
Спецификација
Пакување
1L | 4L | Буре
Универзално моторно масло на минерална база, наменето за подмачкување мотори на бензин, ТНГ и дизел за патнички, лесни товарни и комерцијални возила од постарата генерација. Наменето за сите годишни времиња и за нормални услови на возење.
Карактеристики
- Го заштитува моторот при тешки работни услови
- Обезбедува сигурно палење на возилото и на ниски температури
- Спречува создавање талог и е соодветен и за земјоделски машини
Спецификација
API: SG/CE; MB 227.1; MAN 271; CAT TO-2
Пакување
1L | 4L | Буре
Карактеристики
- Широка примена кај транспортните возила и земјоделските машини
- Константен притисок на маслото во моторот
- Добра заштита на моторот
- Минимално испарување на маслото
Спецификација
Пакување
1L | 4L | 10L
Карактеристики
- Овозможува сигурно стартување на возилото и на температура од -30℃
- Ги заштитува моторите при екстремни работни услови
- Компатибилен со катализатор, спречува создавање талог
- Обезбедува долги интервали на замена на маслото
- Придонесува за заштеда на горивото и ги намалува емисиите на издувни гасови
- Соодветен за разновиден возен парк
Спецификација
Пакување
10L | Буре |
Карактеристики
- Одлична заштита на моторот,oдлично подмачкувачко својство во сите услови на возење
- Компатибилен со каталитички конвертор
- Погодно за мешовит возен парк и механизација
Спецификација
Пакување
10L | Буре |
Моторно масло со извонредни перформанси наменето за подмачкување мотори на дизел, бензин и ТНГ.
Карактеристики
- Одлична заштита на моторот,oдлично подмачкувачко својство во сите услови на возење
- Компатибилен со каталитички конвертор
- Погодно за мешовит возен парк и механизација
Спецификација
API: CF-4/SG; ACEA E3; MB p.227.1; VOLVO VDS; MAN 271; CAT TO-2; ALLISON C2/C3
Пакување
10L | Буре |
Карактеристики
- Го смалува чадењето од ауспухот
- Го штити моторот од абење
- Спречува создавање на талог во моторот
- Го штити издувниот систем од нечистотии
Спецификација
Пакување
0.5L | 1L |
Карактеристики
- Иделано подмачкување на механичките и хидрауличните менувачи во отежнати услови на работа
- Обезбедува сигурно стартување и на ниски температури
- Спречува создавање талог и ја одржува чистотата на системот
- Погоден е за мешан машински парк (за разни земјоделски машини и трактори)
- Обезбедува сигурна работа на ,,влажните сопирачки” и на хидрауличните системи
Спецификација
Пакување
10L
Спецификација
Пакување
10L
Карактеристики
- Сигурно палење на возилоto и на температура од – 35º C
- Брзо подмачкување на сите делови на моторот
- Заштеда на гориво
- Намалување на емисиите на издувни гасови
- Продолжување на временскиот рок на употреба на катализаторот
- Ефикасно спречување од заматување и од оздавање талог и исклучителна стабилност на високи температури.
Спецификација
Пакување
1L | 4L |
Карактеристики
- Одлична заштита на моторот
- Одлично подмачкувачко својство во сите услови на возење
- Kомпатибилен со каталитички конвертор
- Погодно за мешовит возен парк и механизација.
Спецификација
Пакување
10L
Спецификација
Пакување
0.5L | Буре |
Спецификација
Пакување
0.5L
Спецификација
Пакување
1L* |10L | Буре
*За HLP 46 и HLP 68 има пакување и од 1L
Спецификација
Пакување
0.850L | 10L | Буре
На што треба да се внимава при изборот на моторно масло?
Пред се на препораките од страна на производителот на возилото, кои се однесуваат на соодветната API и (или) SAE градацијата која е дирекно поврзана со вискозноста на маслото. Покрај овие препораки, при изборот на моторното масло треба да се земат во предвид и условите на експлоатација на возилото.
Дали адитивите се составен дел на моторните масла и дали е потребно дополнително да се адитивира маслото од страна на корисниците на возилата?
Адитивите се составен дела на секое моторно масло и не е потребно негово дополнително адитиврање, бидејќи може да дојде до нарушување на карактеристиките на маслото. Некои производители на моторни масла дури и забрануваат да се адитивираат нивните масла поради влошување на загарантираните карактеристики на истите. Маслата од програмата на LUBEX во себе го содржат целосниот пакет на адитиви соодветен на нивната класификација и намена. Секое дополнително адитивирање е непотребно финансиско оптеретување за корисникот на LUBEX масла.
Која е улогата на адитивите?
Адитивите го штитат моторот од создадените талози по пат на неутрализација на штетните киселини кои се создаваат во текот на работата на моторот, обезбедуваат антикорозивна заштита на металните делови, а со тоа го продолжуваат неговиот животен век. LUBEX маслата во себе покрај овие два основни адитиви содржат и дополнителни подобрувачи на одредени карактеристики како што се вискозноста, оксидативната стабилност на маслото, намалување на способноста за пенење и други соодветни адитиви согласно класификацијата на маслата кои обезбедуваат целосна и сигурна заштита на моторот од сите можни аспекти.
Кои масла се погодни за примена во текот на целата година?
Мултиградните масла се погодни за непречена употреба во текот на целата година, а се препознаваат во ознаката на нивната амбалажа, како на пример: SAE 5W-30, SAE 0W-40, SAE 10W-40. Во ознаката мултиградните моторни масла имаат секогаш две бројки и буквата W (W- Winter- зима). При споредбата на две мултиградни масла на пример SAE 5W-30 и SAE 0W-40, подобри возни карактеристики има маслото SAE 0W-40 поради поголемата отпорност на влијанието на надворешната температурата врз менувањето на вискозноста, што значи ова масло нема да ги менува своите својства и при поголеми максималните и минималните годишни темепратури, за разлика од другото. Моноградните моторни масла не се погодни за употреба во текот на целата година, бидејќи се многу поподложни на влијанието на надворешната температура врз промената на вискозноста и во својата ознака имаат секогаш или само една бројка или една бројка и буквата W: на пр. SAE 30 (летно) или SAE 5W (зимско). Скоро сите Lubex масла се мултиградни масла и нивната употреба е препорачана во текот на целата година, што значи дека корисникот на Lubex маслата нема дополнителни трошоци за замена на маслото со промената на годишните времиња.
Како се препознава кога е моторното масло за менување?
За целосна замена на моторното масло треба да се земат во предвид препораките во однос на периодот за замена, времето на работа како и поминатите километри на возилото пропишани од страна на производителот на возилото. Замената на маслото може да биде и пред горенаведените препораки на производителот, доколку при мануелната проверка на нивото на масло во моторот се забележат честички на мерната лента за ниво на масло. Исто така, зголемената бучавост може да биде предизвикана од нарушената вискозност на моторното масло, а со тоа и потреба од негова замена. Кај некои од возилата од новите генерации, информацијата за земена на моторното масло возачот ја добива преку on board компјутерот на информативната табла во кабината на возилото.
Што означуваат буквите S и C во ознаката на маслата по API класификацијата?
API (American petroleum Institute) ознаката кај моторните масла се состои од најамлку 2 букви. Првата буква во API ознаката ни ја укажува препораката на производителот на масло за употреба на истото во зависност од видот на моторот. Ознаката S – Service или Spark (искра) – се однесува на масло препорачано за употреба во бензински мотори каде што начинот на палење на смешата во моторот е со надворешна иницијализација т.е. со искра. Ознаката C – Commercial или Compression (компресија) – се однесува на масло препорачано за употреба во дизел мотори каде што начинот на палење на смешата во моторот е под влијание на високата температура која се генерира при зголемената компресија во моторот. Втората буква од API ознаката претставува редоследна буква од англиската азбука која го означува потенцијалниот квалитет на маслото, видот на адитивите кои се дел од маслото како и препорачаната старост и опрема на возилото кое тоа масло би го употребувало. Колку оваа буква е подолу во азбуката толку тоа масло е поквалитетно и е препорачано за употреба во понови возила.
Пример:
– доколку на амбалажата на маслото стои ознака: API SC, тогаш се работи за масло што е за употреба исклучиво во бензински мотор и за возила кои се од постарата генерација. За разлика од него ознаката API SЈ означува дека маслото е за употреба во бензински мотори, но за возила од поновата генерација.
– доколку на амбалажата на маслото стои ознака: API CD, тогаш се работи за масло што е за употреба исклучиво во дизел мотор и за возила кои се од постарата генерација. За разлика од него ознаката API CH-4 означува дека маслото е за употреба во дизел мотори, но за возила од поновата генерација.
Доколку во API ознаката постојат една S и една C ознака (API SЈ/CЕ) тогаш станува збор за универзални масла кои се препорачуваат за употреба и во бензински и во дизел мотори. Сите Lubex масла според своите ознаки се универзални масла што значи дека без проблеми можат да се употребуваат во сите типови на возила (бензински и дизел). На пример: Lubex Truck Plus API CI-4/SL SAE 15W-40 претставува универзално масло препорачано за сите видови на возила од најновата генерација.
Какви видови на масла постојат согласно својот хемиски состав?
Маслата согласно својот хемиски состав се делат на три основни видови: минерални, полусинтетички и синтетички масла. Минералните масла во својата основа содржат базно масло од минерално потекло и пакети на адитиви согласно својата API и SAE градација. Синтетичките масла во својот состав содржат базни масла кои можат да бидат и од минерално, но и од синтетичко потекло и пакет на соодветни адитиви согласно својата API и SAE градација. Полусинтетичките масла се комбинација од овие два вида на масла. Во поново време од страна на индустријата за масла се пласираат и масла од биолошко потекло кои сеуште се реткост на нашиот пазар. Се одликуваат со биоразградливи компоненти што ги прави атрактивни во однос на заштитата на животната средина и како потенцијална замена на постоечките масла. Маслата од програмата на Lubex се застапени со сите три видови на масла како што на пример се: Минералното – Lubex Universal SAE 15W-40, полусинтетичкото – Lubex Unic Plus SAE 10W-40 и најквaлитетното синтетичко масло Lubex SuperSyn SAE 5W-40.
Може ли да се мешаат различни типови на масла?
Начелно, без разлика на својот хемиски состав, градација и производител, не е препорачливо мешање на различни видови моторни масла затоа што може да дојде до можна некомпатибилност и појава на несакани хемиски реакции поради меѓусебно различното базно масло и различните пакени на адитиви. Тоа може да доведе до појава на несакано пенење на маслото, нарушување на препорачаната вискозност, појава на талози, зголемена корозија и слично. При мешање на различни типови на масла од ист производител таа опасност е намалена со оглед на фактот што секој производител користи компатиблни состојки во своето масло, но и тогаш не е исклучена. Мешање на различни моторни масла е оправдано исклучиво во ситуации кога нивото на масло во моторот е на толку ниско ниво што постои опасност од настанување на трајни механички оштетувања во моторот. Во овој случај, после додавање на различното масло, кое би требало да биде по потекло, хемиски состав и градација најблиску до маслото кое е во употреба во возилото. Се препорачува во најбрз можен временски рок, односно при првата наредна можност да се изврши целосна замена на вака создадената мешавина со ново масло согласно препораките на производителот.
Колкава е нормалната потрошувачка на моторно масло?
Во зависниост од типот на возилото, условите на возење како и од надворешните услови, во текот на работа на моторот определено количество масло се троши – дел согорува во цилиндрите, а мал дел испарува. Нивото на масло во моторот треба редовно да се проверува преку мерната лента за ниво на масло и(или) преку информативната табла во кабината на возилото и навремено да се интервенира со дотурање на ново количество на идентично масло со што би се надокнадило потрошеното количество. Доколку оваа појава на зголемена потрошувачка на маслото е зачестена, препорачуваме да се посети овластен сервис за конкретното возило со цел да се открие причината за оваа појава.
Дали е добро да се става помалку квалитетно (евтино) моторно масло, а истото да се менува почесто?
Во секој случај е добро почесто да се менува маслото, особено ако се користи возилото во услови на start/stop градско возење, но при тоа треба да се знае дека некогаш моторните масла со полош квалитет и пониска цена на чинење, иако нови, не поседуваат некои од својствата што ги имаат квалитетните масла дури и кога се на крај од нивниот работен век. Маслата од програмата на LUBEX по својот квалитет не заостануваат од светски познатите брендови што се нудат на Македонскиот пазар, по својата цена се подостапни и претставуваат вистински избор за секој што сака квалитетно да го заштити својот мотор.
Дали моторното масло влијае врз потрошивачката на гориво?
Последниве години индустријата на моторни масла произведува масла кои овозможуваат подобро и потрајно подмачкување на сите механички делови од моторот со што се обезбедува негова заштита. При тоа се намалува триењето на подвижните елементи во моторот, што претставува главна причина за губење на дел од корисната енергија која се добива при работата на моторот. Овие намалени губитоци на корисната енергија го овозможуваат квалитетните мултиградни моторни масла, при што потрошувачката на гориво може да се намали за 2-3% во однос на употребата на неквалитетни моторни масла. Сите LUBEX маслата спаѓаат групата на квалитетни масла кои покрај ефикасната заштита на моторот, обезбедуваат и намалена потрошувачката на гориво.
Изберете го вистинското масло за моторот на Вашиот автомобил
Како да дознаете кое моторно масло од нашата фамилија Lubex одговара најдобро за Вашиот автомобил? Тоа е многу едноставно, преку ознаките што се наоѓаат на пакувањето на секое масло. Овие ознаки се однесуваат на класификацијата и спецификацијата на моторното масло. Секако дека прво ќе биде потребно да проверите во прирачникот за Вашиот автомобил кои моторни масла ги препорачува производителот на возилото.
Класа на вискозност
Основната поделба на моторните масла се врши според класата на вискозност. Овој поим се однесува на течливоста на маслото. Означувањето се применува интернационално и се состои од трите букви SAE, како кратенка од Society of Automotive Engineers или Здружение на автомобилски инженери, по што следуваат уште две бројчени ознаки и буквата W (Winter-Зима) меѓу нив. Првата бројка се однесува на вискозноста, односно течливоста на маслото при зимски температури, додека втората бројка на течливоста при летни температури, односно при загреан мотор.
Колку е пониска првата бројка, толку е поголема течливоста на маслото при зимски температури, а со тоа и способноста на маслото брзо да допре до подвижните делови од моторот. Соодветно на тоа, повисока вредност на втората бројка во ознаката значи дека маслото ја задржува способноста за подмачкување и при високи температури. Како пример, ознаката 5W-40 кај нашето врвно моторно масло Lubex Supersyn, значи дека истото обезбедува сигурно и темелно подмачкување на моторот во целиот температурен распон помеѓу -35 oC и повеќе од 40 oC.
Класата на вискозност сепак не е пресудниот фактор што решава за квалитетот на одредено моторно масло. За тоа служи спецификацијата.
Спецификација на моторни масла според ACEA и API
Какви квалитети и својства поседува моторното масло, односно каков е неговиот состав и за кои видови на мотори е наменето истото, може да се дознае преку ознаката за спецификацијата на маслото според нормите на ACEA и API.
ACEA е кратенката за европската асоцијација на производители на автомобили и ги означува моторните масла според следново:
– ACEA класа A се моторни масла за бензински мотори во патнички автомобили
– ACEA класа B се моторни масла за дизел мотори во патнички автомобили и доставни возила
– ACEA класа C се моторни масла за бензински и дизел мотори со филтер за честички чад во издувниот систем
– ACEA класа Е се моторни масла за дизел мотори во товарни возила
Ознаката за класата се дополнува со бројчена ознака, којашто во основа се однесува на ограничувањата на количината на сулфатна пепел, фосфор и сулфур:
– ACEA A1/B1 – моторни масла за намалена потрошувачка на гориво и ниска вискозност при зимски температури
– ACEA А3/B3 – масло за мотори со високи перформанси и за намалена потрошувачка на гориво; намалена испарливост и спречување на талози; можност за продолжени интервали на замена. Не е наменето за дизели со директно впрскување на горивото.
– АCEA A3/B4 – исто како A3/B3, но наменето за дизели со директно впрскување на горивото.
– ACEA A5/B5 – масло за мотори со исклучително високи перформанси, за бензински и дизел мотори со директно впрскување; можност за продолжени интервали на замена.
На квалитетот и својствата на маслата укажува и спецификацијата според американскиот институт за нафта API. Означувањето се врши со две букви по основната ознака API: S се однесува на масла за бензински мотори, C за дизел мотори. Според оваа спецификација се разликуваат:
– API SM – на важност од 2004 година, со намалена потрошувачка на гориво и заштита на системот за пречистување на издувните гасови.
– API SL – на важност од 2001 година.
– API SJ – на важност од 1996 година; намалена загуба од испарување.
– API CI-4 – на важност од 2002 година; за мотори со рециркулација на издувните гасови
– API CH-4 – на важност од 1998 година
Покрај овие спецификации, производителите на автомобили поставуваат посебни барања во поглед на квалитетот на моторните масла со сопствени спецификации, како BMW, Ford, Mercedes-Benz, Opel, Peugeot, Porsche, Renault, Volkswagen и др.
Задачи на моторното масло
Поимот „средство за подмачкување“ којшто се користи за маслата или мастите се однесува само на најзначајната функција што тие ја имаат во моторот и воопшто во возилата. Со развојот на автомобилската техника, паралелно се развиваа и средствата за подмачкување, за истите со текот на времето да се унапредат од обично работно средство во еден вид на „конструктивен дел“ на моторот, кој придонесува за негова помирна работа и подолг век на користење.
–Подмачкување: Со подмачкувањето се намалува триењето меѓу деловите од моторот, а со тоа и нивното абење. Соодветно на тоа се ослободува и помалку топлина.
–Ладење: Маслото за подмачкување ја прима топлината од местата каде што не доспева течноста од системот за ладење, како што се клиповите, и ја одведува истата, на пример до садот за масло, или кај одредени модели, до ладилникот за масло.
–Заптивање: Средството за подмачкување ја врши функцијата на фино заптивање, на пример кај кошулките (хилзните) на цилиндрите.
–Придушување на бучавата: Преку слојот масло се придушува металниот звук од допирањето на подвижните делови, на пример на клиповите со кошулките на цилиндрите.
–Заштита од стареење: Додатоците во маслото го спречуваат создавањето на талози во моторот во форма на смолести или асфалтни соединенија.
–Одржување на чистотата во моторот: Маслото содржи додатоци (адитиви) кои ги неутрализираат нечистотиите во маслото и ги задржуваат во него со што се спречува тие да се наталожат на виталните делови од моторот.
–Заштита од корозија: Преку слојот масло на металните делови во внатрешноста на моторот се спречува корозија под дејство на кондензирана вода и влажноста на воздухот. Моторното масло исто така е способно да апсорбира одредена количина вода.
–Неутрализација: При намалување на степенот на компресија (ефектот на продувување), дел од гасовите од согорувањето доспеваат до блокот на моторот. Маслото ги неутрализира штетните состојки, како на пример сулфурестите киселини коишто се создаваат од сулфурниот диоксид.
–Пренос на сила: На сите места на подмачкување се пренесуваат сили преку тенкиот слој масло. Во лизгачките лежишта, на пример, тоа се врши преку создавањето на маслениот клин за подмачкување.
Дали знаете дека...
… во автомобилите до 1910 година, возачот мораше маслото да го впрскува со помош на рачна пумпа во куќиштето на моторот или во лежиштата. … до 1925 година, возачите сé уште мораа да интервенираат со впрскување дополнителна количина масло преку рачната пумпа при повисоко оптоварување на моторот, најчесто кај мотоциклите. … во современите мотори со висок број на вртежи, протокот на масло низ системот за подмачкување изнесува меѓу 300 и 400 литри масло во минута. За споредба, крвотокот во човечкото тело, со пет до шест литри крв, при силно напрегање постигнува проток од околу 100 литри во минута. … температурата на горните клипни прстени и нивните жлебови достигнува температура меѓу 240 и 280 степени Целзиусови, зависно од моторот. Маслото ја има и таа задача, да преземе дел од оваа топлина
Колку е пониска првата бројка, толку е поголема течливоста на маслото при зимски температури, а со тоа и способноста на маслото брзо да допре до подвижните делови од моторот. Соодветно на тоа, повисока вредност на втората бројка во ознаката значи дека маслото ја задржува способноста за подмачкување и при високи температури. Како пример, ознаката 5W-40 кај нашето врвно моторно масло Lubex Supersyn, значи дека истото обезбедува сигурно и темелно подмачкување на моторот во целиот температурен распон помеѓу -35 oC и повеќе од 40 oC.
Класата на вискозност сепак не е пресудниот фактор што решава за квалитетот на одредено моторно масло. За тоа служи спецификацијата.
Разликата меѓу минералните и синтентичките моторни масла
Современите моторни масла, зависно од видот и ефикасноста се базирани врз најразлични базни масла, односно нивни мешавини. Дополнително се користат адитиви, кои преку хемиско и физичко дејство ги подобруваат својствата на средствата за подмачкување. Само со добро избалансирана формула на базно масло и состав на адитиви може да се изведе моторно масло со висока ефикасност. Основното правило е: Колку е поголем уделот на адитиви во моторното масло, толку е повисок и квалитетот, а соодветно на тоа и цената. Минералните масла се најдолго користени основни масла. Тие се составени од соединенија на јаглеводороди со најразлична форма, структура и големина. Нивното производство е релативно едноставно и со пониски трошоци, по пат на дестилација и рафинација на суровата нафта. Најголем дел од синтетичките масла, исто како и минералните масла се произведуваат од суровата нафта, но постапката на производство е покомплицирана и поскапа. За разлика од минералните масла, кои се состојат од различни молекули на јаглеводороди, синтетичките масла претежно се состојат од еднакви јаглеводородни молекули со линиска структура, коишто како такви природно не се создаваат во суровата нафта туку се резултат на дополнителна синтеза.. Синтетичките масла имаат поширока примена и нивната рамномерна градба подобро одговара на ефикасноста на адитивите, поради што може да се постигнат посебни и поквалитетни својства. Целосно синтентските масла поседуваат неколку значајни предности пред минералните масла: – Подобро стартување при незагреан мотор и при ниски температури – Помало абење поради побрзото снабдување со масло на местата за подмачкување – Слојот за подмачкување ја задржува стабилноста и при повисоко оптоварување и при повисоки температури. Мешавината на минералните со синтетичките масла во различни соодноси претставуваат т.н. полусинтетички масла.
Видови адитиви
Адитиви за заштита од стареење
Дури и најквалитетното масло за подмачкување е подложно на оксидација, односно стареење, под дејство на топлина и кислород. Притоа се создаваат киселини, како и талози во форма на смоли, кои обично не се растворуваат во маслото. Стареењето во почетокот се одвива мошне забавено и маслото не се менува. Но, откако ќе се инактивираат и неутрализират дел од адитивите кои имаат функција да го забават процесот на стареење, брзината на оксидација се зголемува со забрзано темпо.
Детергенти и дисперзанти
Во процесот на согорување во дизел и бензинските мотори се создаваат мноштво продукти од согорувањето, коишто во помала или поголема мерка влијаат врз моторното масло. Тоа главно се продукти од стареењето на маслото, делумно или целосно несогорени остатоци од горивото, чад, кисели соединенија, азотни оксиди и вода. Задача на детертентските, односно дисперзантските адитиви, претходно познати како HD-адитиви, е цврстите и течните нечистотии да ги обвиткаат и да ги задржат во маслото, за на тој начин да се спречи нивно таложење врз деловите од моторот. Покрај тоа, мора да се неутрализираат и киселите соединенија.
Адитиви за заштита од корозија
Корозијата во основа претставува хемиско или електрохемиско нагризување на металните површини. Најчести предизвикувачи на корозијата се кислородот и водата. Водата што е неопходна за корозијата и создавањето киселини доаѓа првенствено од влагата во воздухот. Во помала количина се појавува вода од согорувањето што произлегува од реакцијата на горивото со кислородот од воздухот.
Адитиви против екстремен притисок и против абење
Кога деловите што лизгаат еден врз друг, како на пример лежишта, клипови, вентили и запченици, повеќе не можат да се раздвојат целосно при високо оптоварување, површините на лизгачките тела се допираат, при што доаѓа до зголемено абење, а во екстремен случај и до нивно деформирање или делумно топење. Овие адитиви создаваат исклучително тенок слој врз лизгачките површини. Во нормални услови, тие се црсти, но при притисок и температура добиваат способност да лизгаат. На тој начин се спречува директен контакт на метал со метал, односно прекумерно абење. По потреба, овие слоеви постојано се обновуваат.
Подобрувачи на индексот на вискозност
Минералните масла ја менуваат вискозноста во зависност од температурата. При ниска температура, тие се помалку течливи, а при повисока температура се полесно течливи. Оваа промена на вискозноста во однос на температурата може да биде повеќе или помалку изразена кај различни масла и истата се изразува во бездимензионална нумеричка вредност VI – индекс на вискозност. Моноградните (едноподрачните) моторни масла имаат VI меѓу 90 и 100, додека мултиградните (повеќеподрачните) моторни масла поседуваат VI повисок од 120. Оваа вредност може да се постигне кај минералните масла со VI меѓу 90 и 100 со додавање на подобрувачи на индексот на вискозност, коишто претставуваат долги молекули на јаглеводороди во форма на влакна. Кога маслото е студено, молекулите се набиени и нерастворени, не влијаејќи врз зголемувањето на вискозноста. Кога маслото ќе се загрее, тие целосно се растворуваат и набабруваат, при што се постигнува посакуваното згуснување на маслото, а со тоа и повисок индекс на вискозност.
Адитиви за намалување на Точката на течење – Pourpoint
Точката на течење е најниска температура при која што маслото сеуште е течливо. Згуснувањето на маслото е поради кристализација на парафините што се содржани во базното масло која доведува и до зголемување на вискозноста. За спречување на овие појави се користат адитиви, кои создаваат голем број ситни и неповрзани кристали, коишто во помала мерка влијаат врз течливоста на маслото во споредба со големите и поврзани парафински кристали.
Адитиви против пенење
Подвижните делови, како коленастото вратило, клиповите, запчениците и сл. предизвикуваат интензивно мешање на маслото со водухот, што води кон пенење. Пената штетно влијае на целосната функционалност на системот за подмачкување и може да предизвика тешки дефекти.
Имате дополнителни прашања во поглед на изборот на средствата за подмачкување од нашата програма производи Lubex за Вашето возило или сакате да дознаете повеќе за својствата и функцијата на средствата за подмачкување? Нашите експерти со задоволство ќе одговорат на сите Ваши прашања.