ГРИЖАТА ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА Е ОБВРСКА НА СЕГАШНИТЕ И ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ

Стандарди
МАКПЕТРОЛ АД, како најголема трговска компанија за промет со нафтени деривати и гас во Република Северна Македонија, покрај почитувањето на општествените правила и релевантната законска регулатива, своето работење го темели на воведување на стандардите:
Стандарди
МАКПЕТРОЛ АД, како најголема трговска компанија за промет со нафтени деривати и гас во Република Македонија, покрај почитувањето на општествените правила и релевантната законска регулатива, своето работење го темели на воведување на стандардите:

Животна средина
“Макпетрол” АД е компанија која како правно лице, со нејзиниот предмет на работа и дејствување, е вклучена во сите области на животната средина, поради тоа континуирано се усогласуваме со законската регулатива на Р.С.Македонија од областа на животната средина. Деталната следливост на законската регулатива е дефинирана во документите на ИМС (интегриран менаџмент систем).
Согласно со законската регулатива “Макпетрол” АД е обврзан да обезбеди елаборати за сите објекти да за оцена на влијанието врз животната средина (EIA). Во рамките на оваа обврска, за сите бензински станици и складови изработени се елаборати и се добиени согласности од Министерството за животна средина и просторно планирање. Овие елаборати јасно покажуваат дека објектите на “Макпетрол” АД се со современи технички и функционални содржини, како и со предвидени мерки за заштита на животната средина.

Општествена одговорност
Животот во општествените сфери, кога станува збор за бизнис активности, сe повеќе подразбира општествена одговорност. „Макпетрол“ АД активно се вклучува во делот на зголемување на квалитетот на општественото живеење. Здравјето и безбедноста на своите вработени, како и на граѓаните, спаѓаат во редовните активности.

Заштита од пожари и
експлозии
„Макпетрол“ АД – Скопје како компанија која за основна дејност има трговија на мало и големо со нафтени деривати и придава голема важност на заштитата од пожари и од експлозии. Заштитата од пожари и експлозии се планира, организира и се спроведува во сите средини, во сите објекти и на сите места, во сите организациони единици на „Макпетрол“ АД – Скопје, со превентивни и со оперативни мерки.

Заштита од пожари и
експлозии
„Макпетрол“ АД – Скопје како компанија која за основна дејност има трговија на мало и големо со нафтени деривати и придава голема важност на заштитата од пожари и од експлозии.
Заштитата од пожари и експлозии се планира, организира и се спроведува во сите средини, во сите објекти и на сите места, во сите организациони единици на „Макпетрол“ АД – Скопје, со превентивни и со оперативни мерки.

„Макпетрол“ АД – Скопје, во делот на заштитата од пожари и експлозии, особено ги врши следниве работи:
• го следи донесувањето нови закони, како и измените и дополнувањата на постојните закони, техничките прописи и стандардите од областа на заштитата од пожари и експлозии и предлага нивна имплементација;
• организира и спроведува стручно оспособување и проверка на знаењето на работниците кои работат на складирање и дејствата сврзани со складирањето запаливи течности и гасови;
• организира и спроведува стручно оспособување од областа на товарење или истовар или други постапки во врска со товарењето или истоварот (наточување, претовар, преточување, источување,чување) на опасни материи;
• подготвува нови и ги ажурира постојните упатства за работа од аспект на заштита од пожари и експлозии;
• организира и спроведува функционални проби на стабилните системи за заштита од пожари и експлозии;
• организира и спроведува тактичко показни вежби за гаснење пожари за вработените во „Макпетрол“ АД – Скопје;
• соработува со надлежните инспекциски служби за заштита и за спасување, со територијалните противпожарни единици, доброволните противпожарни друштва и со професионалните противпожарни единици од соседните правни лица, заради подобрување на заштитата од пожари и експлозии во Друштвото;
• поставува знаци за предупредување и забрана на дејства од кои може да настанат пожари и експлозии во објектите во коишто се произведуваат, преработуваат, складираат и се користат запаливи течности и гасови и т.н.
Бензинските станици на „Макпетрол“ АД – Скопје имаат на видно место истакнати упатства за постапката во случај на пожар и во случај на неконтролирано истекување
Според Правилникот за организација и за систематизација на работните места во „Макпетрол“ АД – Скопје, работите од областа на заштитата од пожари и експлозии ги врши Секторот за безбедност.
Секторот за безбедност е централна служба во „Макпетрол“ АД – Скопје и истата е организирана и функционира во рамките на Дирекцијата големопродажба.
МАКПЕТРОЛ АД, како најголема трговска компанија за промет со нафтени деривати и гас во Република Северна Македонија, покрај почитувањето на општествените правила и релевантната законска регулатива, своето работење го темели на воведување на стандардите:
- Во мај 2004 година го сертифицира Системот за управување со квалитет согласно со меѓународниот стандард ISO 9001;
- Во јуни 2007 година го сертифицира Системот за управување со животната средина според меѓународниот стандард ISO 14001;
- Во август 2009 година хотелите на Макпетрол во Струга и во Маврово, меѓу првите во Р. С. Македонија, се сертифицираа согласно со меѓународниот стандард ISO 22000;
- Во мај 2014 година го сертифицира Системот за управување со безбедност на информации согласно со меѓународниот стандард ISO 27001.
- Во август 2019 година МП се сертифицираше со Системот за управување со здравје и безбедност при работа согласно со меѓународниот стандард ISO 45001.
Со воведувањето на новите верзии на стандардите ISO 9001 и ISO 14001, во 2015/2016 година беа направени измени во интегрираниот систем за квалитет, животна средина и безбедност на информации согласно со барањата на ISO 9001:2015 и ISO 14001:2015. На тој начин, „Макпетрол“ АД е една од првите компании во Р. С. Македонија што се сертифицира според ISO 9001:2015 и ISO 14001:2015.
Управувањето со ризици е дел од секојдневното работење во „Макпетрол“ АД. За да се обезбеди континуирано подобрување и како барањe на стандардите ISO 9001:2015, ISO 14001:2015 и ISO 27001:2013 овој процес подразбира секојдневно идентификување, анализирање, евалуација и третирање на ризиците. Со цел обезбедување континуитет во деловното работење, изработени се Анализа на влијанијата врз работењето и Планови за деловен континуитет на процесите.
Сертификатите за усогласеност на Системот за квалитет и животна средина со ISO 9001:2015 и ISO14001:2015 и Системот за безбедност на храна со ISO 22000:2005 се издадени од страна на сертификационото тело Qality-Austria, акредитирано од IQNet -The International Certification Network. Сертификатот за усогласеност на Системот за безбедност на информации со ISO 27001:2013 е издаден од CIS-Certification & Information Security Services.
Во ноември 2013 година, фабриката за производство на биодизел ФАМЕ, успешно го имплементира и се сертифицира според системот ISCC (International Sustainability and Carbon Certification). Во фабриката за производство на биодизел ФАМЕ, од страна на SGS се вршат сертификациони проверки секоја година. Покрај тоа фабриката за производство на биодизел ФАМЕ, поседува А-интегрирана еколошка дозвола со број бр.11-713/2 од 09.03.2010 година, издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање.
Со цел запазување на најдобрите практики во процесите, МАКПЕТРОЛ АД континуирано работи на унапредување на Интегрираниот менаџмент систем (ИМС), Системот за безбедност на храна и на постојните процеси. Редовно се вршат интерни и екстерни проверки на Системот за квалитет, животна средина и безбедност на информации и на Системот за безбедност на храна за да се потврди усогласеноста на работењето со меѓународните стандарди ISO 9001, ISO 14001, ISO 27001 и ISO 22000.