За нас

Инвеститори

Одржлив развој

Кариера

Медиа

Следете нè

Макпетрол АД – Скопје (Управна зграда)
Св. Кирил и Методиј 4, 1000 Скопје
+389 2 311 2144
contact@makpetrol.com.mk

СЀ НА ЕДНО МЕСТО

Со вкупно 126 станици со современа понуда на производи и услуги, Макпетрол АД располага со најголемата мрежа од бензински станици во Република Северна Македонија. Покрај тоа, во производите и услужните дејности на нашата компанија имаат доверба и многубројни деловни клиенти, оператори на возни паркови, шпедитерски и транспортни компании, обата македонски аеродрома и индустриски субјекти со различни дејности.

За Макпетрол

Уште од основањето, повеќе од седум децении, Макпетрол АД отсекогаш бил предводник во примената на новитетите во погонските горива, во унапредувањето на квалитетот на своите производи, како и во воведувањето на алтернативни погонски горива кои придонесуваат за поголема заштита на животната средина. На тој начин, во сите овие години ние успеваме да ја задржиме лидерската позиција во дистрибуцијата и прометот со нафтени деривати во Република Северна Македонија.

Порака од претседателот

Водечката позиција на нашата компанија во македонскиот сектор за енергетика се должи на постојаниот стремеж за унапредување на нашите производи и услуги. Овој континуитет го негуваме уште од основачките почетоци на Макпетрол АД, веќе седум децении. Денес сме особено горди на квалитетот на нашите производи, на високите стандарди на услугите и на иновациите што се движечка сила во секојдневното работење.

Нашето лого е гаранција дека тука ќе ги најдете производите и услугите во коишто ќе ги препознаете своите барања и ќе бидете задоволни од истите. За таа цел, ние ги обучуваме нашите вработени со особена грижа, со цел стручно да излеземе во пресрет на сите Ваши потреби и очекувања. Ние нудиме квалитетни горива според европски стандарди, благодарение на постојаниот развој и истражувања, секогаш во чекор со напредокот на автомобилската индустрија и енергетскиот сектор.

Грижата за животната средина претставува составен дел од проширувањето и осовременувањето на понудата од производи и услуги на Макпетрол АД.

Го презедовме првиот пионерски чекор во инвестирањето во магистралниот гасовод, за потоа да продолжиме со изградба на сопствена рафинерија за производство на биодизел. Со тоа, Макпетрол АД како единствен производител на чист биодизел, прв во државата го воведе биодизел горивото на македонскиот пазар на течни горива. Исто така, повторно први и единствени во државата, изградивме неколку современи станици опремени со постројки за полнење метан во возилата. Во следниот период претстои натамошно проширување на мрежата, како предуслов природниот гас да стане подостапен и пошироко применет како погонско гориво во транспортот.

Ние работиме секојдневно на исполнувањето на зацртаната цел – Макпетрол АД и во иднина да биде водечка енергетска компанија на македонскиот пазар, секогаш подготвена ефикасно да одговори на енергетските потреби на општеството и како досега да остане двигател на економскиoт сектор во Република Северна Македонија.

Претседател на У.О „Макпетрол“
Андреја Јосифовски

Историјат

1998 година

Стапување на македонската берза

Акционерското друштво преоѓа во целосна приватна сопственост, со акции кои котираат на Македонската берза.

1995 година

Завршеток на трансформацијата

Трансформација на Макпетрол АД од акционерско друштво во мешовита сопственост во трговско друштво во приватна сопственост, со што се заокружува процесот кој води кон уште поуспешен раст, развој и подем во нови насоки и нови полиња.

1990 година

Акционерско друштво

Организацијата на претпријатието преоѓа во Акционерско друштво во мешовита сопственост.

1989 година

Преоѓање во општествено претпријатие

Р.О. Макпетрол-Скопје се регистрира како општествено претпријатие (ОП) за внатрешна и надворешна трговија.

1980 година

Промена на името

Првобитното име на претпријатието се менува во Р.О. Макпетрол-Скопје.

1974 година

Проширување на дејноста

Претпријатието ја проширува својата дејност во областите на автотранспортот и шпедицијата. Начинот на организација преоѓа во работна единица (РО).

1947 година

Основање

Почетоците на Макпетрол АД датираат во 1947 година, кога е основано трговското претпријатие за промет со нафта и нафтени деривати Југопетрол-Скопје. Тогашното претпријатие брои 85 вработени и мрежа од неколку бензински станици.

МИСИЈА

Основна цел на „Макпетрол“ А.Д.-Скопје е да обезбеди квалитетно, сигурно и економично снабдување на македонскиот пазар со нафтени деривати, гас и био горива.

Макпетрол АД јасно ги идентификува потребите на купувачите и ги визуализира иновативните решенија со внимателно планирање и проактивна комуникација со цел да се постигнат најдобри резултати.

Во своето работење, Друштвото тежнее да обезбеди најдобри услуги за своите купувачи, квалитетни производи, добар стандард на своите вработени, доверба кај добавувачите и зачувување на животната средина.

„Макпетрол“ А.Д.-Скопје со своето работење се труди да придонесе за развој на економијата на општеството и за одржливиот развој во целина.

Традицијата на етичко и искрено водење во бизнисот е основата на која што се темели лидерска позиција на Макпетрол АД-Скопје на пазарот на нафтени деривати во Република Северна Македонија.

Стратешките цели што ги одредува нашиот врвен менаџерски тим се реализираат преку стручност, искуство и залагање на целиот работен персонал, во насока на постигнување на крајната цел, а тоа е задоволство и доверба на потрошувачите.

Макпетрол АД се фокусира доследно да ги следи највисоките стандарди за безбедност и да обезбеди секој работник да биде заштитен.

„Макпетрол” АД со својата развиена инфраструктура на складови и бензински станици повеќе од 7 децении ги снабдува со нафтени деривати стопанството и граѓаните на РСМ.

За таа цел континуирано се инвестира во техничкото и визуелното осовременување на своите објекти, како и во развојот на нови видови горива според европските норми за квалитет.

Ако минатиот век беше почеток на ерата на природниот гас и „Макпетрол” прв инвестираше во магистралниот гасовод, тогаш почетокот на овој век сосема му припаѓа на тандемот природен гас – биогорива. И покрај потешкотиите што вообичаено ги следат овие проекти, „Макпетрол” долгорочно го гради своето место во примената на овие енергенти.

Ваквата енергетска ориентација се одвива со практични мерки за зачувување на околината и принципите на општествена одговорност.

Сите овие активности во крајно заострени економски услови, се насочуваат кон потрошувачот што треба во крајна цел да ги процени овие напори и да ја даде довербата кон нашата компанија. Кон таа определба треба да е посветен секој вработен во Компанијата.

Тоа претставува гаранција дека „Макпетрол” и понатаму ќе биде водечка енергетска компанија на македонскиот пазар, секогаш подготвена да одговори на енергетските потреби на општеството и, како досега, ќе остане двигател на економскиoт сектор во Република Северна Македонија.

ВИЗИЈА

ВРЕДНОСТИ

Традицијата на етичко и искрено водење во бизнисот е основата на која што се темели нашата лидерска позиција на пазарот на нафтени деривати во Република Северна Македонија.

Нашата компанија јасно ги идентификува потребите на нашите клиенти и ги визуализира иновативните решенија со внимателно планирање и проактивна комуникација со цел да се постигнат најдобри резултати.

Нашата компанија се фокусира доследно да ги следи највисоките стандарди за безбедност и да обезбедиме секој работник да биде заштитен.

Нашата компанија нуди одлични услуги преку тимска работа, искуство, одговорност и иновативност, што се рефлектира во квалитетот на нашите резултати.

Нашата компанија постојано е во потрага на нови и иницијативни насоки во технологии, процеси и слично се со цел да ги задоволиме потребите на нашите клиенти па и да ги надминеме нивните очекувања.

Стратешките цели што ги одредува нашиот врвен менаџерски тим се реализираат преку стручност, искуство и залагање на целиот наш работен персонал, во насока на постигнување на крајната цел, а тоа е задоволството и довербата на нашите потрошувачи.

  • Мрежа од 126 бензински станици и мрежа на складови;
  • Сопствен бренд на горива и масла;
    Сопствен возен парк со најсовремена генерација автоцистерни;
  • Сопствени алтернативни горива: Биодизел Б6;
  • Примена на информатички базирани технички системи;
  • Систем за квалитет : Сопствена лабораторија за горива;
  • Систем за човечки ресурси: Постојано учење;
  • Меѓународна активност: World petroleum Council, International Gas Union, International Fuel Quality Center, Crans Montana Forum, World Congress of Entrepreneurs;
  • Општествена одговорност: Животна средина и хуманитарни акции.

МИСИЈА

Основна цел на  „Макпетрол“ А.Д.-Скопје е да обезбеди квалитетно, сигурно и економично снабдување на македонскиот пазар со нафтени деривати, гас и био горива.

Макпетрол АД јасно ги идентификува потребите на купувачите и ги визуализира иновативните решенија со внимателно планирање и проактивна комуникација со цел да се постигнат најдобри резултати

Во своето работење, Друштвото тежнее да обезбеди најдобри услуги за своите купувачи, квалитетни производи, добар стандард на своите вработени, доверба кај добавувачите  и зачувување на животната средина.

„Макпетрол“ А.Д.-Скопје со своето работење се труди да придонесе за развој на економијата на општеството и за одржливиот развој во целина.

Традицијата на етичко и искрено водење во бизнисот е основата на која што се темели лидерска позиција на Макпетрол АД-Скопје на пазарот на нафтени деривати во Република Северна Македонија.

Стратешките цели што ги одредува нашиот врвен менаџерски тим се реализираат преку стручност, искуство и залагање на целиот работен персонал, во насока на постигнување на крајната цел, а тоа е задоволство и доверба на потрошувачите.

Макпетрол АД се фокусира доследно да ги следи највисоките стандарди за безбедност и да обезбеди секој работник да биде заштитен.

ВИЗИЈА

„Макпетрол” АД со својата развиена инфраструктура на складови и бензински станици повеќе од 7 децении ги снабдува со нафтени деривати стопанството и граѓаните на РМ.
За таа цел континуирано се инвестира во техничкото и визуелното осовременување на своите објекти, како и во развојот на нови видови горива според европските норми за квалитет.
Ако минатиот век беше почеток на ерата на природниот гас и „Макпетрол” прв инвестираше во магистралниот гасовод, тогаш почетокот на овој век сосема му припаѓа на тандемот природен гас – биогорива. И покрај потешкотиите што вообичаено ги следат овие проекти, „Макпетрол” долгорочно го гради своето место во примената на овие енергенти.
Ваквата енергетска ориентација се одвива со практични мерки за зачувување на околината и принципите на општествена одговорност.
Сите овие активности во крајно заострени економски услови, се насочуваат кон потрошувачот што треба во крајна цел да ги процени овие напори и да ја даде довербата кон нашата компанија. Кон таа определба треба да е посветен секој вработен во Компанијата.
Тоа претставува гаранција дека „Макпетрол” и понатаму ќе биде водечка енергетска компанија на македонскиот пазар, секогаш подготвена да одговори на енергетските потреби на општеството и, како досега, ќе остане двигател на економскиoт сектор во Република Северна Македонија.

ВРЕДНОСТИ

Традицијата на етичко и искрено водење во бизнисот е основата на која што се темели нашата лидерска позиција на пазарот на нафтени деривати во Република Македонија.
Нашата компанија јасно ги идентификува потребите на нашите клиенти и ги визуализира иновативните решенија со внимателно планирање и проактивна комуникација со цел да се постигнат најдобри резултати.
Нашата компанија се фокусира доследно да ги следи највисоките стандарди за безбедност и да обезбедиме секој работник да биде заштитен.
Нашата компанија нуди одлични услуги преку тимска работа, искуство, одговорност и иновативност, што се рефлектира во квалитетот на нашите резултати.
Нашата компанија постојано е во потрага на нови и иницијативни насоки во технологии, процеси и слично се со цел да ги задоволиме потребите на нашите клиенти па и да ги надминеме нивните очекувања.
Стратешките цели што ги одредува нашиот врвен менаџерски тим се реализираат преку стручност, искуство и залагање на целиот наш работен персонал, во насока на постигнување на крајната цел, а тоа е задоволството и довербата на нашите потрошувачи.

  • Мрежа од 126 бензински станици и мрежа на складови;
  • Сопствен бренд на горива и масла;
    Сопствен возен парк со најсовремена генерација автоцистерни;
  • Сопствени алтернативни горива: Биодизел Б6;
  • Примена на информатички базирани технички системи;
  • Систем за квалитет : Сопствена лабораторија за горива;
    Систем за човечки ресурси: Постојано учење;