МАКПЕТРОЛ СО НОВИ УСПЕСИ
Во финалниот дуел од оваа сезона на Бизнис Лигата силите ги одмерија екипите на МАКПЕТРОЛ и УНИКА.
Силно мотивираната екипата на МАКПЕТРОЛ прикажа шампионски фудбал и со недостижен резултат од 5:1
ја надигра одличната екипа на УНИКА. Сите играчи на МАКПЕТРОЛ беa на ниво на задачата и тимски, заедно
допринесоа за ваквиот резултат на финалниот натпревар.
Покрај шампионскиот пехар, за оваа сезона беа доделени и следните награди, односно пехари на:
Мишо Ѓорѓиески – најдобар играч, Никола Секулоски – најдобар сталец, Наум Таулоски – најдобар голман и
Илчо Филипоски – најдобар тренер, сите од екипата на МАКПЕТРОЛ. Овие заслужени награди го покажуваат
високиот квалитет на екипата на МАКПЕТРОЛ и се истовремено поттик за постигнување на уште поголеми
резултати во идните натпревари од Бизнис Лигата.