За нас

Инвеститори

Одржлив развој

Кариера

Медиа

Следете нè

Макпетрол АД – Скопје (Управна зграда)
Св. Кирил и Методиј 4, 1000 Скопје
+389 2 311 2144
contact@makpetrol.com.mk

Контакт за рекламации
reklamacii@makpetrol.com.mk

ИЗВЕСТУВАЊЕ до имателите на обични акции на Макпетрол АД Скопје

Се известуваат сите иматели на обични акции дека, Друштвото согласно Одлуката број 0201-37/2-4 од 28.5.2024 година, донесена на XXVIII-мото годишно Собрание на акционери, ќе врши исплата на дивиденда во пари, во бруто-износ од 3.700 денари по акција, со датум на пресек на акционерската книга 18.6.2024 година.

Се известуваат акционерите кои немаат доставено податоци за трансакциската сметка, а заради исплата на дивиденда, да ги внесат во Образецот кој е прилог на ова Известување, и истиот своерачно потпишан да го достават до:

 

Макпетрол АД – Скопје

ул. „Свети Кирил и Методиј“ бр.4,

1000 Скопје

со назнака „за Сектор за финансии – за Акционерска книга“,

или на следните e-mail адреси:

marija.ljubinovska@makpetrol.com.mk

ljubica.tasheva@makpetrol.com.mk

 

Се повикуваат акционерите – физички лица да ги ажурираат своите податоци, вклучувајќи ја и адресата на живеалиштето, во Централниот Депозитар за Хартии од вредност. Истата ќе се користи за уредна достава на пресметката на данокот на доход, на кој подлежи исплатата по основ на дивиденда.

 

Образец за пополнување на лични податоци за исполнување на права по основ на сопственост на акции

 

Дополнително акционерите – физички лица, кои не се запишани во евиденцијата на УЈП како даночни обврзници, да преземат соодветни мерки за нивно запишување согласно процедурите на УЈП.

Сите дополнителни информации можат да се добијат на следните телефонски броеви:

02/ 3146 – 484

02/ 3146 481

                                    Макпетрол АД Скопје