За нас

Инвеститори

Одржлив развој

Кариера

Медиа

Следете нè

Макпетрол АД – Скопје (Управна зграда)
Св. Кирил и Методиј 4, 1000 Скопје
+389 2 311 2144
contact@makpetrol.com.mk

Активно вклучени во зголемување на квалитетот на општественото живеење

Животот во општествените сфери, кога станува збор за бизнис активности, сe повеќе подразбира општествена одговорност. „Макпетрол“ АД активно се вклучува во делот на зголемување на квалитетот на општественото живеење.
Здравјето и безбедноста на своите вработени, како и на граѓаните, спаѓаат во редовните активности.

Global Compact

Макпетрол АД го базира пристапот кон својот одржлив развој врз принципите на транспарентност и напредок. Во 2004 година, преку Global Compact на Обединетите нации, се обврза да ги поддржува и да ги претвори во закони десетте принципи за човекови права, работничките права, човековата средина и борбата против корупцијата.

Кугларски клуб

Кугларскиот клуб „Макпетрол” постои веќе 30 години. Основан е со Одлуката на дел од вработените на РО „Макпетрол” преку Синдикатот, од којшто во тоа време е и финансиран, а во него членувале само вработените.

Карате клуб

Карате клубот Макпетрол е основан на 5.3.1997 година и постои повеќе од 25 години. За овој временски период од своето постоење, тој стана најреномиран, најуспешен и најтрофеен клуб во Р. С. Македонија и како таков влезе во историјата на карате спортот. 

Карактеристично за Карате клубот Макпетрол е тоа што секогаш има тимови што се натпреваруваат во женска и во машка конкуренција. Тимовите се застапени во сите возрасни категории во дисциплините кати и борби. Карате клубот Макпетрол, скоро секоја година го носи приматот на најуспешен клуб од државните првенства во севкупен, односно генерален пласман за спортисти кои се натпреваруваат во сите возрасни категории од пионери до сениори.

Карате клубот Макпетрол продолжува успешно да се преставува на домашната, европската и светската сцена. 

Крводарители

Друштвото на крводарители на „Макпетрол” постои од 1976 година и за овој период, како хуманитарно друштво, покажа посебни резултати во дарувањето крв, што се гледаат во секоја акција што ја организираме во Управната зграда, а на која крв даруваат по 70-80 крводарители.