За редуцирање на штетни издувни гасови
Водечката идеја на сите производи од нашата палета е максималната грижа за животната средина и редуцирање на штетните издувни гасови.
Соодветно на тоа, течноста AdBlue® е наменета за конверзија на издувните гасови од тешките моторни возила во безопасни соединенија (азот и вода) кои не влијаат негативно на средината, ниту на луѓето.

Зошто AdBlue®?
AdBlue® претставува течност која се користи во тешките моторни возила опремени со дизел мотор чии систем за третман на издувните гасови работи на принципот на Селективна каталитичка редукција (SCR – Selective Catalytic Reduction).
Во зависност од видот на возилото, условите на неговото користење како и од условите на патот потрошувачката на AdBlue® течноста, можно е да варира и се движи во распон од 2-6 vol% во однос на потрошувачката на дизел гориво т.е. 2-6 литри AdBlue® течност на 100 литри потрошено дизел гориво.
AdBlue® течноста која се дистрибуира на малопродажните објекти на Макпетрол е производ на реномирани европски производители носители на VDA сертификат. Течноста е пакувана и складирана во строго контролиран систем за контрола на квалитетот на секој од овие процеси поединечно, со што се овозможува гаранција за висок квалитет на AdBlue® течноста, согласно меѓународниот стандард ISO 22241-1:2006.