Како дел од стратегијата за одржлив развој и постојано модернизирање, Макпетрол продолжува да инвестира во решенија кои го поддржуваат современиот начин на мобилност. Во соработка со ЕВН Македонија, на избрани бензински станици низ Македонија се поставени полначи за електрични возила, овозможувајќи им на нашите клиенти брзо, сигурно и практично полнење на своите електрични автомобили.
Ова е само уште еден чекор во нашата мисија да создадеме почисто и подобро утре, со намалување на штетните емисии и поттикнување на користење еколошки превозни средства.
На бензинските со полначи за електрични возила, возачите го добиваат истото ниво на квалитетна услуга и удобност по кое е препознатлив Макпетрол, дополнето со опцијата да го наполнат својот автомобил додека одмораат, пијат кафе или ја завршуваат својата секојдневна рутина.

163 Бучила
- Приклучок: 2 x CCS
- Моќност: 150 kW
- Верификација на полнење: со RFID картичка / плаќање со кредитна картичка
- Индекс на заштита: IP 54
- Температурен опсег: -30 до +55 °С
- Стандард: ICE 61851-1 ed3, ID 61851-21-2, IEC 61851-23 ed 1, IEC 61851-24 ed 1, IEC 62196-2, IEC 62196-3, IEC 61000, DIN 70121
008 Визбегово

013 Куманово

046 Гевгелија
- Приклучок: CCS, CHAdeMO, Type 2
- Моќност: 100 kW, 50 kW, 22 kW
- Верификација на полнење: со RFID картичка / плаќање со кредитна картичка
- Индекс на заштита: IP 54
- Температурен опсег: -30 до +50 °С
- Стандард: Во согласност со стандард IEC 61851 Mode 3, CE сообразност
164 Неготино
- Приклучок: 2 x CCS
- Моќност: 120 kW