Почитувани,
Соочени со овој голем предизвик за зачувување на здравјето на нашите граѓани од пандемијата со вирусот „Ковид-19“, а целосно следејќи ги потребите на Владата на Република Северна Македонија и Министерството за здравство, за формирање државни карантини за населението, Макпетрол АД одлучи да го стави на располагање хотелот „Макпетрол“ во Маврово, кој располага со сместувачки капацитет од 40 двокреветни соби за граѓаните којшто ќе користат легло за изолација или карантин.
Целосно сме подготвени за соработка со надлежните државни институции и спроведување на сите стандарди кои ќе бидат потребни за безбедно и соодветно менаџирање на капацитетите во својство на карантин.
Како општествено одговорна компанија сакаме да придонесеме кон создавање на услови кои ќе овозможат ефикасно справување со кризата која целосно го смени начинот на функционирање на нашата држава, но и на целиот Свет.
Останете дома! Спасете живот!
Со почит,
Макпетрол АД