Затоа што безбедноста е наш приоритет
Лабораторијата има јасно дефинирана политика за квалитетот, чија основна цел е да обезбеди квалитет на резултатите од лабораториските тестирања што ги исполнуваат и ги надминуваат барањата на корисниците.
2005 г.
Акредитација од UKTS
2006 г.
Акредитација од ИАРМ
Лабораторијата на Макпетрол АД работи во согласност со стандардот
MKS EN ISO/IEC 17025, притоа спроведувајќи ги сите меѓународни стандарди.
Квалитетот на лабораториските услуги се постигнува со контрола во сите аспекти на лабораториското работење, а преку учество во меѓулабораториски споредби (Proficiency Testing) се обезбедува оценка за лабораториската изведба, професионалност и компетентност.
Лабораторијата има квалификуван и обучен персонал и располага со опрема за тестирање што е во согласност со стандардните тест методи за нафтени деривати, биодизел и антифриз, и тоа: бензин, дизел, биодизел, ЈЕТ-А1, авиобензин, мазут, ЕЛ, масла, ТНГ и антифриз.
Листа на акредитирани тест методи