За нас

Инвеститори

Одржлив развој

Кариера

Медиа

Следете нè

Макпетрол АД – Скопје (Управна зграда)
Св. Кирил и Методиј 4, 1000 Скопје
+389 2 311 2144
contact@makpetrol.com.mk

Благодарница за „Макпетрол“ АД од Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски

„Макпетрол“ АД, како компанија со 75 годишна традиција верува дека општествената одговорност на компаниите има голем придонес во развивање на општеството и во обезбедувањето на квалитетен живот на граѓаните.

Токму затоа, ни претставува огромно задоволство и чест што на вчерашната свечена академија, по повод 60-ти годишен јубилеј на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, на компанијата „Макпетрол“ АД и беше врачена Благодарница за посебен придонес во развој на клиниката.

Веруваме дека со вакви проекти, приватниот  и јавниот сектор во државата заеднички може да создадат похумано секојдневие за граѓаните и партнерски да напредуваме како општество. Овие корпоративни вредности се врежани во секојдневното планирање и работење на компанијата, што ја докажува и нашата определба да продолжиме и понатаму со уште поголем интензитет“.

„Макпетрол“ АД Скопје ќе продолжи со својата заложба да вложува во општествено одговорни проекти, бидејќи веруваме дека големината на една успешна компанија е токму во несебичните постапки кои можат да го подобрат целокупното живеење во нашата држава.

 

Со почит,

„Макпетрол“ АД Скопје