Обновена и пуштена во употреба бензинската станица во Македонски Брод
„Макпетрол“ АД е компанија која постојано се труди да ги задоволи потребите на своите потрошувачи и да им овозможи квалитетно, сигурно и економично снабдување со нафтени деривати, гас и био горива.
Токму поради тоа, во изминатиот период, „Макпетрол“ АД, најголемиот дистрибутер на горива во државата, постојано инвестира во обнова на своите бензински станици, со цел подобрување и осовременување на својата мрежа на услужни објекти.
Овој пат, со работа започна да работи обновената бензинска станица, лоцирана во Македонски Брод. Станицата сега доби современ и функционален изглед, задоволувајќи ги највисоките технички и безбедносни стандарди. Достапност кон квалитетните производи и услуги потрошувачите имаат секој ден во неделата, од 06:00 часот наутро, па се до 22:00 часот.
На бензинската станица се достапни сите квалитетни горива на „Макпетрол“ од новата генерација ULTRA горива базирани на технологијата Dual Action Technology, вклучувајќи и течниот нафтен гас за возила (ТНГ), а во продажниот објект на бензинската станица на потрошувачите им стои на располагање широк избор на производи од дополнителниот асортиман.
Со почит,
„Макпетрол“ АД